Ја прочитав цела тема и само си мислам со вакви луѓе на светов и ја ќе почнам да се врзувам емоцонално со животни.
Толку мржња, толку предрасуди.... А што би им направиле на таквите што не се како вас, да те бог сачува....
Абе, нели вие требаше да бидете оние хуманите?
Никогаш не сум чувал миленик, не зошто не сум сакал, туку зошто не сум имал услови и моите не се согласувале со таа идеја. Нормално како дете сакав. Сакав и куче и маче, што и да беше ќе завршеше работа. Јас сум единец, што значи немав премногу друштво по дома. Затоа повеќе време трошев на телевизија и компјутери. Ете една причина зошто да се чуваат миленици.
Нема сомнеж дека се корисни за мали деца. Има научни докази што ги потрекпуваат тие твдења.
Ако сега помислам, со овој памет, мислам дека не би сакал имам миленик. Ко прво, ако би имал миленик тогаш дефинитивно тоа би било куче. Без конкуренција се подобри миленици од едноставно причина што се приврзуваат за тебе и ти ја враќаат љубовта и грижата која им ја посветуваш далеку повеќе од другите алтернативи пр. мачки, хрчаци, папагали, желки, риби итн....
Им нема конкуренција во тој поглед.
Ама сега на 24 ги гледам само како уште една обавеза. Само негативните страни ми паѓаат на памет: треба да се шета, да се рани, да се бања.... да се чува со еден збор, некој да преземе одговорност за него и да се грижи за сите потреби што може да ги има. Плус тука е и трошокот. Башка ќе лае, ќе си имам проблеми со комшии. Тука се сите оние ризици: да го отрујат, да го згази кола... сешто.
Она што јас се прашувам е зошто некој повеќе би преферирал да формира емотивна врска со миленик, со животно, отколку со човек? Зар врската со човекот, било тоа да е партнер или свое дете или родител или пријател, што и да е, нема да донесе повеќе среќа отколку миленикот? Разбирам дека има такви случаи кога е оправдано да се чува миленик, како примерот што го спомнав со мало дете, ама се плашам дека се повеќе луѓе, можеби во странство повеќе отколку кај нас, ги чуваат за да го добијат она друштво и љубов што не го добиваат од луѓето. Милениците им служат како лесно достапна замена за она вистинското. За да добијам љубов од животно треба само да го хранам, да му ги задоволувма потребите до некаде и да му обрнувам внимание одвреме на време. За да добијам љубов од човек треба малку повеќе
Некои ги чуваат зошто имаат потреба да чуваат нешто мало и беспомошно. И жал им е да ги гледаат како се мачат.... Ама ако ви се троши време и пари на такво нешто, бебе е сто пати подобра алтернатива.
Како и да е ако ти треба некој да сакаш, сакај човек. Не викам дека е лошо да се чува и да се сака миленик ама подобро е да се потроши тоа време и пари и се на човек.
Впрочем, куче не може да живее подолго од 15-20 години. Ние луѓето тераме далеку подолго од тоа