МВР бара пилоти

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/95969-konkurs-za-rabota-mvr-bara-12-piloti

Гледам реклама се врти и по ТВ, па ми падна во очи дека бараат и со средно, ама и со високо образование. Аплицирал некој или некој со таква намера во скоро време?! Инфо нешто повеќе?
Ми даде утеха она во темата што прочитав дека некој во тоа изборот за полицајци поминале без врски.
http://www.mvr.gov.mk/uploads/Aplikacija za piloti baner verzija.pdf

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Луѓе не си се тешите дека вие без дебели врски ке влезете
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
А бе види, врски можеби ама сепак не верувам дека ќе му дадат летало колку и да вреди тоа и сета опрема внатре плус ризик за самиот полот а и некој ако лета со него на некој кој би можел да неславо се приземји на привиот лет. Сепак ова не е конкурс за џандар-позорник...
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Која будала ќе даде хеликоптер,за кој што не би имале пари да купиме во наредни 10 години нов,и + да ризикува куп негативни коментари,или да се загубат повеќе животи,само ради тоа да се пикнат со врски луѓе..

дај бидете реални,не е све така црно,имаше врски за конкурсите за обични полицајци,ама за ова не верувам и не треба да има врски...ќе влезат тие што ќе покажат најдобри резултати.Ако мислиш дека би успеал,и ако немаш страв од висина,тогаш конкурирај,нема да изгубиш ништо,само можеш да добиеш.:D
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
За 19 месеци ќе научат сите да летаат, сепак ќе има селекција и нормално ќе треба добри врски.Оваа единица е најплатена во МВР, покрај основната плата, имаат и додатоци по час летање, па кој е заинтересиран нека се пријави да не му е криво после.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Конкурсов вклучува и обука ако не се лажам, така што "the chosen ones" ќе научат да летаат, нема да бидат тутуле бале...
Само не знам шо ќе и се на МВР 12 пилоти, па уште и за хеликоптерска единица...
АРМ има 2-3 хеликоптери, а МВР не верувам дека имаат некоја поголема бројка.
 
Дај ми податок за тоа дека 2-3 хеликоптери има АРМ а МВР уште помалку?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Дај ми податок за тоа дека 2-3 хеликоптери има АРМ а МВР уште помалку?
Епа колку имаме ?
Знам дека имавме 3 авиони сухои ама исто ко да ги немаме зошто скапуваат, а од хеликоптери знам (шо не значи дека не грешам) дека иаме 2 транспортни и уште 2 шо ги модернизиравме од кои едниот се урна кај Катланово.
А за МВР не реков дека имаат помалце, туку дека немаат значително повеќе од АРМ.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Епа колку имаме ?
Знам дека имавме 3 авиони сухои ама исто ко да ги немаме зошто скапуваат, а од хеликоптери знам (шо не значи дека не грешам) дека иаме 2 транспортни и уште 2 шо ги модернизиравме од кои едниот се урна кај Катланово.
А за МВР не реков дека имаат помалце, туку дека немаат значително повеќе од АРМ.
АРМ поседува-
An-2R 150
Zlin 143L Z3-DCS

Mi-24V 201
Mi-24V 202
Mi-24V 203
Mi-24V 205
Mi-24V 206
Mi-24V 207
Mi-24V 209
Mi-24V 210

Mi-17 302
Mi-17 303

Mi-8MT 305
Mi-8MT 306
Mi-8MT 308

UH-1H 321
UH-1H 322
а МВР-AB-206B Jet Ranger II Z3-HHA
AB-212 Huey Z3-HHB
Bell 412EP Huey Z3-HHC
Mi-17V-5 Hip-H 711
Mi-17V-5 Hip-H 712
Mi-171Sh Hip-H 713
Mi-171Sh Hip-H 714

Имаме 4 сухои,но се во лоша состојба,и можеби некогаш ќе дојде подобро време за нив,а од хеликоптери,еден се урна,а другиот е испратен во пензија,301 и 304
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Видиш не сум знаел дека иаме толку хеликоптери, моја грешка :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom