МАКЕДОНИЈА-Холандија 06.09.2015 Недела,15:00

Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.779
Поени од реакции
83.936


Време е за нова страница во приказната наречена "Македонија на Евробаскет 2015".

Во првиот меч нашиот јужен сосед не уби.

..а ако раниот лав е најопасен..тогаш мртвиот лав треба матер да ебава.


Вчера Холанѓаните направија мини изненадување со кошот во последните секунди против Грузијците со што си донесоа победа и многу битни 2 бода, со што се наметнуваат како главен наш конкурент во борбата за 4тото место во групата Ц.


За лалињата ова е дури 15ти настап на Европските првенства но прв после далечната 1989та.

Во квалификациите за Евробаскетот Холанѓаните завршија со 2 победи и 2 порази и со само 14 поени подобра разлика од Романија се квалификуваа на првеството што значи дека Холандија на хартија треба да е најслаба репрезентација во нашата група.

Сепак Грузијците предводени од Заза Пачулија денеска многу добро дознаа дека фаворитската улога не значи ништо



Ова ќе биде прв дуел на Македонската кошаркарска репрезентација против портокаловите. Па да се надеваме дека нашатаисторија во дуелит со Холандија ќе започне на најдобар можен начин односно со победа и 2 бода.

Холанѓаните во серијата на пријателски мечеви пред почетокот на Евробаскетот имаа горе доле слична ситуација како и нас, односно ги изгубија грото мечеви.

Тие во 11 пријателски мечеви одиграни во Август остварија само 3 победи и тоа против екипите на Филипини,Велика Британија и Исланд, екипи кои што на хартија треба да се боза во споредба со Македонските лавови.

Чисто за споредба Македонската репрезентација одигра 9 пријателски меча изминатиов месец а победија 3 пати, еднаш против Украина а два пати против Израел.



Преносот е во живо на Сител ТВ во 15 часот, коментаторот е еден и единствен Игор Трпески, а на вас ви останува да ги спремите дијазепамите, да ги наоштрите секирите, и да земете некоја лекција од Џонтра за пцуење, бидејќи најверојатно ќе ни треба.

Да се надеваме дека ќе се испраќаат другари и другарки после мечот и дека ќе си ги запишеме првите поени на Евробаскетот.






 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
било што било поразот од грција ич не треба да не секира пошто јужниот сосед наш е сепак една добра искусна репрезентација и не треба да мислиме на поразот иако боли но тоа е што е македонци сме ние и секогаш сме излегувале на крај како победници па така очекувам и од ова евробско првенство да излеземе како победници во споредба со нашите соседи грција и србија бугарија несакам да ги споменувам пошто се не натпреваруваат они.
за уштрешниот натпревар очекувам сосема друг пристам во однос на овој денешниот против грција а тоа значи брза транзиција у напад и малце поспора одбрана пошто холанѓаните играат еден досаден напад и чекаат последна секунда да шутираат знам ги гледав на еден пријателски турнир пред првенствово каде играа во јужна андора против кипар и гибралтар
значи во напад мора да ја искористиме таа височина што ја поседува пеџа самарџиски и да му местат цепелини да ги забива пошто холанѓаните се со ниско тежиште и играат доле а ние треба да ги добиваме лесно тие ваздушни дуели а во долните дуели тука е соколовски и симоновски придружени од браќата стојановски
коа играме брз напад треба брзо да се размислува и после 2-4 додавања помеѓу дамјан стојановски и симоновски треба да му се подаде на тоше гечевски а овој со брз пас кон соколовски треба да проигра за овој со 1-2 дриблинга да ја измести низоземската одбрана и да поентира.
само така ја гледам нашата шанса значи тоа максимум би требало да добиеме едно 10 разлика а може и повеќе зашто да не очекувам од селекторот србиновски во текот на денот сериозно да поразговара со кошакркаите и да им укаже на важноста на овој натпревар.
напред македонија со вас ме момци макеодонси.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
^
И го заборави најбитното:

Напред Македонија!!!

:oeoeoe::oeoeoe:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.610
Поени од реакции
31.817
Треба на Самарџиски да му турат рицинус во пијачката/јадењето за да го спротера салам до степен да не можи да игра.

Само така гледам реални шанси за убав резултат :toe:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Треба на Самарџиски да му турат рицинус во пијачката/јадењето за да го спротера салам до степен да не можи да игра.

Само така гледам реални шанси за убав резултат :toe:
Немој, пошто тогаш ќе играме некоја смол бол петорка, со големиот а.к.а. Карл Мелоун, Стојан Ѓуровски на 4ка.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.779
Поени од реакции
83.936
@Џонтра Волта Заборави дека треба Меккејлеб почесто да го играат, денеска некако не беше во елемент, ама па и овој тренеров не му даваше ептен шанса. Башка и се гледа дека напреднал на играта едно 20-30 сантима се извишил, алал му вера
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
533
Поени од реакции
269
со холандија имаме играно во едни претквалификации уште во 1992-3 година, ама не моажам никаде да најдам некој пишан документ, знам тогаш игравме и со Романија они го имаа Мурешан со 229см
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Читам коментари за средбата со Грција и стварно не можам да ве разберам што очекувавте.

Еве неколку коментари од мене за средбата со Грција и за оваа со Холандија:

1. Играчите се тие што се. Не можеме ние да ги смениме. Не може одеднаш Самарџиски да стане Гасол и Трајковски Леброн Џејмс. Тие што пратат кошарка совршено знаат кои им се јаки а кои слаби страни на нашите репрезентативци и играта мораме да ја градиме врз основа на она што го имаме, не може да измислуваме работи за кои објективно немаме капацитет. Губиме онака како што губиме заради тоа што играчкиот кадар ни е ограничен. По имиња и клубови во кои играат играчите ние сигурно имаме меѓу 3-4 најслаби репрезентации на цело првенство. А плачиме после поразите како да имаме минимум 3ца во НБА и 7 во Евролига. Ок е да сакаш победа на секој натпревар, така и мора да биде, ама да ги пцуеш играчите за неуспех кога се знае дека 3-5% им е шансата да успеат е бесмислено.

2. За составот исто нема смисла никој да се жали бидејќи горе долу тие се тие што требаа да играат (едино Магдевски јас би го зел наместо Соколов, колку за да добива искуство, секако Соколов не ни игра а и кога игра е бескорисен). Антиќ откажа, Меккејлеб откажа (а и да не откажеше во оваа екипа повеќе ни треба Хендрикс отколку Мккејлеб), Гечевски и Чековски се веќе завршена приказна и местото им е во историјата. Реално освен Антиќ некое особено засилување не ни можевме да имаме.

3. Гледам доста жалби и за играта во напад. Искрено јас немам некои забелешки за играта во офанзива. Со овој состав кој го имаме, мора да се игра на шут за 3, па макар и 50 пати на натпревар шутнале за 3. Се додека е релативно отворен шут и не е Самарџиски или Младеновски тој што шутира, немам никакви замерки. Само треба да се избегнат исфорсираните шутеви преку 2-3ца (особено со уште многу време останато за напад), а факт е дека Трајковски и Костовски знаат да бидат склони на таква недисциплина. Против Грција всушност нападот и не ни беше лош (особено ако се земе во предвид дека Грците отсекогаш биле светска класа во одбрана, а сега ја имаат една од најдообрите екипи во нивната историја). 12/30 за три е одличен шут, со таков шут можевме и да ги победиме ако шутиравме повеќе тројки а не се глупиравме со бесмислени влезови на положување против елитни во светски рамки дефанзивци од рангот на Антетокоунбо и Куфос. Едноставно нашите играчи немаат никакви шанси во таква ситуација (можеме да добиваме и по 15-20 банани на натпревар и тоа нема да има никаква врска со страв - едноставно физички сме целосно инфериорни во тој аспект против екипи како Грција, а искрено можеби сме најслаби и на цело првенство). Едноставно немаме никакви шанси и не е воопшто случајно што имаме шут 12/30 (40%) за три што е еквивалентно на 60% за 2, а за 2 имаме шут 10/33 (30%). Стварно не ми е јасно како тоа премногу сме шутирале за тројки кога тројките се тие што не вадат, со влезови тешко нас ќе биде, а да не зборувам за шут од полудистанца (е дури тогаш катастрофа ќе не чека).

Всушност оваа екипа не е воопшто полоша од минатата во напад. Напротив подобра е. Ние и порано се мачевме со шутот за 2 (само Меккејлеб со играта во транзиција и влезовите ни го креваше просекот) инаку и порано бевме катастрофа. Само тогаш ни тројките не ни одеа толку многу - реално Антиќ и Меккејлеб и не беа некои шутери а трошеа многу топки.

Тактички гледано на оваа генерација главен проблем во напад им се загубените топки. Одвреме навреме има недостаток на концетрација кај некои од играчите и на тоа мора да се поработи особено што главно загубените топки се "живи" и примаме лесни кошеви во транзиција после нив. Од остатокот немам некоја замерка - мора да играме така со оној играчки кадар кој го имаме.

4. Главниот проблем во нашата игра е играта во одбрана. Тука всушност е и главната разлика во однос на минатата генерација. Нашиот состав од претходните 4-5 години играше одлична одбрана предводена од 3ца доста квалитетни дефанзивци во европски рамки на позиции 4 и 5 (Антиќ, Гечевски и Чековски). Сега единствен квалитетен дефанзивец таму ни е Хендрикс, но и тој не може сам. Самарџиски и особено Трајковски се ужас во одбрана (вчера директно на Трајковски едно 30 поени ни дадоа грците - затоа Принтезис се изнаигра). Само заради тоа искрено и би го седнал на клупа Трајковски. Поарно нека игра Ѓуровски барем е наш најдобар атлет, подвижен е и се бори (а и реално е многу подобрен во однос на порано). Згора на тоа одбраната на надворешната линија е катастрофа. Костовски, Илиевски, Симоновски се некаде меѓу слаби и многу слаби дефанзивци. Само браќата Стојановски колку толку држат некое одбранбено ниво. По секоја цена треба да се избегнува комбинација на овие 3 бека со Самарџиски и Трајковски. Такви постави не смееме да играме.

5. Гледам имаше забелешки и за тоа што сме играле рогови (horns). Не знам што има чудно во тоа, таков почетен сет на секаде се користи и во модерната кошарка (нема екипа што не ја користи оваа тактика и тоа на големо). Битно е каква акција натаму ќе се развие (а од рогови произлегуваат милион варијанти кои може да резултираат во било каков шут од било која локација на теренот). Се тоа зависи од уиграноста на екипата, нивната креативност, но пред се од она што го нуди одбраната на противникот. Не можеш со глава да удираш во некоја варијанта која одбраната свесно ти ја одзема и те тера да играш поинаку (тука до израз доаѓа снаодливоста, креативноста и универзалноста на играчите). Главниот проблем во користењето на рогови кај нас е што понекогаш премногу бавно влегуваме во сетот и додека се развила некоја акција (а бавно се развива бидејќи не се движат доволно играчите без топка) веќе истекло времето за нападот.

6. Против Грција искрено дури и ги надминаа моите очекувања. 30тина минути како така се држеа целосно во игра и Грците немаа можност да се опуштат туку играа до максимум. Со иста таква игра како вчера во првите 30тина минути ќе ја победиме Холандија. Холандија пријатно ме изненади вчера но реално нема некоја игра. Пробуваат да играат брзо бидејќи се подобри атлети од повеќето екипи но и многу грешат заради тоа. Освен Kloof (како е можно овој играч да не игра во појака екипа!?!?!?!), ниту еден друг не ми остави некој впечаток. Се гледа дека заслужено се пласираа на првенството, но не се тим од кој трба да се плашиме. Се што треба е да се затвори рекетот, да се остават да шутираат од надвор и да се навлече Kloof да солира (се гледа дека е склон на форсирање и како што може да му донесе победа на екипата, може и да биде најголем кривец за евентуален пораз). Со стабилна и дисциплинирана игра, ако не ни го сврти грбот шутот за три ќе ги добиеме. Особено ако го затвориме Kloof како што го затворивме Спанулис вчера.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не знам каков проблем има Самарџиски у тиквата, ама нека проба некој да му нацрта дека дечко со 216 сантима не треба да игра одбојка туку треба под кош да скокне и да ја закуца, треба обрачот со него да го земе дома, а не да си исгра одбојка и да скока ко зајак...
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Zlatna visina ne znae da ja iskoristi,ne deka Samardziski e edinstven krivec za vcera,ali deckovo ednostavno nema kosarkarska intelegencija i tocka.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
Ќе биде тешко и денес,Холандија има едно црнче што мислам дека се вика Клоф,ни Илиевски ни Костоски нема да можат да го запрат.Типчето има ненормален брз прв чекор,одраз одличен(скоро секогаш оди на атрактивно забивање) и ќе прави многу проблеми.Центрите им се стара школа,одлична центарска техника и со лева и со десна,играат смирено и со многу утрчувања од бековите во рекет.Ќе биде заебано ако не се движи одбраната затоа што како што ги гледав лалињава се многу опасна репрезентација.Офанзивниот скок им е јака страна,ќе треба да се затвара рекет и да одат на скок сите до еден.
Можеме да ги добиеме само ако сите играат со 101% од можностите,во спротивно ќе не декласираат.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Да се надоврзам на Ксаго, вчера во Холандската репрезентација ми остави впечаток Де Јонг. Од клупга влезе, и има страшен влез. 15-16 поени им даде вчера на Грузијците. Исто како Ксаго и јас мислам дека можеме да ги добиеме Холанѓаните, ама мора подобро да го затвораме рекетот. Џабе ти е 2.30 да си, ако не знаеш да го заградиш рекетот (box out). И нормално, да се затвори Клоф, кој е ала МекКејлеб тип на играч.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.201
Поени од реакции
6.535
Абе луѓе,Самарџиски да приметеа дека има нешто во него ќе го драфтуваа во НБА(2 пати се пријавуваше на драфт)...Се вадеше на висина до кај 2010-2011 некаде кога го гледаа уште како играч шо може да напредува,но после тоа јасно му стана на сите и сега игра у факинг МЗТ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom