МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Нема засега информации за нова сезона Преспав. Прерано е. Доволно е 4 сезони се направија сите заплети и расплети можни. 4та сезона веќе почна да бега од темата. Во секоја епизода друг бизнис отвораа и во круг. Глуп потез е враќањето на Владо Јовановски.
Во која епизода се враќа Владо?
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.507
Поени од реакции
678

Не ја гледав последната епизода ,мое мислење е Владо е далеку подобар глумец за оваа серија ,Игор премногу вештачки го глумеше ликот
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Во која епизода се враќа Владо?
Во последната епизода што се емитуваше пред некој ден
Автоматски споено мислење:

Последната од оваа сезона
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Во последната епизода што се емитуваше пред некој ден
Автоматски споено мислење:

Последната од оваа сезона
Ама само на крајот го давале.
Прашав чисто зошто Преспав го следев само неколку епизоди од првата сезона и ликот на Владо навистина беше интересен и одлично го одглуми тој стереотип на Македонец.Знам дека после случувањата во собрание Игор дојде на негово место па ме чуди што се вратил.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
A koga ke pocne nova sezona ili zavrsi komplet serijata nema li da ima drugi sezoni ?

Може и ќе снимаат нова сезона.
Гледате дека срамежливо го вратија Владо Јовановски во серијата во последна епизода од 4 сезона.
И тоа на каков начин го вратија?

Во антички стил, на коњ качен со антички симболи.
Симболиката е јасна од страна на режисерот и продукциската куќа од серијата, во случај после изборите да има политичка промена на власта во државата, си прават од продукцијата терен со враќањето на Владо Јовановски во серијата. Играат на карта дека очекуваат после избори промена на власта во државата и однапред се умилкуваат со овој потег со Владо Јовановски.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
601
Поени од реакции
487
Не сум сретнал досега некоја државна телевизија од Европа, да пренесува американска хокеј лига.
Се надевам дека наскоро МТВ ќе ја пренесува и нивната безбол и рагби лига.
Затоа и ја плаќаме!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
За тебе може и хокеј на трева друже, само посакај.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Исто така и второразредна утакмица фудбал Француски во сабота во прајмтајм 20:00
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Не сум сретнал досега некоја државна телевизија од Европа, да пренесува американска хокеј лига.
Се надевам дека наскоро МТВ ќе ја пренесува и нивната безбол и рагби лига.
Затоа и ја плаќаме!

МТВ или МРТ од 2002 наваму тотално тоне во секој поглед. Причина за тоа е што до тој период МТВ имаше право да емитува реклами колку сака на програмата и имаше пари за колку толку солидна содржина. После тоа им забранија реклами да имаат, реклами имаа право само приватните А1 и Сител, плус се појавија неколку "бизмисмени" со локални Скопски тв Канал 5, Телма, спортска тв 4 канал, и почна падот на МТВ.
До 2002 се држеа како така со програмска содржина.
Почнаа во 2002 со губење на НБА лига ( ја вратија оваа сезона), во 2004 изгубија Премиер лига преноси, после некое време изгубија од Канал 5 и Лига на шампиони ( Игор Филевски беше активен тие 3 години на Канал 5 со топки), па ја вратија Лига шампиони со преноси само во Среда па еве неколку години ниту во Среда нема ЛШ на МРТ.
Штета онолкава зграда и потенцијал со простор за огромни тв студија за големи тв проекти и емисии ама добар дел од тоа користат разни државни институции со канцеларии за се и сешто, меѓу другото и пасоши, возачки дозволи се прават во зграда на МРТ. Резил. Пример во 2004 година квизот Милионер едно време се снимаше во Софија во студиото на Бугарската верзија на Милионерот, дека во Скопје немаше толкаво студио за тоа. После некое време Милионерот се снимаше во зградата на фабриката Охис, а толкава зграда на МРТ е узурпирана од министерства и државни органи.
До 2002 околу 18 -19 часот почнуваше на МТВ 2 програмата на Македонски јазик и имаше натпревари од домашните првенства во кошарка, одбојка, ракомет во машка и женска конкуренција, во Вторниците имаа воведни емисии насловени како Фудбалска вечер за ЛШ и еден пренос и една снимка од ЛШ, а во Средите имаа емисии Спортска Среда. А на МТВ 1 си одеа Американски серии и филмови како и латино сапуници имаше, поквалитетни колажни емисии имаше во тој период отколку денес. Имаше и домашни серии.
Е да, ружно беше што знаеја во тој период до 2002 седници од Собрание да ставаат на МТВ 1 и по цел ден одеа долги собраниски седници н првиот канал.

Сето ова траеше додека МТВ 2 не прејде целосно како канал на етничките малцинства како продолжение на рамковниот.
 
Сите добри водители од земјава кариерата ја започнуваа во МТВ. И кога полека народот престануваше да плаќа претплата, еден по еден пребегнуваа во приватните телевизии. Во МТВ останаа само оние кои никој не ги бараше. Единствено Живкица се врати, веројатно дека забавни емисии на другите телевизии не се прават, а емисија каква што наумила да прави овој пат, може само на МТВ.
Јас мислев дека кога пред некои 6-7 години (кога го направија новото студио за вести) ќе тргнат напред, ама ништо, сеуште тонат. Мислев дека купиле нова опрема, ново светло, ама ништо. Утринската програма им личи на вечерна. Сеуште го имаат концептот од деведесетите кога по секои два прилога пуштаа песна. Очај.
А што се однесува до спортот, ако до толку немаат пари за квалитетна лига, неможе тие што ги имаат да ги трошат на хокеј! Тоа е недозволиво.
Вториот канал е исто така пропаст за телевизијата. Еден ист филм или спортски натпревар се емитува во исто време на Прва и Втора. Незнам дали во овој случај се плаќаат авторски права два пати или еднаш. Како и да е на вториот канал не смее да се емитува купена програма.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Сето ова траеше додека МТВ 2 не прејде целосно како канал на етничките малцинства како продолжение на рамковниот.
Сегашниот распоред на програма на МТВ 2 е само 2 часа днвно малцински. Останатите 22 часа е албански.
од тие 2 саата секој ден е посветен на едно малцинство (без Албанците) од кои 1 саат се вести а 1 саат културна програма или филм. По конкретно кај Србите и Бошњаците тој еден саат е исполнет со интервјуа од и за некоја позната личност од тој етнос. Турците најчесто даваат турски серии или документарец за некој историски настан или место во Турција.На Власите и Ромите никогаш до сега им ја немам фатено нивната програма шо нема да ме изненади и да е укината.
Толку од МТВ 2 дека е канал на етничките малцинства.
Автоматски споено мислење:

Еден ист филм или спортски натпревар се емитува во исто време на Прва и Втора. Незнам дали во овој случај се плаќаат авторски права два пати или еднаш. Како и да е на вториот канал не смее да се емитува купена програма.
Мислам дека истиот натпревар еднаш се плаќа , само што во 2 студија има емисии(на мак и алб) и двајца коментатори го коментираат на двата јазика.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Јас ретко кога да фатам на МРТ 2 програм на српски и босански и се изненадувам кога ќе слушнам нешто на тој јазик. Албанците највеќе добиваат програм.

Шпиците на МРТ 2 се со лого на кој пишува RTVM 2 што најверојатно на албански е пишана кратенката Македонска радио телевизија. Додека пак логото си е на кирилица македонски МРТ 2 и е доста помалечко од на МРТ 1.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom