МК Транспорт - македонска апликација за пребарување на автобуски и железнички линии

Член од
2 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
10
Здраво Дечки, со задоволство сакам да ви ја претставам веб страната и мобилните апликации за МК Транспорт!

МК Транспорт сега е целосен сервис кој овозможува пребарување на автобуски и железнички линии, време на пристигнување и нивните рути, достапен за сите и од секаде.

Пронајдете го Вашиот возен ред без лутање и јавување по телефони. :D

На почеток мк транспорт беше достапен само за корисниците на windows phone, но сега е достапен и за android и на веб.

Линк до страната:
http://mktransport.mk/

Линк до Windows Phone апликацијата:
http://www.windowsphone.com/mk-mk/store/app/mk-transport/29c3ae8d-96cc-4728-ae60-e44645801aaa

Линк до Android апликацијата:
https://play.google.com/store/apps/details?id=io.brankodimitrijoski.MkTransport
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
fail.png Ова е тешко срање, нема потреба од толку помпи за нешо шо не функционира,само препишани возни редови.
Облешево- Сопиште


Пребарувањето не даде резултати!


Совети за пребарување:

  • Осигурајте се дека сите зборови се напишани правилно
  • Исправи можни грешки во пишувањето на терминот
  • Пребарај со друг (поопшт) термин
  • При пребарувањето не е битно дали користите мали или големи буква

Ако е за од град до град полесно и поквалитетно е да отидеш на страната на руле турс или македонија сообраќај башка ќе си добиеш и информација дали ќе има тргање и слободни места.
Јсп страницата исто им е добра , така да оваа е тежок фаил,сигурно си од умс и имаш лапнато пари за започнување на сопствен бизнис :icon_lol:
Намали си го задоволството.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2011
Мислења
89
Поени од реакции
107
Штета што има реклами и бара интернет конекција,кога барем нешто се поправи ќе рангирам со повеќе ѕвезди.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
  1. Пробав да пребарувам на веб страницата и не ми даде резултати за линија што знам дека и постои...
  2. Нема iOS апликација.... Ајде добро, ако работеше ова веб странава не ни мора да има апликација...
Но, ок, интересна идеја и би можело да биде корисно. (y)
 
Член од
2 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
10
Прегледај го приврзокот 120199 Ова е тешко срање, нема потреба од толку помпи за нешо шо не функционира,само препишани возни редови.
Облешево- Сопиште


Пребарувањето не даде резултати!


Совети за пребарување:

  • Осигурајте се дека сите зборови се напишани правилно
  • Исправи можни грешки во пишувањето на терминот
  • Пребарај со друг (поопшт) термин
  • При пребарувањето не е битно дали користите мали или големи буква

Ако е за од град до град полесно и поквалитетно е да отидеш на страната на руле турс или македонија сообраќај башка ќе си добиеш и информација дали ќе има тргање и слободни места.
Јсп страницата исто им е добра , така да оваа е тежок фаил,сигурно си од умс и имаш лапнато пари за започнување на сопствен бизнис :icon_lol:
Намали си го задоволството.
Некој вложува труд за нешто да профункционира во нашава држава, да направи сервис кој што ќе решава некој проблем при тоа да нема никаква финансиска добивка од тоа и вие веднаш нормално го етикетирате како член на умс, плукате, категоризирате како срање.... чисто да ти разјаснам дека нема никаква политика воопшто вмешана во ова, само добра волја.

Никој не ви става нож на врат да ја користите или инсталирате во вашиот мобилен, но тоа тој наш македонски менталитет и многу полесно е да тролате и хејтате по форуми отколку навистина да направите нешто.

Ако ви е подобра руле турс или било која друга користете ја, многу е просто и едноставно!

