МАКЕДОНИЈА - Хрватска 08.09 2015 Вторник, 21:00

Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
После првите два меча, во кои нашата Репрезентација претрпе убедлив пораз од Грција, и прилично убедливо ја доби селекцијата на Холандија, вечерва тие го играат третиот натпревар против ко-домаќинот на ова Европско првенство и голем фаворит Хрватска.

Хрватите ја имаат неодоливата Розга која се надевам дека некаде има концерт, бидејќи, доколку е на трибини на нашите ќе им се пресечат нозете кога ќе ја видат. :) Но ние го имаме Стојан 'правам неспортски фаули на 5 секунди до крај' Ѓуровски
Хрватите се со ист биланс како ние после првите 2 кола. Најпрво ја победија екипата на Словенија, а во неделата загубија од Грција. Доколку сакаме нешто да направиме на овој меч, мораме да ја подобриме играта во одбрана, и да го контролираме скокот кој ни беше во најмала рака очаен во првите 2 кола. Хрватите под кошот имаат центар во името на Анте Томиќ кој игра во Барселона. Покрај него на високите позиции играат и Дамјан Рудеж, Шариќ, Жориќ...сето играчи со огромен потенцијал. Дефинитивно мораме подобро под кошевите. Друга опасност на која треба да внимаваме се нивните бекови, пред се Симон и Хезоња. Симон во просек на Европското постигнува по 19.5 поени во просек. Хезоња во овогодинешниот пик на драфт беше избран како 5ти и тоа од екипата на Орландо Меџик. Опасен шутер за три, кој не размислува многу дали да земе шут или не. Покрај шутот има и солден влез. Богдановиќ на мечот со Словенија се здоби со потрес на мозокот па сеуште не се знае дали ќе биде фит за вечерашниот меч.

Реално, шансите за победа на овој меч ни се мали, но што е тука е, мораме да пробаме да извлечеме позитивен резултат. Нашата игра пак мора да биде истата. Со праваење блокови, движење без топка, и чести шутеви за три. Битен детал ќе биде и тоа дали ќе играме паметно т.е. мора да го смируваме темпото на игра. Хрватите ќе форсираат up tempo кошарка, но не смееме да се наттрчуваме со нив.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.010
Поени од реакции
106.668
Ќе изгубиме 20, Томиќ ќе има партија на кариерата против нашата смрека под кош.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ќе изгубиме 20, Томиќ ќе има партија на кариерата против нашата смрека под кош.
Мислам дека Анте Томиќ предавникот каталонски е толкава дрветина што и Самарот наш ќе изгледа ко асален центар покрај него! :D
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Да не изненадиме случајно пошто на подготовките педерски ни откажаа а?! :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.010
Поени од реакции
106.668
А тек Ѓуровски кога ќе игра на 4ка, Рудеж мајтап ќе си игра со него.
Кој си бе ти Рудеж да го спомнеш? Кој кур тој ќе си играл мајтап со Стојан?
Нињо, Томич за Пеџа е ШЕКИЛ од 2001 година.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
било што било минативе 2 натпревари на овој денешниот наптревар мораме со ладни глави да влеземе и да се обидеме со мотивација да најдеме и да успееме некако да извадиме поволен резултат што би значело пласман во нокаут рундите уште на 2 натпревари до крај на одигрувањето на натпреварите во групата. денеска против хрватите во преполната арена загреб тие ќе бидат страшно мотивирани пошто ќе сакаат да не победат за да имаат шанси за прво место да се борат со грција но тоа нас не треба да се обесхрабрува пошто ние сме македонија и денеска на овој голем празник на независноста на нашата држава да се обидеме да го изненадиме и израдуваме народот наш македонски кој безрезервно ќе дава подршка голема за нашите момци кои што даваат се од себе за овој дрес а и за тој фудбалскиот пошто истотака и фудбалерите играат вечерва со шпанија фудбал.
што се однесува на тактичкиот пристап треба самарчиски да ја искористи висината од 2.15 сантима и под кош да скока и офанзива и дефанзива истотака и црнецот хенрис е висок па и тој може да помогне мора да се искористи брзината на соколовски кој искрено не знам зошто не добива шанса а е добар плеј искусен и доста дрзок па знае да навлече 2-3 играчи и со слалом да се протне од позицијата под кош и да поентира за 2 поени или од линијата за три каде влатко илиевски е апсолутен доминатор од таа позиција исто и костовски нашиот топ 3 играч на ова првенство. ајде да видиме на крај краева со каква тактичка варијанта ќе не изненади селекторот наше е да даваме подршка голема и да се надеваме на поволен резултат нерешено или победа или пораз со мала разлика.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
482
Поени од реакции
501
Јас мислам дека шансите да тепаме се скоро никакви и затоа беспотребно трошење на сила е непотребно.Нас ни е важна утрешната со Грузија и што поодморени тоа подобро.Значи денес опуштено а утре мотивирано како против Холандија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.779
Поени од реакции
83.937
Не очекувам дека ќе го јадеме премногу, очекувам да се држиме до полувреме или трета па после Хрвативе да запнат и да не решат.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Чим Србиновски кажа дека ќе гледа да ги одмора клучните играчи се знае конечниот исход од утакмицава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom