МОНСТРУМИ УБИЦИ НА КУЧИЊА

мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
11.901
Поени од реакции
8.316
Така е другар. Исто така до мене има еден комшија цел ноќ пушта музика. Не им смета тој кучето им смета.
Abe mu smeta i toj ama mu prpa, vaka nemozi po magareto, udri po samarot.
I kuceto laj oti e kuce. Mozi kucinjata na bacilo ili tamu po sela ne lajat, mjaukat tamu oti prosetani i slobodni bog da cuva so ne ke procitas.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
6.011
Поени од реакции
9.729
Какво е тоа ниво на толеранција кога ти смета лаење на куче,галама од соседите или пак плачење на дете?

Јас до 14 години живеев во место каде што бев опколен со кучиња од соседите и тоа лаење навистина некои денови беше прегласно,но не гледам колку би можело тоа да биде страшно и преставува толку голем проблем да убиеш куче.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.930
Поени од реакции
12.573
Абе оправдање зашто им сметало лаење, бриши таму лигуши. Јас овие копитава од комшии ги слушам секој ебан ден дерење и црекање ко ненормални, раат се нема од нив, додека три кучиња има во зградава, од нив пак глас не се слуша.
Секое оправдување е уствари да се прикриеш дека си психо, зашто нормален човек не иде да труе и да се сити ако умре куче. Ко оној психопатон тинејџер некни, што искасапил две кучиња. Да е до мене јас таквите одма на инекција би ги шибнала и се гледаме на нареден свет, ништо асално не произлегува од такво говедо.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.690
Поени од реакции
1.072
Раат е Владе, в гроб.
Ама ти нема да сториш ништо.

Така е другар. Исто така до мене има еден комшија цел ноќ пушта музика. Не им смета тој кучето им смета.
Апсолутно, газдите си се одговорни, не е криво животното, тоа си сака природна средина за живеење.

Не знам што да ти кажам. Стварно многу глупи оправдувања. Куче е живо суштество, сега трујат кучиња утре деца ќе трујат.
Кукавички е, многу гадна смрт, ми го отруја и моето одамна, ама луѓето го прават тоа затоа што им е практично и најлесно.
Сум бил по овие патишта и уздолж и попреку.

Mozi kucinjata na bacilo ili tamu po sela ne lajat, mjaukat tamu
Нема блиску комшии таму и има голем отворен простор.
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
5.100
Поени од реакции
6.060
Сакал рајат да спија, па во ред е што го отрујал. Што нема да прочиташ на форумов.
Ако не нека земе тој истиот пушката и нека ги истепа сите деца што играат и му прават галама. Така барем раат ќе спија.
Имаме еден комшија таков, кога ќе игравме стално не разбркуваше, оти време за спиење беше.
3-4 години претходно, во ред беше неговите деца индијанци додека играат да ни трчаат низ дворовите, не им се спиело тогаш на моите. Сеа пред 2-3 години мачките ми ги труеше.
Абе со вакви луѓе зијан си ''здраво'' да направиш. Сеа последно му сметаше колата кај сум ја паркирал, а паркингов со него има врска колку Прилеп со Брегалница.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
1.289
Поени од реакции
6.495
Тоа се луѓе без душа, гревови кои не го заслужуваат местото на овој свет. Многу е жално што се почести вакви ситуации се случуваат. Жално е што законите се мртви. Цел живот сум со куче, трето моментално, вистински знам каква љубов е. Многу тажно и жално....бог нека го прости тоа безгрешно душиче, а на монструмот ќе му се врати на овој или на другиот свет.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.579
Поени од реакции
1.866
@Marko Ilievski сочуство другар, и јас знам како е да се врзеш со куче, мене кога ми умре претходното (после 16 години од природна смрт), цел месец имав несоници, осеќаш некоја празнина како дел од тебе да фали.. А не можам да замислам колкав револт и тага осеќаш ти што ти го отруле кучето, и тоа во сопствен двор.. Јас мислам дека треба да притискаш во полиција, и ти и тие другите на кои им ги отруле кучињата. Извршено е кривично дело и тоа во повеќе наврати, мора да регираат.

Совет од мене, за жал ќе ти го дадам касно, ама најдоброто нешто што можеш да го направиш за било кое куче што ќе го чуваш во иднина е да не го чуваш во двор! Куче се чува дома и се вади на шетање/играње 2-3 пати на ден.

Јас веќе 3 ипол години исто чувам белгиски овчар, знам дека расата е енергична и напорна за чување дома ама кога веќе се решаваш да чуваш такво куче мора да си спремен да се посветиш максимално. Јас првата година ипол, заведен од некои глупи муабети дека таа раса била за надвор, ја чував исто како тебе во двор и редовно добивав поплаки како лаела, плашела деца што поминуваат на улицата... Дури еден комшија дојде и ми рече дека цела улица (и тоа не мојата туку таа од позади) потпишувала некаква петиција против моето куче :ROFLMAO:
Нормално тоа беше негова смешна измислица, каква петиција може да потпишуваат за куче што си го чувам прописно во мој двор, позади висока ограда, со знак "Пази Куче" и све тоа, и пази од друга улица, демек толку било страшно да од друга улица решиле да прават петиција, абе цепки..
Ама увидов дека многу подобро ќе биде да ја имам под контрола заштитена дома, отколку цел ден надвор оставена да и' приоѓаат секакви ликови на ограда, да ја провоцираат итн..
Еднаш кога излегов сабајле видов ребра фрлени на патеката, среќа не беа отровни туку некој со добра намера ги фрлил, ама пак тоа ти кажува колку мала контрола имаш врз кучето кога го чуваш во двор. Сега ја чувам дома, на почеток имаше малце борби додека се навикна ама сега е бајче. Ја шетам неколку пати дневно и никој за ништо не ми се жали. Плус за кучето е многу битно да има друштво, ниедно куче не сака да биде само во двор. Еве еден добар извадок од текст:

Dogs are pack animals, and once they are welcomed into a family, humans become their pack.

We urge all pet-owners and would-be pet-owners to choose a dog that’s right for their lifestyle and can fit into their “pack.” If you want your house to be spick and span, for example, it’s not a good idea to get a German Shepherd or other dog that sheds heavily. If you don’t have time to train and exercise a big, energetic dog, look for a smaller, mellower breed. Most of all, if you’re not willing to welcome a dog into your family with open arms and open doors, it’s probably best to consider another pet. It’s not fair to the dog, and it’s not fair for you.

After all, we love dogs most of all for their companionship. You’re not going to get much joy out of a dog that spends all its time away from you.
Така да тоа е тоа, луѓето се такви, секогаш ќе има некој што нешто му смета, што ќе чека прва прилика да фрли отров и слично. Затоа чувај си го следното куче дома, шетај го редовно на поводник, многу битно - носи си кеси во џеб и собирај го изметот и раат си. Батали тоа чувар на куќата, се знае каква е професијата чувар, постојано изложени на ризик и први на удар.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.579
Поени од реакции
1.866
Потапа совет јас немам прочитано.
Куче се чувало дома. :eek:
Да напишеше некој аргумент или образложение зошто мислиш дека советот е тапа, добро, ама вака твојот пост нема поента :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.926
Поени од реакции
5.480
Да напишеше некој аргумент или образложение зошто мислиш дека советот е тапа, добро, ама вака твојот пост нема поента :)
Првин ти да објасниш зашто куче се чува дома а не надвор?
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.579
Поени од реакции
1.866
Првин ти да објасниш зашто куче се чува дома а не надвор?
Не само што објаснив, туку и ставив извадок од стручен текст. Ама кој да чита..

Уште: http://www.vetstreet.com/our-pet-experts/why-outdoor-dogs-are-miserable
Outdoor dogs sometimes become a problem to their owners. Bored and lonely, these animals are at an increased risk for developing any number of bad habits, such as digging craters in the yard, barking endlessly day and night and becoming chewers of outdoor furniture, sprinkler heads and siding. And sometimes, without the socialization all dogs need, they may become aggressive, ready to bite anyone who comes into their territory.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.926
Поени од реакции
5.480
Не само што објаснив, туку и ставив извадок од стручен текст. Ама кој да чита..

Уште: http://www.vetstreet.com/our-pet-experts/why-outdoor-dogs-are-miserable
Нормално, кога видов што си пишал, не се ни трудев надоле да читам.
И сега стручниот текст мене ќе ме убеди дека шарпланинец е подобро да го чуваш во стан отколку надвор во двор каде може да прави што сака?
Имам стафорд и пинч. Пинчот ај,исто е каде и да го ставиш...ама поголемо куче да чуваш во домашни услови, особено стан, е исто како човек во затвор.
Секое лето стафордот седи по три месеци во куќата и е скроз различно куче кога е во дворот.
Така да, не се сложувам со стручниот текст и неможеш да ме разубедиш дека куче е подобро да чуваш дома.
Можеби ете само на спиење колку да се осеќа вдомено и сакано кучето, ама да имаш двор и да го држиш затворено во куќа и само 2-3 пати дневно да го вадиш... o_O

P.S. Текстов вели дека ако седи надвор, брзо му здосадувало па копало дупки и ја уништувале опремата надвор.
Ха Ха Ха.
Абе мојава ми уништи 3 пара наочари,фотељата речиси ништо да не остана, да не зборам за теписони и триста работи што моравме да ги вадиме од стан заради неа.
А пази, од прв ден е внатре и е баш на тој принцип кој ти го препорачуваш...2/3 пати на ден само.
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.579
Поени од реакции
1.866
Нормално, кога видов што си пишал, не се ни трудев надоле да читам.
И сега стручниот текст мене ќе ме убеди дека шарпланинец е подобро да го чуваш во стан отколку надвор во двор каде може да прави што сака?
Имам стафорд и пинч. Пинчот ај,исто е каде и да го ставиш...ама поголемо куче да чуваш во домашни услови, особено стан, е исто како човек во затвор.
Секое лето стафордот седи по три месеци во куќата и е скроз различно куче кога е во дворот.
Така да, не се сложувам со стручниот текст и неможеш да ме разубедиш дека куче е подобро да чуваш дома.
Можеби ете само на спиење колку да се осеќа вдомено и сакано кучето, ама да имаш двор и да го држиш затворено во куќа и само 2-3 пати дневно да го вадиш... o_O

P.S. Текстов вели дека ако седи надвор, брзо му здосадувало па копало дупки и ја уништувале опремата надвор.
Ха Ха Ха.
Абе мојава ми уништи 3 пара наочари,фотељата речиси ништо да не остана, да не зборам за теписони и триста работи што моравме да ги вадиме од стан заради неа.
А пази, од прв ден е внатре и е баш на тој принцип кој ти го препорачуваш...2/3 пати на ден само.
Доколку имаш мал стан нема да земеш да чуваш шарпланинец бе брат.. Во првиот цитат баш тоа го пишува, секој да си земе куче според своите услови.
Јас имам голема куќа и моето го чувам во куќа, не во стан "како во затвор". Ако живеев во стан немаше ни да чувам куче.
А друга работа е што луѓе ги чуваат кучињата врзани во двор, демек надвор се, а уствари тоа е сто пати полошо од чување "затворено дома". Ако го шеташ редовно и му ја задоволиш потребата за активност нема никаков проблем.
Тоа што кучето твое ти уништило некои предмети не значи дека уништило само од причина што било затворено дома. Веројатно уништило зашто било оставено само подолг период, а тоа и во текстот сака да го каже, дека ако во двор кучето е само ќе развие лоши навики.

Врз куче чувано во двор како што веќе кажав немаш никаква контрола. Лае без контрола, кој било проаѓа и му дава јадење, го провоцира, го учи на лоши навики итн.. Имаше еден што го запознав пред некое време во кучешки парк, гледам кучето негово плашливо нешто, го прашувам што му е, ми вика некои деца со камења фрлале по него додека било во двор.. Друг ден одам по улица, гледам во двор на комшиите фрлени смоки, кучево нивно си џвака..
Не викам да не се пушта куче во двор воопшто, туку да не биде оставено да живее во надвор без надзор. Ти како сакаш чувај го стафордот ама јас давам совет со кој се слагаат сите професионалци, не го измислувам ова. Реков веќе, и јас моето на почеток го чував во двор, ама мислам дека дадов доволно јасни објаснувања зошто тоа не е добро, па секој може да си одлучи што сака.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.741
Поени од реакции
10.038
Кај нас во зграда има 3 кучиња. Едното е ќутливо, глас не му се слуша, а интелигентно ко човече. Другите две само лаат и цивкаат. Карши има едно, лае од свој двор обично на деца (го имаат закачано). Имавме и едно друго од карши ама со скршена нога, го однесоа на операција, изгледа гангрена па угинало. Повеќе лаеше од страв.
Зошто јас не сум отишол да ги трујам овие кучиња?
Ако е за труење, мене ми пречат над нас што наутро и навечер влечат мебели као да растовараат камиони. Или брмчала со градење зградиве. Или дизелаши обично пред влез со вклучен мотор по 15 минути. Веројатно и јас некому пречам, си фрчам повремено рок и латино со длабоки басови :) Пред зграда храниме гугутки со пченица, 1-2 пара се, комшиите реагираат демек лајна им праеле. Јака муда, на нивните коли секој ден лајна од птици ама нашиве гугутки им пречат. Некој пречи со глас до даска со турскине серии.
Ама јбг, ај сега да испоотруеме се што ни пречи. Или да живееме во планина. Мора да се исклучиш од тие звуци и да ги прифатиш како секојдневни.
 
Последно уредено:

Наќо Скопски

Lancia Delta HF integrale
Член од
3 април 2017
Мислења
6.378
Поени од реакции
16.193
Седнала една мајка получовек карши специјал у карпош 4 на клупите,телефонот у рука задлобочена со ебачот а детето земало еден стап и го шврка едно куче што си лежи у лисјата.Среќа не се вознемири доволно кучето,ја снимав ситуацијата со мобилен од околу 15тина метри на штрек ако рипне кучето да го фатам да не му искине грклан на сиротото дете препуштено само на себе.После по медиумите ке беше куче искинало дете на игралиште,па масовни труења итн. итн.Исто у Ѓорче летоска на едно игралиште,куче се добрало до чешмата вода пие,а две деца го тегнат за уши.Исто мајката незаинтересирана,у вручици полу танга прекрстила нозе и гледа дали ја зјапаат.Дур не се воведе испит кои луѓе се подобни да бидат родители и за тоа да се издава специјална дозвола пред да се размножат,ке има колење,труење и слично
 
На врв Bottom