МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.518
Стварно знае некој дали е укината влашката програма на МРТ 2?

Порано тераше исто еднаш у неделата по саат време, мислам дека у Сабота беше.

Сите кои ги познавам МРТ2 ја викаа албанската само јас влашката :icon_mrgr:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Море капитализам, како стигнало до 2090 ќе има пакети за телевизи

Сакаш да гледаш МТВ? Ќе си платиш 300 месечно

Сакаш и МТВ и Сител? 290 од телевизија
Сакаш и МТВ и Сител и Канал 5? 280 од телевизија

И така ќе постојат телевизииве, посебно за све си плаќаш....

Што? Ќе гледате на интернет во 2090?
Ќе стигне капитализмот и фашизмот и тука

Сакаш филм да гледаш на торент?
Лапај си 500 евра казна
Што? Фудбал стрим си нашол нелегален? Лапај си 500 евра казна

И нормално "паметните луѓе" ќе кажат "Toa e, vaka e vo cel svet uste od 2019ta, nie docnime, zaoastanati sme sakame sve evtino haha ili si pameten i trosis 500 evra mesecno na netflix, disney i amazon....ili si shupak i torentiras haha toa e siromasni glupaci hahaa, uste ziveete vo 2019 vie, ne mozeme vo EU da vlezeme so vaka zaostanati lugje"
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
МТВ од утре ќе започне со реприза на сите епизоди од "Бушава Азбука".
Потег за поздравување, да не акаат децата по улици во ова кризно време.
 

Attachments

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.518
А децава баш па бушава азбука ќе гледаат сега кога се веќе преокупирани со интернет и разни срања по јутуб и тик ток.
Сепак го поздравувам потегот.

Чуден народ сме, како мал знам луѓето околу мене стално се бунеа дека МТВ се истите работи ги репризира, треба да се модернизира, за па по неколку години од кога престана да ги дава детскити серии и општо играни и сериски филмови почнаа да зборуваат како децата не знаат сега колку порано имало убави работи, сега ништо не се снимало, порано се снимало повеќе.

Арно викаше Заев дека ни треба камшикар.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Прво нека и направат преработка (remastered) во HD па после воопшто и нека ја пуштат.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.740
Поени од реакции
1.166
Прво нека и направат преработка (remastered) во HD па после воопшто и нека ја пуштат.
Треба да ја преснимат со модерни теми поштп пола од раборите денешниве деца не ги разбираат и нормалнп ќе изгубат интетес.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Треба да ја преснимат со модерни теми поштп пола од раборите денешниве деца не ги разбираат и нормалнп ќе изгубат интетес.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Како што пиша предходно Илко денешниве деца телевизија не гледаат. Ете се снимија нова верзија на Дајте музика и не верувам дека многу деца гледале тоа на телевизија. Гледаноста е повеќе благодарение на тоа што ја ставиле и на Јутјуб.

Исто така имаше МРТ пред некоја година модерна серија за азбуката АШ или како и да се вика. Прашајте деца дали знаат за оваа серија сигурен сум одговорот ќе биде НЕ.
Ни на Јутјуб таа серија мислам ја нема.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.518
Како што пиша предходно Илко денешниве деца телевизија не гледаат. Ете се сними нова верзија на Дајте музика и не верувам дека многу деца гледале тоа.
Погрешно им е тоа што сакаат да "воскреснат" некој серијал од порано, наместо да им текне нешто ново.И ја не сум ја сакал многу бушава азбука, туку сум ја гледал кога надвор не било времето добро за играње и немало ништо поинтересно ама затоа за тоа кога го даваа Рабробил престанував да дишам и наредните 20 минути уста не отварав.Ама пак дека како деца по 8,9 години повеќето сеуште немавме пц и мобилни телефони како денешните деца, затоа и сме се палеле на Рабробил толку, не верувам дека денешните деца на таа возраст би гледале нешто слично во некоја понова верзија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
И филмовите на Манчевски на МРТ 1. ТВ премиера ќе има и Бикини Мун.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Бидејќи се затворени училиштата и градинките од понеделник на МРТ со помош на ОХО, Уницеф и Министерството за образование и наука емисија ТВ УЧИЛНИЦА
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
606
Поени од реакции
491
Погрешно им е тоа што сакаат да "воскреснат" некој серијал од порано, наместо да им текне нешто ново.И ја не сум ја сакал многу бушава азбука, туку сум ја гледал кога надвор не било времето добро за играње и немало ништо поинтересно ама затоа за тоа кога го даваа Рабробил престанував да дишам и наредните 20 минути уста не отварав.Ама пак дека како деца по 8,9 години повеќето сеуште немавме пц и мобилни телефони како денешните деца, затоа и сме се палеле на Рабробил толку, не верувам дека денешните деца на таа возраст би гледале нешто слично во некоја понова верзија.
За тие што растеле во осумдесетите, Бушава азбука е закон. Исто така и за тие како мене кои растеле во деведесетите. Јас прв пат од тебе слушам за Рабробил. Веројатно си растел по 2000 година, во време на интернет и кабелска. Во деведесетите, Бушава абука ја репризираа секоја или секоја втора година во Ѕвон. Тогаш, Ѕвон сите ученици од основно гледаа редовно. Сегашниве не ни знаат дека постои емисија со такво име. Ова сегашново е ѓубре и треба да се укине.

Сакал, несакал, Бушава азбука е најдобра емисија за учење азбука, и досега никој не направил подобра. А имаат правено сите државни балкански и пошироко телевизии.

Проблемот е што децата повеќе не се на школо, па МТВ се сети дека ќе ја репризирале. Глупости. Еве гледам повеќето балкански земји со само неколку дена подготовка, веќе почнаа да емитуваат специјална школска програма, а наставниците ќе им пишуваат оценки во електронските дневници, а нашава МТВ и Министерство за образование незнам што мислат дека прават. Ова погоре видеото од ТВ Училница, не верувам дека ќе биде според наставниот план за сите одделенија. Повеќе би биле некакви општи работи од кои нема да може да се оценуваат учениците, а кризата со вирусот ќе потрае.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.518
Тоа и го мислев, на денешните деца нема шанси да им е интересна Бушава Азбука, ни мене кој сум роден крајот на 99 година не ми била никогаш нешто посебно и како шо кажав сум ја гледал многу ретко.Ете тој проект можеби че биде подобар за децава сега ама не знам зошто мислам дека за денешниве деца ништо повеќе не може да им привлече внимание на телевизија и проекти од ваков тип.Имам 5,6 братучеди на возраст од 6 до 11,12 години и сите се тотално незаинтересирани за ништо освен за јутуб, тик ток, таблети и разно разни срања од песни.
Според мене некако се губи фазата детство, ако мене ми било интересно да гледам Рабробил до некој 12 години на овие сега истото би им здосадило за ден, два, на 12 години веќе се однесуваат како ние на 15,16, нормално во негативна смисла, не дека се попаметни за 4 години него што сме биле ние.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
TВ Училнца добар проект и мислам треба да остане и после откако ќе почнат да одат децава во школо и градинка. Сепак мислам РТС на подобар начин ваквиот проект го има реализирано, скоро цел ден образовна програма.

Сега е време МРТ да пуштат нов канал и на тој да оди образовна програма на повеќето јазици. Да децата денес не ги интересира телевизија но колку толку некој од родителите или од блиските ќе пушти ќе проба да ги натера нешто да гледаат.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.518
TВ Училнца добар проект и мислам треба да остане и после откако ќе почнат да одат децава во школо и градинка. Сепак мислам РТС на подобар начин ваквиот проект го има реализирано, скоро цел ден образовна програма.

Сега е време МРТ да пуштат нов канал и на тој да оди образовна програма на повеќето јазици. Да децата денес не ги интересира телевизија но колку толку некој од родителите или од блиските ќе пушти ќе проба да ги натера нешто да гледаат.
Тешко ама сепак треба да се вложи во тоа.Кога веќе 2 канал е мултиетнички(ама ако гледаме искрено каналот е и повеќе од албански) требало уште тогаш, пред 15 години да биде посветен само кон програми за деца од сите мултиетнички заедници.
Вака и со тоа се направило грешка, наместо да се создадат услови за развивање на тој соживот (барем кај децата) за кој "лаат" 20 години они ги жртвуваа сите останати помали етнички заедници во име на албанската и денеска 95% од програмата е на албански јазик.


ПС:Праваш и пред некое време дали знае некој дали сеуште во Сабота(или кој ден и да беше) има програма на влашки јазик или е укината?
Нека пише некој ако има било каква информација.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Оваа емисијава Тв училница ја фатив на МРТ 2 и на турски јазик а еднаш и на албански.

Туку она со театрите мислам најдобро ќе беше да се реализира на МРТ 1.
Еден ден театарска претстава од МНТ еден ден од Театар Комедија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom