Procitavte li vo VEST kako ovie kriminalci od MAT ja zamajuvaa javnosta so toa demek ne letaat na site destinacii zaradi pritisokot na Grcite koi go vrsat poradi imeto na kompanijata.
Eve vi nesto od tekstot:[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Долгот нема врска со името на компанијата
Минатата недела менаџментот на МАТ ја обвини Грција како силен лобист во Еуроконтрол (во кој членка е и Македонија) дека, наводно, бара промена на името на компанијата за да и се дозволи пак да лета за Германија и за Италија.
Во Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека првпат слушаат за такво нешто.
"Од Еуроконтрол никогаш не рекле дека проблем за летањето на МАТ во Германија и во Италија е името на компанијата", вели Зоран Крстевски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. "Напротив, во сите дописи до Агенцијата за цивилно воздухопловство тие компанијата ја нарекуваат со полниот назив МАТ Маседониан ерлајнс. Но во дописите ни сугерираат да ја охрабриме МАТ да си го плати долгот кон Еуроконтрол и оти веднаш потоа ќе биде крената забраната за летање кон Италија и Германија", вели Зоран Крстевски.
"Вест" се обрати и до Еуроконтрол со барање за коментар на оваа изјава од МАТ, но се уште немаме одговор од нив.
***
Тужба и во Америка
Американската мултинационална финансиска компанија ЦИТ го тужи МАТ за авион кој компанијата го вратила во Америка во октомври 2007. Станува збор за "боинг 737-300" кој МАТ го зела на лизинг од ЦИТ и кој беше во македонски регистар, а пред тоа летал за американската Ју-Ес ервејс.
МАТ требало да го врати авионот сервисиран како што го најмила, но тие не го сториле тоа и затоа ЦИТ ги тужи во судот на американската држава Њујорк за отштета од околу еден и пол милион долари.
Во МАТ негираат дека постои таква тужба и велат дека сите обврски кон ЦИТ им се намирени.
Во ЦИТ ја потврдија тужбата, но не наведуваат детали.
"ЦИТ не коментира за судски процеси кои се во тек", ни изјави во и-мејл менаџерот за финансирање на транспорт Еби Кон.
Eve nesto od denesen VEST i za odnosot na profiterite i banditi od MAT kon rabotnicite:
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Дознаваме дека компанијата има проблеми и со редовна исплата на платите. Пилотите и техничарите овој месец зеле ноемвриска плата, а останатите уште чекаат доплата на ланската септемвриска.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]