МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Добра анализа. Еве нешто за почеток да кажам мое мислење зошто овде се отворени многу поттеми.

= Спортот е многу голем проблем за МТВ зошто постои само еден канал на македонски јазик, третиот како и да не постои. Луѓето не го ни сметаат за канал веројатно не знаат ни на кој број им е на далечинскиот, а би требало да е на број 3. Спортот мора да биде целосно отстранет од првиот канал и да се префрли на вториот кој пак треба да биде целосно на македонски, затоа што страда и онака оскудната програма на македонски јазик. Идејата за два аудио сигнали исто како што е со собраниските седници е одлична.
= Програмата на малцинствата со исклучок на живите емисии (но задолжително за вестите) исто така мора да биде титлувана на македонски. Албанската редакција бара 90 нови вработувања. Ете можност да се вработат лица кои ќе ја преведуваат програмата.
= Утринска програма на албански јазик (не знам дали моментално ја има) е непотребна, бидејќи се фрлаат пари непотребно.
= Титлување на вестите и на програмата која се емитува на македонски јазик која не е во живо, треба да е задолжително. Незнам зошто до сега тоа не е направено, а имаат повеќе од 800 вработени. Па што ли работат тие 800 лица, затоа што единствено произведуваат :гомце::гомце::гомце:. Осумсто :гомце: секој ден.
= Во текстот пишуваше дека купиле најнова опрема!!! Ако МТВ има “најнова“ опрема, зошто тогаш сликата и тонот на хрватската и на словенечката државна телевизија се подобри од нашите? Каква тогаш опрема имаат тие ако нашата е “најнова“?
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Како и се во државава што е фалш, па така и ова со воведувањето на нов канал, изгледа некој без никакво образование ги прави плановиве за развој на МРТ. Еве да се направи анкета колку се гледа МРТ 2 од страна на Албанците да видиме. Сигурен сум дека МРТ 2 ќе биде на последното место. Исто така и 100% сум сигурен дека доколку се стави превод на албански јазик на МРТ 1 и еве да речеме дадат некој добар нов филм, многукратно ќе им се зголеми гледаноста доколку истиот филм оди на еден канал со избор за превод. Па 21 век сме јбг. Исто и со спортот 2 канали окупираат со една иста работа само поради јазикот, и после сакаат гледаност? Па не сакаат сите фудбал, кошарка или Ф1 да гледаат, сакаат и некоја серија/филм да гледаат другите. Со воведувањето на овие работи отстрануваат 5 други проблеми не знам како се уште тоа го немаат увидено. Но нормално за тоа покрај техника кој верувам дека не е најдобра ама па и не е најлоша може да се направи но фалат млади луѓе кои сепак имаат осет за ваква работа. 50-60 годишен нема многу разлика да ти прави меѓу СД и ХД а да не правиме пак муабет за квалитетот на звукот, и тука е проблемот и што членот погоре што го спомна. Можеби звукот им е подобар на други канали но мислам дека и тоа е поради техничките непознавања бидејќи интензивно треба да се работи и ма тоа со софтвер и со техника, бидејќи треба мал милион работи да се усогласат за да работи се како што треба. Неколку работи требаат само за да се средат - млад кадар кој има воља да направи нешто, малку технички подобрувања, и пред се добар план како тоа да се направи.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Друга вест што мислам дека треба да се сподели е тоа што веќе фудбалските натпревари на Македонија и на другите земји веќе нема да се емитуваат на МРТ односно на јавните сервиси во балканските земји каде што се емитува СК. https://sport1.mk/fudbal/reprezentacija/mtv-sportklub-nje-pregazi-ponudi-dvojno-povekje-od-site-tv-kukji-od-poraneshna

Комедија ќе биде доколку фудбалските натпревари на Македонија се емитуваат на српскиот СК 1 (кој не се емитува во МК), бидејќи правата ги има српскиот СК. :)

Наместо да се најде договор на српската верзија да се стави македонска синхронизација, како по класика го избираме полошото и пак без никаква корист за нас. Од она што го знам ќе ви кажам бидете среќни што и воопшто СК го гледаме кај нас, бидејќи сепак фрлаат пари за откупување на програмата за наша територија а ние тогаш месец дена се ценкавме дали ќе ги дозволат во МК или не и како. :)
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2012
Мислења
52
Поени од реакции
12
На хрватскиот СК нема формула 1 а сепак се пренесува на СК6 без коментатор сигурно ќе се најди некое решение.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.168
Ова е срамота што го прават алчните за пари челници на ФИФА и УЕФА. Како може натпревар на национална селекција да емитува само на стеанска телевизија. А што ако дојде СКАЈ СПОРТ и понуди двојно повисока цена од СПОТР КЛУБ? Кој ќе ги гледа натпреварите? Англичаните? Или ќе треба секоја сезона да си купуваме сателитски антени и претплати за разноразни СКАЈ СПОРТ-ови, ЕСПН-ни или некои преполни со пари арапски или кинески канали. Мора преносите од националните репрезентации да им се понудат прво на националните телевизии за цена сразмерно на големината и рејтингот на репрезентацијата. А после ако има комерцијален интерес нека ги купуваат и приватниве.

За воља на вистината СК прави многу понеквалитетни преноси одколку МТВ. Нема никаква воведна анализа, гости на полувреме ниту дискусија по натпреварот. Нека направи квалитетна програма како на пример Ф1 преносите на СКАЈ или ББЦ каде има двочасовен вовед и двочасовна анализа на крајот. Нека има репортери во соблекувалните или хотелите па после нека се натпреваруваат со МТВ и другите телевизии.

Вака ќе добиеме преноси од типот на преносите од 70-тите години во СФРЈ каде што немало ништо од ова што го кажав погоре, и коментатори на српски или хрватски јазик кои баш ги заболе дали Македонија ќе победи или не дали играле добро туку ќе чека да поминат 90 мин. и да си ја заврши работата и да си оди дома.

Патем не секој има кабловска. Што е со малите планински села каде освен националниве канали нема ништо друго. Или што ќе се деси ако на пример правата ги земе АРЕНА. Арена се емитува само на МАКС ТВ. Претплатниците на другите кабловски ќе останат со таквото во рака.

Мислам дека сега треба собранието да донесе некој закон и да забрани странски телевизии да пренесуваат натпревари на нашите репрезентации на теритиријата на Македонија и да се реши овој проблем. По цена и да нема преноси од репрезентацииве.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Ова е срамора шро го прават алчните за пари челници на ФИФА и УЕФА. Како може натпревар на национална селекција да емитува само на стеанска телевизија. А што ако дојде СКАЈ СПОРТ и понуди двојно повисока цена од СПОТР КЛУБ? Кој ќе ги гледа натпреварите? Англичаните? Или ќе треба секоја сезона да си купуваме сателитски антени и претплати за разноразни СКАЈ СПОРТ-ови, ЕСПН-ни или некои преполни со пари арапски или кинески канали. Мора преносите од националните репрезентации да им се понудат прво на националните телевизии за цена сразмерно на големината и рејтингот на репрезентацијата. А после ако има комерцијален интерес нека ги купуваат и приватниве.
За воља на вистината СК прави многу понеквалитетни преноси одколку МТВ. Нема никаква воведна анализа, гости на полувреме ниту дискусија по натпреварот. Нека направи квалитетна програма како на пример Ф1 преносите на СКАЈ или ББЦ каде има двочасовен вовед и двочасовна анализа на крајот. Нека има репортери во соблекувалните или хотелите па после нека се натпреваруваат со МТВ и другите телевизии.
Вака ќе добиеме преноси од типот на преносите од 70-тите години во СФРЈ каде што немало ништо од ова што го кажав погоре, и коментатори на српски или хрватски јазик кои баш ги заболе дали Македонија ќе победи или не дали играле добро туку ќе чека да поминат 90 мин. и да си ја заврши работата и да си оди дома.
Мислам дека сега треба собранието да донесе некој закон и да забрани странски телевизии да пренесуваат натпревари на нашите репрезентации на теритиријата на Македонија и да се реши овој проблем. По цена и да нема преноси од репрезентацииве.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
Се согласувам со тоа за УЕФА и ФИФА, изгледа слабо ги наполниле џебовите до сега, треба да им се даде барем на јавните сервиси барем мечевите на својата репрезентација да ги емитуваат, на другите тури им пепелот, н СК ќе си гледаш. Инаку за СК мора да те корегирам. Точно е и тоа, на ОВОЈ СК кој во МК го гледаме нема никакви студија и слично, но еве како за инфо српскиот СК има пратено свои репортери во Англија цела година, каде после натпреварите од Премиер Лигата прават интервјуа со играчите и сл, исто така секој викенд и во Сабота и во Недела мислам имаат отворено студио по 1 час на кое коментираат за натпреварите и слично. За жал тоа не го гледаме и многу мислат дека СК е за никаде пошто реално хрватскиот СК ништо посебно не прави и тапа коментатори има. И да еве увери се и самиот http://sportklub.rs/Video/Fudbal/Premier/a222650-Smoling-za-SK-Znali-smo-da-ce-ovo-biti-kljucna-nedelja.html
 
Ова го има и на хрватскиот СК. Неколку минутна изјава од натпреварот на денот во Премиер Лига, што воопшто не е којзнае што.

Ја зборев за нешто мноооогу поквалитетно и пообемно од тоа што и досега го правеше МТВ, а сега на СК само ќе може да го прераскажуваме на тие што не ги гледале преносите на МТВ.

Инаку МТВ мора да отвори спортски канал со содржини од домашните првенства и репрезентативни преноси.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
ЛШ од догодина по се изгледа веќе нема да има на МРТ, само Македонски Телеком ги има откупено правата.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.895
Поени од реакции
7.569
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
ЛШ од догодина по се изгледа веќе нема да има на МРТ, само Македонски Телеком ги има откупено правата.
Барем МТВ ќе заштеди пари кои ќе може да ги искористи за враќање на долговите.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.168
Епа може да го затворат собранискиот канал и МТВ2 знаеш што пар ќе заштедат. А па тек и МТВ1 да ја затворат. Одма сите долгови ќе ги вратат и пари ќе им останат.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.895
Поени од реакции
7.569
Србите РТС прават ОТТ платформа https://rtsplaneta.rs/ како што имаат HRT https://hrti.hrt.hr/ каде ги има скоро сите содржини, па и сите телевизии достапни за гледање онлајн.

А МРТ на ова поле е 0 во споредба со овие две државни телевизии од екс ју државите. МРТ го има МРТ плеј кој не знам ни зошто го започнаа како проект кога само го одржуваат за да ги има нивните тв канали и да има од вестите видео снимка прилози. Архивата пуштија 3-4 серии и тука застанаа. СРАМОТА.

Еве како ќе изгледа тоа на РТС
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Џабе ние толку многу (добронамерно) ја критикуваме МТВ, кога таа сеуште живее во камено време.
А што се однесува до горенаведените платформи, па кои серии би ги имала МТВ на таа платформа, кои емисии би ги имала на таа платформа! РТС е најгледаната телевизија во Србија (има поголема гледаност и од Пинк).
РТС продуцира еден куп емисии и серии, па дури и кога го репризира “Бољи живот“ има највисока гледаност.
МТВ за жал има висока гледаност само кога дава Лига на шампиони и Евровизија, настани кои само ги презема од надвор.
А ова нашево “Play“ за МТВ стандарди е премиум.
 
Се сложувам до некаде со тебе. МРТ имаат архива сигурно и можат барем тоа да го прикачуваат на интернет сепак сме во ера кога повеќето од народот користи интернет и не замисливо е било која телевизија своите емисии и било какви проекти да не ги има достапно на интернет за гледање и слушање.

Вчера имаа некаква новогодишна програма со народни песни на плејбек отвараа уста пеачите. Истото одеше и на собранискиот во иста минутка.

Денес гледам имаат и новогодиншна Стисни плеј со пеење пак на плејбек. Двете овие емисии се снимени во студиото каде се снимаше Танц со Ѕвездите и дизајнот со скалите го користеа и за фестивалот Цветници. Можеле студиото да го средат да не е истото да му еб**

Се тоа во катастрофална атмосфера од која ќе заспиеш. Жениве па и маживе се дотерале, се шминкале, фризури се за да дојдат во МРТ и да отвараат уста како риби на суво :tapp: Па после се бунат пеачите зошто македонската музика не толку ценета во државава.
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695

Се согласувам со тебе требало оркестар во живо и се ке беше како што треба,ама за тоа треба оркестар кој треба да се плати бидејки МРТ ги укина сите оркестри многу одамна демек ке заштеделе пари едно време се обидоа да ги вратат и остана на тоа .Треба да се вложи во самата телевизија опрема до пред некоја година опремата им беше уште од 1983 кога ја отворија телевизијата во новата зграда зборам ,треба опрема треба напредни техничари луге кои ке ја подобрат не само шематската програма туку и визуелно ,мое мислење е дека сега повторно ке го променат логот како вообичаено кога се менува власта што е малку глупаво но тоа е одлика на нашите политичари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom