Луѓе што не чуваат домашни миленичиња

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
Ти кажаа погоре како се ствара имунитетот. Луѓе болни по хигиена почесто се разболуваат од заразни болести затоа што имаат послаб имунитет. Избегнувањето контакт со микроорганизмите значи неинформиран имунолошки систем, подложен на болести.
aj pak na humor da ja svrtam...znaci,za da ne stanam peder,prvo treba da me ebat vo gz...mala shala
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
pa bash zatoa ja spomnav filozofijata na nojot ili ,,toa na mene ne moze da mi se sluci,,.Aza higienata...spisok dolg eden meter moze da napraam od luge bolni po higiena pa pak se razboluvat od x raboti
Точно е дека кучињата пренесуваат бактерии, но доколку сопственикот одржува добра хигиена самиот, нема голем ризик да пренесат болест. Мачките, иако навидум почисти, се преносници на поопасни болести бидејќи на забите имаат бактерии кои теоретски може да бидат погубни за човекот. Еве, прочитајте го текстов. Но (намерно големо и болдирано), доколку сопственикот одржува добра хигиена и внимава, домашните миленици имаат исклучиво позитивно влијание на животот на сопственикот. Безброј истражувања докажуваат дека е добро за имунитетот на малите деца да имаат миленици, исто како и за психичкиот развој. Исто така, го исмеа Hiperaktiv, но повеќе на своја штета одиш и покажуваш дека си неинформиран, аутистичните деца навистина имаат терапија со животни. Исто како што и се користат кучињата и мачките за психотерапија и како помошници за луѓе со секакви болести и инвалидитети. Прочитај и види колку кучињата им помагаат на луѓето.
Инаку, јас со мојот имунитет имам пудлица дома која ја чувам веќе добри 14 години. Внимавам, не ја пуштам кај мене на кревет, после секое галење ги мијам добро рацете, итн (тука вметни ги сите мерки за добра хигиена). Порано кога немав никакви проблеми го пуштав кучето и во кревет и немав добиено ниеднаш инфекција од него. Така што, сѐ се сведува на добра хигиена.
Пораснав со тоа куче, и иако е сега стар прдло го сакам како член од семејството. И, да, луѓето што никогаш не чувале милениче не можат да разберат дека иако е "само животинка" има повеќе свест, интелигенција и разбирање од некои луѓе што ги познавам.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
Точно е дека кучињата пренесуваат бактерии, но доколку сопственикот одржува добра хигиена самиот, нема голем ризик да пренесат болест. Мачките, иако навидум почисти, се преносници на опасни болести бидејќи на забите имаат бактерии кои теоретски може да бидат погубни за човекот. Еве, прочитајте го текстов. Но (намерно големо и болдирано), доколку сопственикот одржува добра хигиена и внимава, домашните миленици имаат исклучиво позитивно влијание на животот на сопственикот. Безброј истражувања докажуваат дека е добро за имунитетот на малите деца да имаат миленици, исто како и за психичкиот развој. Исто така, го исмеа Hiperaktiv, но повеќе на своја штета одиш и покажуваш дека си неинформиран, аутистичните деца навистина имаат терапија со животни. Исто како што и се користат кучињата и мачките за психотерапија и како помошници за луѓе со секакви болести и инвалидитети. Прочитај и види колку кучињата им помагаат на луѓето.
Инаку, јас со мојот имунитет имам пудлица дома која ја чувам веќе добри 14 години. Внимавам, не ја пуштам кај мене на кревет, после секое галење ги мијам добро рацете, итн (тука вметни ги сите мерки за добра хигиена). Порано кога немав никакви проблеми го пуштав кучето и во кревет и немав добиено ниеднаш инфекција од него. Така што, сѐ се сведува на добра хигиена.
Пораснав со тоа куче, и иако е сега стар прдло го сакам како член од семејството. И, да, луѓето што никогаш не чувале милениче не можат да разберат дека иако е "само животинка" има повеќе свест, интелигенција и разбирање од некои луѓе што ги познавам.
i super,bravo,no toa ne ti dava za pravo da mislish deka ti gi sakash poveke lugeto od mene,od tuka trgna muabetot (bate bate sho planiraame a sho izleze-go znaete vicot) a inaku sekoj si ima licni pricini zoshto cuva i sekoj si ima pricini zoshto ne cuva
--- надополнето: 10 август 2012 во 13:14 ---
Мan i feel sorry for you.You will never feel how is somebody to be happy for you for that what you are.
dont eat shit
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
i super,bravo,no toa ne ti dava za pravo da mislish deka ti gi sakash poveke lugeto od mene,od tuka trgna muabetot (bate bate sho planiraame a sho izleze-go znaete vicot) a inaku sekoj si ima licni pricini zoshto cuva i sekoj si ima pricini zoshto ne cuva
Не мислам, само мислам дека ти си со позатворен ум од мојот, ништо друго :D Муабетот "јампала Гостивар" ти го изврте со бактериите и газовите.
Инаку, Bезилка, можеби погрешно ја постави темата или погрешно ги гледаш луѓето. Тие луѓе не се оперирани од чувства, само не им е разбирањето развиено во таа насока за да сфатат како може да се прифати животинче како член од семејство, можеби затоа што не чувале милениче никогаш, а можеби и затоа што едноставно има луѓе кои не сакаат животни што не значи дека и не сакаат луѓе.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Цел живот со кучиња и мачки го поминав. Повеќе кучиња. Сите ги сакав, но не толку како лабрадорот - ретривер пред некоја година. Вкупно 5 години заедно. Од мало спиеше со мене или со брат ми. Не поднесуваше да биде сама. Куче од 35 кила се тресеше од ладно и се тргавме од пред гралката за нејзе да и биде топло. Ја носев во раце преку мост оти и беше страв од мостови и вода. Во 6 саат чекав да отвори продавницата за да и купам паштета. Среде ноќ имаме варено супи. Во 6 саат се јавував по доктори кога настина и и се укочија нозете. Немам отидено на работа оти кучето ми е болно. Реков дека јас сум болна. Јадевме заедно. Залче мене, залче нејзе. Се буткаме кој повеќе да фане од креветот за спиење. Ја бацував на главата, ме лижеше по рацете. Бели влакна цела куќа, а јас само црни алишта на мене.

И сето горенаведено наидуваше на реакција од нечувачите. Како можеш у соба да го пуштиш? Што му готвиш, дај му леб сув, куче е тоа. Како бе спие до тебе укревет, не се разболуеш? Не идиоту, децата што живеат со кучиња се поимуни на глупи бактерии отколку вашите под стаклено ѕвоно. Не ти е гад да јадете заедно? А тебе не ти е гад да јадеш со жена ти заедно? Она не мие раце после веце и погрда е од моето куче.
Комшиката се крстеше на следнава случка - брат ми на викенд, кучкава не може да се помири дека го нема. Преседе 2 дена до портата без да јаде и да пие. За да не се разболи, му ѕвоневме на мобилен, и го ставивме на уво и кога го слушна стана почна да трча и да јаде. Комшиката мислам дека за малце и Бардовци ке не пријавеше.

И некој идиот ја отру.Ја уби. Плачев како мало дете. Прв пат и последен пиев апчиња за смирување. Плачев во полиција за да најдат кој е. Не најдоа. Уште ми фали. После 3 години не можам да се помирам дека ја нема. Тетка ми одеше на инекции од стрес.Изгубивме член на семесјтвото.Уште спијам понекогаш со собрани нозе за да има место за неа. Уште ја спомнувам. И комшиите, нормално, ај ма па ти, имаш друго куче. Луѓе, како да ви објаснам дека и кучињата имаат карактер? Дека се различни? Дека јас не сум чудак што ги сакам, туку вие што не знаете да сакате животни? Јас не ве осудувам, разбирам дека не ве научиле да ги сакате од мали, дека не ја познавате таа љубов, и тоа е сосема во ред. Не сте криви вие, криви се вашите родители. Ама ако мене ме научиле да сакам животни, да сакам луѓе, да правам се како за едните така и за другите, значи ли дека сум неслам?

Ама водржано им одговарам. Да, го сакам кучето. Да, му купувам играчки и јадење. Да, го бањаме со саати. Да, луда сум. Не ти чинам? Шо да праиш, различни сме. Јас иам срце како планина, имам место за кучиња и мачки. Твоето е мало, има место само за тебе. Живот, судбини.
Многу ме допре ова.
Можам само да претпоставам колкава ви била болката.
А за тој монструмот што ви го отрул кучето, да даде Бога преостанатиот живот да го помине на електрична столица, или во најдобар случај казната да си ја добие од него.

Инаку во врска со темава, јас сум голем љубител на кучиња, имам(е) чувано една пудлица(15 години, малку ја памтам),, и едно без раса што го имам приберено. И замисли бидејки кучето (ова второво) дека лаело, до ден денес не сме во најдобри односи со сите комшии во околината. Болен народ.
Инаку второто куче не го исчувавме до крај, горе доле од тие причини, дадено е во вардариште.
Јас бев мал, немав право на глас. Причината беше дека со сите комшии сме биле скарани и дека можело да ми пренесе крлежи.
Можам да претпоставам што му се има случено.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ја вртите од контекст темава. Не реков дека луѓето што не чуваат животни се болни и треба да се убијат, затоа што има луѓе кои не чуваат, ама сепак ја разбираат поврзаноста помеѓу миленичето и човекот, па си молчат и не коментираат ништо.
Имаш убава тема, затоа и отворив да ја прочитам, додека не видов како „ме вреѓате“:
Тие што немаат чувано животно поради тоа што не сакаат (не затоа што не можат), не сакаат ни луѓе. Егоцентрични се до даска, дури и своето родено дете се спремни да го шутнат на буниште.
Ниту ви влегувам во темите за животни, ниту некогаш ви се мешам. Али сега ги разбирам оние што ви мрчат по цел ден низ темиве, значи навистина ги вреѓате.
Оти не сум сакала животни ќе си го шутнам детето. Мислам од каде ви идат грозоморниве споредби не ми е јасно.
Мене вие што сакате животни не ми сметате, баш ми е мило да си сакате животни и нив треба некој да ги сака. Единствено што ми смета е некој да ме допре од кога ќе допре куче или мачка, со немиени раце. Ми смета и си се тргам настрана, ниту го напињам ниту ме интересира што прави со миленичињата. Само мене да не ме гњават. Од куче имам страв, а мачката ми е језива да ме допира.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
aj pak na humor da ja svrtam...znaci,za da ne stanam peder,prvo treba da me ebat vo gz...mala shala
Де па ти од еднаш не се станва педер.
Инаку генерално сум против твоето мислење за заразите и домашните миленичиња или ако тие подобро чување на некоја личност под стаклено звоно.
Не сме ние од вчера еволуирани па да нашиот организам не знае да се справи со некои болести. Напротив нашиот имунитет делува на начин што учи и се приспособува. Ако ти му го скратиш таа можност да се запознае и да се приспособи како очекуваш да тој биде јак. Па наједноставна инфекција или зараза која кај некој би поминала само со црвенило, кај некој би имала многу потешки последици дури и смрт.
Тоа ти иди исто како да си ставил антивирусна програма и не ја апдејтуваш никогаш, дали очекуваш дека таа ке те заштити од најновата генерација на вируси.
Да скратам чувањето на домашен миленик па макар и во не идеални услови не може повеќе да му наштети на никој отколку што ке му помогне. Има исклучоци но генерално придобивките за имунолошкиот систем се каде каде поголеми во смисла на негово јакнење и приспособување, а тука нема да навлезам во градењето на некоја личност која пораснала со некое животинче покрај себе.
Ете скраја да е цел живот сум со животинчиња опкуружен, од деца пред зграда што сме чувале некоја џукела(далеку од хигиенски услови од типот на вакцнирана, исчистена од глисти и болви ) па нити јас нити некој памтам да му се случило ношто што било на овај или онај начин поврзано со животното кое сме го чувале и сме играле и сме го галеле и сме јаделе сите заедно. Па кога пораснав ете и сега имам џукела која е нон стоп во контакт со други кучиња и по некоја мачка. Додуша исчистено е од глисти и болви ама тоа е повеќе за него отколку за мене. Бувот ми идеше како бонус(y)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Единствено што ми смета е некој да ме допре од кога ќе допре куче или мачка, со немиени раце.
Е исто и мене. Може малку чудно со оглед на тоа дека имав куче (малтезер), го обожавав, прекрасни се и многу мили, ама сепак, животинче си е животинче. Да не ви кажувам колку сапун трошевме дома:D

Претеризам е на пример ова: мои комшии чуваа доберман и една вечер и појдов на гости. Женава извади колачи во тањир, да не послужи. Кога гледам, доберманов оп, си лапна од колачов од тањирот, а комшикава ни два ни три, иако го виде инцидентот, го зеде тањирот и ми вика: Ајде, повели послужи се, земи си колаче:facepalm::sick:

Сакање, да, но со усул;)
 
Член од
9 август 2012
Мислења
18
Поени од реакции
13
i super,bravo,no toa ne ti dava za pravo da mislish deka ti gi sakash poveke lugeto od mene,od tuka trgna muabetot (bate bate sho planiraame a sho izleze-go znaete vicot) a inaku sekoj si ima licni pricini zoshto cuva i sekoj si ima pricini zoshto ne cuva
--- надополнето: 10 август 2012 во 13:14 ---

dont eat shit
:)
Како да ти кажам,бог да не чува од такви како тебе,демек сте перфекционисти.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас мислев да имам деца али зашто не чувам милениче, се решив да немам деца зашто после морам да ги шутнам на буниште. Така викаат сопствениците на миленицичиња...

Што мислат сопствениците на пчели ме интересира за оваа тематика. Осеќам дека имаат доста негативен став кон сопствениците на миленичиња кои се гадат од бубачки.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас мислев да имам деца али зашто не чувам милениче, се решив да немам деца зашто после морам да ги шутнам на буниште. Така викаат сопствениците на миленицичиња...

Што мислат сопствениците на пчели ме интересира за оваа тематика. Осеќам дека имаат доста негативен став кон сопствениците на миленичиња кои се гадат од бубачки.
Кои сопственици викаат така?
А и зборот колку го мразам... сопственик...:confused:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Кои сопственици викаат така?
А и зборот колку го мразам... сопственик...:confused:
Кои? Погоре имаше цитат околу тоа. А и сум слушнал често.
Ок, не сопственик. Миленици на миленици. Ок, сеа?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Кои? Погоре имаше цитат околу тоа. А и сум слушнал често.
Ок, не сопственик. Миленици на миленици. Ок, сеа?
Па ќе кажеш кој вели така, наместо да ги ставаш сите миленици на миленици во исто купче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom