МАКЕДОНИЈА - Kajgana Showdown #07 (ТОП ЛИСТА)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
1.png
2.png

Еве ја листата со 30 најдобри македонски филмови на сите времиња, според вашите гласови:

1. Тетовирање (1991)
2. Пред дождот (1994)
3. Викенд на мртовци (1988)
4. Бал-Кан-Кан (2005)
5. Исцелител (2017)
6. Трето полувреме (2012)
7. Црно семе (1971)
8. Среќна Нова '49 (1986)
9. Медена земја (2019)
10. Големата вода (2005)
11. Gipsy Magic (1997)
12. Исправи се, Делфина (1977)
13. Самоуништување (1996)
14. Илузија (2004)
15. Мис Стон (1958)
16. Републиката во пламен (1969)
17. Avec l'amour (2017)
18. Панкот не е мртов (2011)
19. Медена ноќ (2015)
20. Врба (2019)
21. Македонска крвава свадба (1967)
22. Мирно лето (1961)
23. Мементо (1967)
24. Денови на искушение (1965)
25. Македонски дел од пеколот (1971)
26. Каде по дождот? (1967)
27. Колнати сме, Ирина (Татко) (1973)
28. Мајки (2010)
29. Џган (2016)
30. Сенки (2007)

Јас го имам тука рекордот од досегашните showdown-и = само 4 негледани филмови! Вие?

Конечната листа може да ја најдете и на Letterboxd: https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/macedonia-kajgana-showdown-07/

Наскоро нов showdown. Останете во Филм и ТВ!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не се ни сомневав!

Јас ги немам гледано Денови на искушение и Македонски дел од пеколот, а Мис Стон и Среќна Нова '49 не ми се логнати, пошто гледани пред да почнам да обележувам.
Да се работеше за кратки, друго ќе беше. :D

И Денови и Македонскиот дел ми се во топ 20.
Мис Стон искрено ми е добар, али ништо повеќе од тоа. Легендарен е монологот на Петре за новороденчето, друго ништо впечатливо ми нема.

Баш сакав да видам како целиов настан ќе го претставеше Дарко Митревски, али штета што се откажа од реализација.

А Среќна Нова '49-та првиот пат сум го логнал со 4/5 и можда десетина месеци ми се врти низ ум и сакам да го изгледам пак. Ми се чини по второ гледање оцената ќе му рипне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Баш сакав да видам како целиов настан ќе го претставеше Дарко Митревски, али штета што се откажа од реализација.
Не те разбрав за ова.
Мис Стон искрено ми е добар, али ништо повеќе од тоа. Легендарен е монологот на Петре за новороденчето, друго ништо впечатливо ми нема.
Искрено, и јас само на тој дел од филмот се сеќавам, затоа и не ми е логнат, морам да го гледам пак. А од Среќна Нова '49 не памтам буквално ништо. До пред две-три години, ко го гледав Самоуништување по втор пат, мислев дека Среќна Нова '49 е со чичко Кумплунг. До толку ништо не памтам.

Јас не ставив кратки и ТВ филмови, ама кога би ги додал нив, од кратките:
1. Остани исправен
2. Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава
3. Види ја ти неа
4. Ќе дојдат децата
5. Пепи и Муто
6. Четврток (Манчевски)
7. Епизодист
овие ми се омилените.

Од телевизиските на врвот ми е Што сонува кучето, филм кој никаде го нема, и не верувам ни дека некој некогаш ќе го најде.

Сите од топ 10 ми се во листава, ама мака ми е за Три дена во септември, Фросина и Време без војна, што се навистина одлични филмови, според мене. И, можеби најпотценетиот македонски филм - Како лош сон.

И, не знам дали забележа, вкупно 0 филмови од Теончето се во топ 30. Логично!
 
1. Дарко Митревски имаше добиено пари за филм за Мис Стон во 2013. Филмов немаше да биде римејк туку некоја нова перспектива на целиот настан. Така изјавуваа тогаш. Го откажаа филмот ради несогласувања со тогашниот директор на фондот, бар такви муабети кружеа.

2. Јас сум прв што ја плука Теона, али Петрунија ми се свиѓаше и го предложив.

3. 'Како лош сон' за мене е еден од најлошите филмови досега снимени кај нас.

Штета што 'Преку езерото' не е во ова листа на топ 30, али не може секој предложен филм да се најде на крајната листа.

Туку доста чудно ми се виде што Прашина го нема. Многу малку го предлагаа, а имав впечаток дека многу повеќе е свиѓан од народот отколку Мајки и Сенки.

Милчо со 4/5 филма на листава, ако не ги сметаме Бикини Мун што е на англиски и незавршениот Кајмак.
По него маестро Столе Попов со 3 филма.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
1. Дарко Митревски имаше добиено пари за филм за Мис Стон во 2013. Филмов немаше да биде римејк туку некоја нова перспектива на целиот настан. Така изјавуваа тогаш. Го откажаа филмот ради несогласувања со тогашниот директор на фондот, бар такви муабети кружеа.
А, да, заборавив на тоа
Автоматски споено мислење:

Туку доста чудно ми се виде што Прашина го нема. Многу малку го предлагаа, а имав впечаток дека многу повеќе е свиѓан од народот отколку Мајки и Сенки.
Ќе проверам, ама мислам дека Прашина го имав само јас.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.159
Па добро, не сме некоја кинематографија за пример, но има што да се погледне.

Мене ми се врти во глава и "Време, води", а гледам никој не го предложил. Поминаа доста години откако го гледав, треба да повторно да го изгледам, можеби сум го преценил тогаш.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.189
Поени од реакции
19.267
Имаме добри и квалитетни филмови но избегавам македонски филмови бидејќи 95% се вртат околку црни, тажни и безнадежни тематики и после нивно гледање те оставаат во депресија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom