МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ЌЕ СЕ СООЧАТ ВО ХАГ НА 21 МАРТ

Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Резолуција во Генералното собрание на ООН не е нешто што би натерало некоја земја да се придржува до тоа.На пример против Израел има сигурно 50-тина резолуции донесени од ООН и тоа нема никаква обврзувачка сила.
Значи решението не може да се најде преку Генералното собрание на ООН туку ако се оди преку ООН тоа може да биде само Советот за Безбедност во кој пак со право на вето се Британија Франција и САД кој се против нашето уставно име.
Ова со судот во Хаг може да биде добро само ако и малку има чесност(во што се сомневам) кај тие судии за да сакаат да ја видат правдата.
Гледајќи што се случи само пред неколку месеци во случајот на Косово навистина сега е тешко човек да поверува во неговата непристраност и независност но ајде да се надеваме дека во овој случај нема да има толкав почитички притисок врз судиите и тие ќе соберат сила да го постават правото и правдата пред силата.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
колку да сечукаме во гради, што ќе каже Британија и Америка тоа ќе биде
 
H

HITCH

Гостин
моментално сме признаени од 130 земји брат така да го имаме тоа двотретинско мнозинство и не кур ми контрирај на се аххахахахахахах :P
А што треба да помине во совет на безбедност на ОН?! На чија страна е Франција?
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
и што ако се соочат ? јас мислам ништонема да смени судот во хаг. тоа што 3 недоветни ни го спопикаја до даска едниот веќе покоен с.црвенковски , к глигоров, б.црвенковски треба живи во катран да горат. пс презиме црвенковски да се забрани во македонија:smir:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Како може една држава да те признае..па да те отпризнае...:pop: не е човечки...
По тоа ќе оцениш колку е озбилна таа држава.Признаени сме и од САД,Кина,Русија.Кина дури ја подебавме со Тајван.Зошто не го повлече признавањето?

--- надополнето ---

колку да сечукаме во гради, што ќе каже Британија и Америка тоа ќе биде
Ете во Букурешт кажа што каша Америка па пак ништо.Но мене се ми изгледа дека ќе одиме по правда кај истиот кадија кој ни нанесе неправда.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ако проверите праксата на суда во Хаг,ке видиде дека суда не застава на ничиja страна при вакви деликатни теми и решението на суда нема да е само во корист на една от страните.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Ако проверите праксата на суда во Хаг,ке видиде дека суда не застава на ничиja страна при вакви деликатни теми и решението на суда нема да е само во корист на една от страните.
Од тоа и се плашиме.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.861
Поени од реакции
7.243
Самарас сведок на Македонија во Хаг
Лидерот на грчката опозицијата Андонис Самарас ги урна позициите на својата влада во процесот што се води во меѓународниот суд во Хаг. Со изјавата дека Грција ставила вето Самарас кој беше министер за култура во претходната влада на Караманлис им ја олесни работата и на македонските претставници во судот и на судиите во хашкиот суд.

Сега македонската страна доби експлицитен доказ од висок грчки претставник дека во Букурешт се случило вето и конкретна грчка блокада.

Според неофицијалните информациите на Канал 5 во документите поднесени до Хаг македонските претставници, амбасадорот Димитров и министерот Милошоски имале доволно докази за ветото на Атина.

Сепак со изјавата на Самарас дадена пред целата грчка јавност и особено со изјавата на Друцас кој веднаш призна дека е направена огромна штета на националните интереси со хашкиот случај драстично се намалија шансите на Грција да излезе како победник по судската тужба од Македонија според која Грција ја прекршила времената спогодба.

За грчки експерти кои ги консултираше Канал 5 изјавата на Самарас кој сега може да биде повикан како сведок за Македонија, е шокантна особено ако се знае дека и на официјално Скопје и на Атина им е јасно дека се под постојан мониторинг на Брисел, Вашингтон и судиите во Хаг.

За експертите е нејасна и изјавата на Папандреу кој со изразениот песимизам дека наскоро ќе се најде решение за името ја наруши позицијата на медијаторот Нимиц во пресрет на средбата за името закажана за 9 февруари во Вашингтон.

извор
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Нема што друго да се очекуваме од лешинари (во секој смисол на зборот - политчки,морален, црковен, секаков).

До пресудата во Хаг не чека бурна политичка пролет

[ . . . ]

Три вида пресуди


Сé на сé, и во нашиов случај, со оглед на реалноста, треба да сме подготвени на три вида пресуда:
1. Таа да биде во полза на тужителот со наведување на прекршокот во договорот и конвенциите што таков прекршок го сметаат за недозволено однесување. Ама со препорака (укажување) до СБ да донесе соодветен заклучок или резолуција за примена на судската одлука.

2. Да биде уочена потенцијална регионална конфликтност и да се воздржи од експлицитна одлука, повторно префрлувајќи ја одговорноста кај СБ и неговиот капацитет на балансер.

3. Да пресуди во полза на Хеленската република (да најде вина и во Македонија) и да му предложи на Советот за безбедност да ја „стегне“ Македонија да си го смени името.

Од сето горенаведено треба да се очекува месециве пред нас да бидат исклучително возбудливи. Безбедносно, не треба да бидеме изненадени ако почнат да ни цутат секакви „добрососедски“ провокации и активности, имајќи на ум дека некому (на сите соседи) ќе му одговара да ја нагласи безбедносната димензија на нашето име, а со тоа и на нашето постоење како држава и народ. Оти, да не заборавиме, Македонија, иако формално е признаена, фактички две децении не престана да биде сегментарно оспорувана од сите свои соседи. Што се гледа кога пред секој важен настан се врши непристоен притисок врз македонската страна да биде попаметна и „да свитка ‘рбет“. Дури и да стивнат увезените антибирократски револуции и „востанија“ оваа пролет ќе продолжи тензијата за името, а ќе се множат „интересните“ предлози за решение на спорот по пат на „пријателска“ булдожерска дипломатија (предлог на Теута Арифи).

Според наша процена, а имајќи ја предвид досегашната практика на Судот во Хаг, најверојатно е дека страните во спорот пред судот и другите посредно инволвирани, а тоа се земјите-членки на НАТО, во наредниот период ќе се обидат да дојдат до вонсудска нагодба, што значи разликите ќе се средуваат дипломатски. Во таков случај можни се следните опции: да падне ветото и Македонија во наредниот период да се зачлени во НАТО под референцата, а разговорите за името да продолжат или, прекутрупа, ќе се иссилува затворање на прашањето (без оглед на последиците) за кое нема или барем ние не најдовме соодветен пример во архивата на ООН. Трето не дека нема, но тешко е да се поверува дека Грција ќе подолабави малку со својата уценувачка позиција и ќе прифати компромис, а тоа е Македонија да добие уште едно официјално име (двојна формула), кое нема да го доведува во опасност националниот идентитет, нема да интервенира во билатералните комуникации што е право на државите и никако во Уставот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12611830566&id=9&setIzdanie=22190


.
 
S

Sagan

Гостин
Македонија го заврши претставувањето на аргументите во Хаг

Меѓународниот правен тим, што ја претставува Македонија во процесот против Грција што се води во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, попладнево го заврши претставувањето на аргументите во во првиот круг од јавната расправа.

Професорката Женевјев Бастид Бурдо од Сорбона, со чие излагање заврши претставувањето на аргументите во вториот ден од јавната расправа, попладнево во Судот во Хаг истакна дека Македонија бара судот да пресуди дека Грција го прекршила членот 11 од Времената спогодба меѓу двете земји во 1995 година.

Правниот тим пред судиите во Хаг докажува е дека имало прекршување на привремената спогодба што резултирало со фактот дека земјата не доби покана за прием во Алијансата на Самитот во Букурешт во 2011 година.

„Доколку се утврди прекршување на членот 11, ќе се стави крај на периодот на правна несигурност која започна со одлуката на тужената страна да го спречи подносителот во неговите намери да се зачлени во НАТО. Со тоа, судот ќе ја исполни својата јурисдикција“, изјави Бурдо.

Денеска, аргументи претставија и останатите членови во правниот тим на Македонија.

Сомнителна и непостојна е правната основа на аргументите поднесени од страна Грција, посочи професорот Пјер Клајн.

„Предмет на овој случај не е одлуката на НАТО туку одлуката на Грција да го блокира членството на Македонија која била донесена пред Самитот во Букурешт“, посочи Клајн.

Според него, блокадата била најавувана, што претставува прекршување на членот 11 од
Привремената спогодба.

Шон Марфи, кој исто така е дел од правниот тим на Македонија, посочи дека тужената страна (Грција) прати официјален демарш до земјите-членки на НАТО, праќајќи потсетник до сите членки на НАТО истакнувајќи, дека покрај нормалните критериуми, услов за грчка поддршка е договор за името.

Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски, како застапник на апликацијата, вчера се обрати пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, на првиот ден од устната фаза од процесот.

Македонија не го покрена Хашкиот процес со цел во судот да се бара решение на спорот за името, туку да се обезбеди Грција да ги почитува договорите и да се врати во системот што беше воспоставен со Времената Спогодба и важеше 13 години, до 2008 година и ветото на Самитот на НАТО, рече Милошоски.

Грција треба да ги презентира контра-аргументитена 24 и 25 март.

Во втората фаза, на 28 март тимот што ќе ја претставува Македонија ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
Лично, задоволен сум од начинот на кој меѓународните експерти ги застапуваа нашите позиции. Останува да видиме како другата страна ќе настапи во четврток.

Темнееше грчката амбасадорка во Македонија за време на изнесувањето на фактите од професорите и адвокатите, нарекувајќи ги тезите на другата страна непостоечки и фиктивни. И документот на Викиликс со изјавата на актуелниот заменик претседател на владата на Грција се дополнителна мотивација да истраеме на патот на правдата. Ако ОН знае што е тоа...
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Мислам дека почетокот на јавната расправа помина многу добро , да не речам одлично. Најголем впечаток ми остави професорот Филип Сендс кој на моменти ја бомбардираше грчката страна со сарказам во типично британски стил .

Колку што можев да прочитам од грчките форуми неговото излагање предизвика ‘прекрасни‘ реакции.:icon_mrgr

Кој пропуштил ОВДЕ во pdf формат може да го прочита записникот на јавната расправа.

А утре треба грчката страна да продолжи со својата одбрана. Пренос можете да следите и овде ...

http://www.icj-cij.org/presscom/multimedia.php?p1=6
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Денеска во колку саат имаат закажано пренос?

Во 14 или 15 македонско време?
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
ЦЦЦ оваа како на форум да е. Си зборува некои истории, навредува, зборува за тоа како денешна Македонија била Вардарска бановина!!!

Овие се стварно не нормални, незнам како смеат вакви работи да зборуваат во случај. Си зборува истории, како они имале поголем дел... ццц

Само нашите да не се фатат на замката и да тргнат по нејзин ум.

Арно си зборуваа нашите... така треба да продолжат... да не се лажат по оваа пачаврата.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Мислам дека Грција ќе излезе како победник, и сметам дека што и да пресуди Судот на правдата нема да има никаква промена на релацијата Скопје-Атина...Алијансата во заклучоците јасно нагласи дека, решавањето на спорот со името е критериум за членството на Македонија во НАТО, ова се дел од тезите кои Судот ги слушаше грчките адвокати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom