Секое сабајле пред да идам у школо
Jaс [на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, 6-ипол е, сакам да се спремам на раат.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина се слуша Bhajans]
Јас[на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, 15 до седум е, не сакам да каснам.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина се слуша Bhajans]
Јас[на сестра ми]: Симона ајде бе излезии од веце, седум саат е, имам 18 неоправдани.
Сестра ми: ооооооооооооооооооом. [во позадина СЕУШТЕ! се слуша Bhajans]
Јас [конечно на сестра ми]: Симона ајде бе, 7 и 15 е, излези, можеш во твоето веце да медитираш, остај ме да се спремам.
Сестра ми [искача]: ЕЕЕЕЕ, какви луѓе сте вие, не може човек посабајлечки да медитира.
[Јас, на крај, стигнувам у школо у 15 до осум, среќа живеам блиску, и слушам пола часовно дрвење од било кој професор].
Мајка ми [секој ден после часови]: Леона, до кај си? Ај купи ми [put something here], кога ќе доаѓаш, ме мрзи сеа да излезам.
Мајка ми [петок, сабота навечер]: Леона, не може да излезеш, не си научила. (Јас ќе учам инаку у сабота навечер. Да)
Мајка ми [сабота попладне]: Леона, што да нарачам за јадење? (А да напраеше нешто?
)
Majка ми [било кој ден од неделата кога ќе слушне музика од мојата соба]: Што е ова, гаси музиката, ова само наркомани слушаат! [Неписмена една, полна со предрасуди]
Мајка ми [после караница]: Какво дете сум родила јас? подобро да сум абортирала!
Мајка ми [после бесна шутка било каде, откако ќе се вратам дома]: Што е ова ма, изгледаш ко да си се тепала! Ако те видат луѓе на улица, што ќе си помислат? (Ме боли мене цеф што ќе помислат за мене рандом луѓе на улица).
Сестра ми [било кога гледам фудбал]: Глеј ма нешто друго, само фудбал гледаш, едуцирај се малце.
Океј, јас у знак на револт идам да гледам кај мене у соба, она на мене.
Во меѓувреме зачитувам некоја книга.
Сестра ми: види ја, уште малце мувла ќе фатиш со тоа книгите, земи едуцирај се малце.
(ооокеј, грешна претстава за едуцирање има типката, или погрешно го протолкувала тој збор).
Луди се луѓето, со сите нивни постапки ме нервираат, што да праам. :kesa: