Јас пак мислам дека баш тие од бачило што се дојдени не сакаат да слушаат
Баш така. Тие од бачило се тивки. Со брат ми покојни со точаци не сме виделе, сме минале покрај две што чуваа овци на брдото. Не ги слушнавме, кога се здадоа по нас...на 200-300 метри застанаа, не сме веќе закана за нивното стадо и поле на извидување. Ни глас не им се слушна, само слушнавме како трчаат по нас.
Дојди кај мене во комшии каде повеќето се доселени од бачилата, да си на работа во Скопје да стануваш секојдневно во 5 сабајле и кога ќе сакаш да одмориш, некоја џукела ти завива цела вечер...Зошто, ради тоа што газдата не е способен да му ја пружи потребната нега на таа џукела. НЕ поддржувам труење на кучинња и мачки, ама сакам мирно да спијам!!
збориме за домашно чувано, нели. Сум имал неколку кучиња, едно од нив баш такво од овчарска фамилија (другите две волчјак и волчјак мешанец), не лаеше воопшто освен кога ќе ни ја слушнеше колата (по звук) ќе залаеше кратко, да не поздрави. Другото цвилеше ако сме изумиле да го изнесеме по нужда од разни обврски, а лаеше ако некој непознат влезе или мине близу нас.
Начесто домашни кучиња лаат ако не се соодветно прошетани, јбг у стан го мрзи газдата да се симне да го прошета и нужда да му напрај. Кучето попаметно од газдата. Или ако се малтретирани. Од карши кученцето што го споменав, газдите си отидоа, го чуваа комшиите ама скоро секој ден беше малтретирано и изазивано од луѓе и деца минувачи. Кога му ја скршија ногата, комшиите немаа пари за лекување и операции, само го превиваа и мачкаа со бетадине и слични течности. На крај се најде некое здружение го однесе ама не го врати. Претпоставувам, сепса и починало. Тоа куче лаеше скоро цела ноќ...зошто? Од страв, малтретирање, траума од скршеницата. Кога ќе се разбудевме некој од нас или комшиите ноќе, доаѓавме до него и се смируваше.
И за кај нас во влезот споменав едно, што лае наводно без врска. Вчеравечер ми се згади кога видов зошто. Можи другите домашни не, али бабата ко ја видов како го потегна од тераса за јамката, ќе го задавеше, само зацвили. Епа ко мал дома да те тепаат само, што кога ќе пораснеш.
Третото, исто го споменав, лае писка кога се расправа газдарицата со него -зошто направил беља или нешто слично, значи се расправа со неа на неговиот јазик, што не ми пречи, и опонира, што е за восхит, куче со атитуд. Кога е пред зграда, ќе застанеме до нив, ќе си легне мирно, само ќе начули уши ако мине мачка. Ако ние си одиме, а оно е уште долу, ако му кажам чао, почнува да лае по мене. Зошто? Затоа што сака друштво, не сака да си одиме...
Четвртиот пример, златен ретривер во стан чувано, ниеднаш не залајало ама газдите со него се однесуваат ко со мало човече. Само еднаш го слушнавме пола ноќ завиваше (како волк буквално) па станав излегов да видам штое оти недајбоже осеќаат ако на газдите нешто лошо им се случи. Пола ноќ преседовме оти прилично беше језиво тоа завивање. Кога испадна, сред ноќ се враќаат газдите од свадба. Го оставиле само и тоа реагира. Оттогаш ако одат негде, го оставаат кај лица кои чуваат кучиња за вакви потреби.
и така натаму, да не редам.
Значи ботом лајн, делумно се самите сопственици виновни-неодговорни или садисти во душа, понатаму како го третираат (како старата) или во стан не прошетуваат доволно. Но во куќа главно лаат оние малтретирани од малечки од деца или садисти, од непознати пролазници си чуваат територија или имаат некоја мака.
Ај да прашам кој е лекот за на сто метри иаме зграда каде се урла пред нивна зграда цела ноќ од возрасни и деца? И тоа ечи. Или ноќно време дошле под прозор се смеат викаат, па ќе влезат у влез баам вратите, пијани или задоволни од некоја цртка?
Отров?
Прво како смее, со кое право трујачот влегува или фрла отров што и да е во туѓ двор. Ах, пуста Америко, некогаш има добри закони за сопствено власништво, бам.
Извинете на малку подолг пост и толку примери што ве замарам, но за домашни кучиња барем...не сум стручњак али од мое искуство и од шо глеам што им праат (не сопствениците), ...од тие 3 повеќе не чував, од емотивни причини (јбг, имаат пократок век на живот, а то не го поднесувам)