Кога веќе споредуваш со руле турс, те молам кажи ми кога има автобуски линии од прилеп до скопје или охрид до битола? да не спомнувам железнички сообраќај?![DOUBLEPOST=1430739683][/DOUBLEPOST]
Штета што има реклами и бара интернет конекција,кога барем нешто се поправи ќе рангирам со повеќе ѕвезди.
Ова е прва верзија, добивам коментари од доста корисници и тоа што не чини ќе се корегира и ќе се додаваат нови функционалности.
Може да ја користиш апликацијата и без интернет, само додај ја линијата во омилени линии и ќе ги имаш информациите достапни офлајн цело време :)
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Ок, тука дојде да се пофалиш дека си направил нешто или да чуеш мислења. Значи некој се потрудил да ја симне и проба, ако ти укаже на недостатоци треба да работиш да ја подобриш а не одма со муабетот македонски менталитет.
Е па ај ако не да ти се клањаме што си направил полуфункционален сервис само зашто никој не ти платил. Кога ќе работи како што треба ќе добиеш пофалби, идејата е секако добра.
 
Член од
2 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
10
  1. Пробав да пребарувам на веб страницата и не ми даде резултати за линија што знам дека и постои...
  2. Нема iOS апликација.... Ајде добро, ако работеше ова веб странава не ни мора да има апликација...
Но, ок, интересна идеја и би можело да биде корисно. (y)
Во иднина можеби и ќе изработам и ios, засега можеш да ја користиш мобилната верзија на веб страната.
Информациите за возните линии се собирани по пат на агрегација од повеќе извори и можно е некои линии да отстапуваат или недостигаат, згодно би било доколку можеш/знаеш кои се да кажеш па да корегирам :)
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
Во иднина можеби и ќе изработам и ios, засега можеш да ја користиш мобилната верзија на веб страната.
Информациите за возните линии се собирани по пат на агрегација од повеќе извори и можно е некои линии да отстапуваат или недостигаат, згодно би било доколку можеш/знаеш кои се да кажеш па да корегирам :)
Пробав пак сега и немаше никаков проблем. :)
 
Член од
2 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
10
Дечки, сакам да ве информирам дека МК Транспорт доби нова верзија и се освежи со нов дизајн.
Во оваа верзија, покрај новиот дизајн, додадени се дополнителни алатки за пребарување и многу нови функционалности кои ќе го олеснат и подобрат користењето на сајтот.

Мобилната верзија на сајтот исто така доби нов дизајн.
Нуди подобро корисничко искуство, страницата е подобро оптимизирана, нуди повеќе функционалности, односно наликува повеќе на мобилна апликација отколку на мобилна верзија на сајтот.

Како поголеми измени во оваа верзија би ги издвоил следните:
- Повеќејазичност - додадеме поддршка на англиски јазик
- Ново лого - одлучивме да направиме ново лого, лесно препознатливо за МК Транспорт.
- Нов дизајн, оптимизации и подобрено корисничко искуство.
- Листа со достапни автобуски и железнички станици. Секоја од станиците си има своја засебна страница, каде корисниците может да добијат повеќе информации за станицата како и листа со автобуски/железнички линии кои што сообраќаат од конкретната станица. Покрај информациите додадена е и мапа со локацијата на станицата како и нов таб за каде може да се внесуваат коментари.
- Додадена е листа со достапни превозници. Секој превозник има своја засебна страница со информации и возни линии, кои што ги нуди превозникот.
- Новости сега функционира како блог. Сега информациите се истакнати на порталот со цел, да добиете поголема прегледност за случувањата со автобускиот и железничкиот сообраќај во Македонија.
- Приказ на попратните станици и време на пристигнување на рутите, како и можност да се подредат возните редови по превозник, време на поаѓање и време на пристигнување.
- Водич кој ја објаснува секоја новина како и нова страница за помош со прашања и одговори


Повеќе информации можете да добиете на следниве линкови:
http://mktransport.mk/news/post/mk-transport-nov-dizajn
http://mktransport.mk/news/post/sto-e-novo-na-mk-transport

Наскоро ќе направиме update на мобилните апликации како и на возниот ред и режимот на сообраќање за автобуските возни редови.
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Имаш неточни информации. Пример МЛАЗ не постои веќе, Руле ги возе тие линии шо се. Зборам за Ск - Неготино, не знам други.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom