Луѓе што не чуваат домашни миленичиња

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.713
Поени од реакции
18.420
Кучето се врзува за човекот,а мачката за околината.Неможеш да го добиеш истото внимание како од кучето така и од мачката.Кучето ќе те сака и ќе мисли на тебе,ама мачката ќе те сака само кога и треба јадење,а тоа е највеќе 5 минути во денот!
Митови....
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Кој како свати,сепак и од двете добиваш љубов,но секој кој чувал и куче и мачка ке се согласи со тоа дека кучињата се каде каде по приврзани за газдата одошто мачките.Вие можеби не сте чувале куче да ја видите разликата.Не е да ги оцрнувам,јас чувам мачка, и многу си го сакам,ама пример кучето многу повеќе ми се радува одошто мачката.
Замислете вака,ве нема,одите на пат,ве нема 10 дена се враќате...
реакција на кучето: Уште пред куќа осеќа брмчењето на автомобилот,со нетрпение сака да види кој е...тропнувате на врата,а тоа веќе доловило дека сте вие,скока од кревет,опашот почнува од крај во крај да му оди,му блескаат очи,кога влезеш уште што не ти скокнало в раце,те сака...поддај му јадење,ќе го игнорира,тебе ти се радува! Фрли му ја омилената играчка-ма не бе,те немало долго време сака да надокнади!

реакција на мачката: ништо не осеќа се додека не се отвори врата и не се повика..
доаѓа,те гледа мјакнува 2-3 патимја погалуваш и веќе одошто ја галиш почнува да станува нескротлива сака да ја оставиш.И даваш јадење,веднаш јаде и оди да се мие,исто како да си бил со неа цели 10 дена...
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Не дека ги сакам сите животни, ама сите животни ги почитувам. Не зборувам за мачка и куче, кои сите ги ги имаат по дома, зборувам за секаква форма на живот.
А мачки и кучиња порано чував дома, расни кучиња расни мачки, ми ги поклонуваа со педигре и све тоа. Сега више не ми е кеф да чувам и размазувам дома животни, него те некое бедно од улица да го чувам у двор, еве моментално имам у двор едно такво одерено на врат, зашто било вржувано некаде со некое јаже и се борело за да се ослободи, и сега спие тука под мојот прозор и не давам никој да му подвикне а камоли па да го пипне. Претходно па имав едно искривено цело, кога се движи мора да е потпрено до зид, лаеше по све што мрда, и на ветар му лаеше, абе параноја невидена којзне што има преживено. Ама го направив џукела ипол за 2 години. И после ми замина некаде, оно сите така после сезона две-три откако ке се оправат идат некаде, по некоја кучка ваљда. Можда нешто лошо им се има случено после тоа, ама битно има поминато некое време кај мене, ке ме памти. :)
За мачки немам многу да кажам, они се паметни, те ги, исполегнале низ дворот кога идам ноќе неможам ни да ги видам ке ги згазам, трчат мават пеперутки.
И така...
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Чувам мачор али не му се потресувам многу многу, кога имаме желба за играње се играме, кога не секој си тера своја работа. Мислам дека тоа го прави да биде посреќен, а не ако трчам по него секоја секунда или да морам да знам каде е. Ако самиот реши да не се врати дома неколку недели, тоа е негова одлука, доволно голем е да носи свои одлуки (6кг и 2 години). Ако си замине и никогаш не се врати, ќе си земам ново маче и јово на ново.

Сега во која категорија спаѓам? Никогаш не сум осетил љубов или ќе си ги убијам своите деца на спиење?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас мислам дека луѓето кои не чуваат домашни миленичиња, или кој не дај Боже никогаш не чувале, се бесчуствителни говеда кои треба да се истребат од лицето на Земјата.

Оние пак кои чуваат (како Хитлер на пример, кои секогаш имал куче) се морално супериорни, и се вистински луѓе.

Лесно може да се заклучи дека имањето домашно милениче е лакмусовата хартија за степенот на моралност на еден човек...

:cautious:

OK, сите кои не разбраа дека ова е иронија веднаш да си ги земат лајковите назад.

:facepalm:
 

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Не дека луѓето што не чуваат не знаат да сакат, ама го немаат тоа чувство за одговорност, љубов кон нешто што ќе ти мавта само со опавчето.
Хммм, можеш исто љубов да почувствуваш кон нешто што се мавта како опавче, без да треба дома да го чуваш и да го храниш.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Чував доберман и имаше стандард муабети од комшии дај побрзо отараси се од него му расне нешто у главата и пред да умре му пука и ке те изеде тебе не е играчка жити се не само тебе сите не загрозуваш. Или моменто -200 надвор ѕивра а доберманов поосетлив на ладно и претжно дома седеше. А имавме една мрдната комшика само што се досели од село и таква влага на кафе. И почиња да хистериша па вие не сте нормални куче дома чувате ке се испоразболите мене ке ме разболите. Ја накурчен триста и викам до вчера со свињи у свињарник си живеела сеа ми влагаш у куќа и ми се дереш ко улава мрш у пичку матер. Моите занемеа пошто не ме знаат за таков а комшиката и ден денес не ме погледнува у очи ебате ретардираната. Иначе кога и да го земав точакот за на водно беше спремен седнат до каишот нагоре на каиш за надоле ме бркаше по точакот нешто како на клипчево
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Чував доберман и имаше стандард муабети од комшии дај побрзо отараси се од него му расне нешто у главата и пред да умре му пука и ке те изеде тебе не е играчка жити се не само тебе сите не загрозуваш. Или моменто -200 надвор ѕивра а доберманов поосетлив на ладно и претжно дома седеше. А имавме една мрдната комшика само што се досели од село и таква влага на кафе. И почиња да хистериша па вие не сте нормални куче дома чувате ке се испоразболите мене ке ме разболите. Ја накурчен триста и викам до вчера со свињи у свињарник си живеела сеа ми влагаш у куќа и ми се дереш ко улава мрш у пичку матер. Моите занемеа пошто не ме знаат за таков а комшиката и ден денес не ме погледнува у очи ебате ретардираната. Иначе кога и да го земав точакот за на водно беше спремен седнат до каишот нагоре на каиш за надоле ме бркаше по точакот нешто како на клипчево
Ako e mlada i zgodna daj kompenziraj i na nekoj nacin will ya ;)
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
Ја прочитав цела тема и само си мислам со вакви луѓе на светов и ја ќе почнам да се врзувам емоцонално со животни.:) Толку мржња, толку предрасуди.... А што би им направиле на таквите што не се како вас, да те бог сачува....
Абе, нели вие требаше да бидете оние хуманите?

Никогаш не сум чувал миленик, не зошто не сум сакал, туку зошто не сум имал услови и моите не се согласувале со таа идеја. Нормално како дете сакав. Сакав и куче и маче, што и да беше ќе завршеше работа. Јас сум единец, што значи немав премногу друштво по дома. Затоа повеќе време трошев на телевизија и компјутери. Ете една причина зошто да се чуваат миленици.
Нема сомнеж дека се корисни за мали деца. Има научни докази што ги потрекпуваат тие твдења.

Ако сега помислам, со овој памет, мислам дека не би сакал имам миленик. Ко прво, ако би имал миленик тогаш дефинитивно тоа би било куче. Без конкуренција се подобри миленици од едноставно причина што се приврзуваат за тебе и ти ја враќаат љубовта и грижата која им ја посветуваш далеку повеќе од другите алтернативи пр. мачки, хрчаци, папагали, желки, риби итн....
Им нема конкуренција во тој поглед.
Ама сега на 24 ги гледам само како уште една обавеза. Само негативните страни ми паѓаат на памет: треба да се шета, да се рани, да се бања.... да се чува со еден збор, некој да преземе одговорност за него и да се грижи за сите потреби што може да ги има. Плус тука е и трошокот. Башка ќе лае, ќе си имам проблеми со комшии. Тука се сите оние ризици: да го отрујат, да го згази кола... сешто.

Она што јас се прашувам е зошто некој повеќе би преферирал да формира емотивна врска со миленик, со животно, отколку со човек? Зар врската со човекот, било тоа да е партнер или свое дете или родител или пријател, што и да е, нема да донесе повеќе среќа отколку миленикот? Разбирам дека има такви случаи кога е оправдано да се чува миленик, како примерот што го спомнав со мало дете, ама се плашам дека се повеќе луѓе, можеби во странство повеќе отколку кај нас, ги чуваат за да го добијат она друштво и љубов што не го добиваат од луѓето. Милениците им служат како лесно достапна замена за она вистинското. За да добијам љубов од животно треба само да го хранам, да му ги задоволувма потребите до некаде и да му обрнувам внимание одвреме на време. За да добијам љубов од човек треба малку повеќе :)
Некои ги чуваат зошто имаат потреба да чуваат нешто мало и беспомошно. И жал им е да ги гледаат како се мачат.... Ама ако ви се троши време и пари на такво нешто, бебе е сто пати подобра алтернатива.
Како и да е ако ти треба некој да сакаш, сакај човек. Не викам дека е лошо да се чува и да се сака миленик ама подобро е да се потроши тоа време и пари и се на човек.
Впрочем, куче не може да живее подолго од 15-20 години. Ние луѓето тераме далеку подолго од тоа :)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
И кога ќе ми дојдат гости како бе не сфаќаат дека ОНИ СЕ ГОСТИ а кучето тука ЖИВЕЕ. :свиркам:
Ех, јас имав гостинка која упорно инсистираше моево да го однесам кај комшии, нервни напади добиваше како да е питбул или не знам ти каква опасна раса.
Иронијата е во тоа што овие куклиња се само 20 цм високи, и тешки околу 2 кила. Дури и луѓе кои мразат животни или кучиња, се имаат вљубено во ова.







Да, еднаш попуштив, ја однесов кај сосетката, но вторпат не. Немав намера кучето од дома да го бркам заради нечиј патолошки страв. Оттогаш веќе дома ми нема стапнато:)

Ич да не ви чуе за тоа што другите мислат и зборуваат. Милениците не облагородуваат, и не прават да бидеме подобри личности во секоја можна смисла. Уживајте во секој миг поминат со нив, бидејќи многу боли кога веќе нема да бидат со вас. Еве, поминаа 4 години и верувајте дека се уште не можам да ја преболам, навистина како да сум изгубила дел од семејството:(
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Мразам кога чуваат околу мене а камо ли јас да чувам, можеби би чувал некои канаринче или слично во иднина, ако бараат децата...Инаку куче, никад во живот, крв во очи ми се кучиња, најмногу што мразам....
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Никогаш не сум чувал домашно милениче, единствено како мал на кратко чував лилјак. Веќе неколку месеци одвреме-навреме ги ранам мачките Калиси и Ејгон од пред зграда. Се важи тоа, или сепак сум простак опериран од чувства?
Сега си на ниво на Дрого.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Јас се очовечив пред некој ден. Чувам мал бел лабрадор. Ако комшијата му посегне по животот има да го види нечовекот во мене. Го држам на око 24/7.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom