- Член од
- 6 април 2009
- Мислења
- 6.146
- Поени од реакции
- 2.985
Teшко ќе биде, ептен. Грузија иако ги загуби сите 3 натпревари, денес гледа шанса за влез понатаму. Првата утакмица иако губеа со Холандија, успееа да заводат со 5 и потоа со аматерски грешки да го загубат тој дуел. Со Словенија ептен форсираа 3ки, 3/20, додека Словенците имаа 11 3ки и 57% реализација од поле, тешко се победува некоја репрезентација со таква реализација. Со Грците играа слабо, дури во второ полувреме се разиграа ама беше касно. Не се толку слаби колку што говорат овие 3 порази. Релативно високи играчи се сите, ќе имаме ептен проблеми со скоковите, Шенгелиа е одличен под кош, тешко дека ќе го запреме, Пачулиа колку и да е лош, има искуство и ќе биде доста важен фактор и денес. Уште една работа која ќе одлучува се 3ките, и Грузијците доста шутираат за 3, имаат и доста солидни шутери на кои ако им е денот можат од сегде да погодат, Маркоашвили, Саникидзе, Пулен итн.
Ни треба добра партија од високите играчи, Пеџа, Хендрикс и Трајковски, како и во одбрана и во напад, без тоа и 20 3ки да погодиме ќе биде тешко. Очекувам да изиграат борбено и машки низ текот на цел натпревар како вчера во првото полувреме, само така може да добиеме.