Луѓето кои дале отказ отсега ќе можат да се пријават како невработени

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Луѓето кои своеволно дале отказ на работните места отсега ќе можат да се пријават како невработени и да добиваат здравствена заштита. Уставниот суд укина еден член од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, потенцијално засега десетици илјади луѓе во Македонија. Од движењето „Ленка“, кое заедно со здружението „Магна Карта“ ја поднесе иницијативата до Уставниот суд, велат дека бројот на луѓе кои своеволно даваат отказ во земјава е мал. Сепак, многу повеќе има работници кои газдите ги присилуваат да потпишат бланко-отказ уште кога почнуваат со работа. На овој начин, компаниите ги заплашуваат вработените, а кога ќе ги отпуштат, имаат пишан доказ дека тие всушност сами се откажале од работата.

Работничките права во Македонија ги кршат и државата и приватниот сектор, а делумна причина за тоа и слабата информираност на граѓаните, велат од „Ленка“. Законите кои ја уредуваат оваа област, со години трпат измени, кои редовно одат на штета на работничките права, а во корист на државата и работодавачите.

Во последната анкета која ја спроведе компанијата за истражување на пазари ГФК, Македонија е на дното според подготвеноста на работниците да го сменат работното место - секој петти вработен изјавил дека би ја напуштил сегашната работа, без оглед на тоа дали е задоволен од неа. Во исто време, Македонија води според лојалноста на работниците кон работодавачите. Сепак, оваа лојалност според експертите не потекнува од добрите услови за работа во македонските компании, туку од стравот кај вработените дека ако си одат, потоа тешко ќе најдат каква било работа.


http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=38362

А бе робовладетелска земја сме ние или што?
До сега важело ако си дадеш отказ тоа е тоа?
:eek:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
А бе робовладетелска земја сме ние или што?
До сега важело ако си дадеш отказ тоа е тоа?
:eek:
Ако своеволно дадеш отказ треба да поминат неколку месеци за да можеш пак да се пријавуваш на заводот за сини картони, ама после ова тоа нема да важи.
Колку сме робовладеталска земја кажува друга работа, а тоа е едно истражување од пред 4-5 години, дека ако се почитува моменталното работно време од 8 часа би имало нови 100.000 вработени. Тоа е поодамна ама сигурно ништо не е сменето од тогаш.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
А зарем досега оние што самоволно дале отказ немале право да се пријават на берзата на труд и да добиваат здравствена заштита? Навистина не сум знаел..... Исусе Боже, па кој идиот можеше да донесе таков закон. Па ни Биафра, Занзибар Тунгузија.... Афганистан-Бананистан немаат такви закони!.... Да не се почитувале толку човековите права!? ееее навистина идиоти не прават! Елементарни познавања да се немало за почитување на човекови права!
Значи еден затвореник, криминалец убиец.... на кого му се ограничени човековите права, сепак има право на бесплатна здравствена заштита, а некој таму јадник кој веројатно имал причина да си даде отказ НЕМАЛ ПРАВО! .... Неговите права биле по-ограничувачки! Прости им Боже ама незнаат што прават!
Па добро бе идиоти, зарем никој не ја чита преамбулата на Уставот каде што ова право е загарантирано.... Македонија е ДЕМОКРАТСКА, ПРАВНА, СОЦИЈАЛНА.....
Се прашувам како можеш со закон да им го скратиш УСТАВНОТО право на некоја категорија ЛОЈАЛНИ граѓани, кои плаќаат данок, кои ако не сега некогаш оделе во војска на оваа држава, можеби и војувале за неа..... како можеш правото на примарна здравствена заштита да не им ја овозможиш на некои луѓе, а се декларираме за демократска држава и тежнееме за влез во Европа!?
У ствари може! Ама нека го сменат уставот, нека ги сменат Уставниот суд.... нека се викаме Америка....!
Или Животинска фарма..... сеедно.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Ако своеволно дадеш отказ треба да поминат неколку месеци за да можеш пак да се пријавуваш на заводот за сини картони, ама после ова тоа нема да важи.
Колку сме робовладеталска земја кажува друга работа, а тоа е едно истражување од пред 4-5 години, дека ако се почитува моменталното работно време од 8 часа би имало нови 100.000 вработени. Тоа е поодамна ама сигурно ништо не е сменето од тогаш.
Mожеби затоа кинезите заработуваат повеќе од нас :eek:

(4000-5000 долари годишно , 4000dolari- 2800 eur)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А досега имало ваков закон, е какви се не глупости од закони се имаат донесено и допрва ќе се носат под знаме (диктат) на ЕУ.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
569
Поени од реакции
339
А досега имало ваков закон, е какви се не глупости од закони се имаат донесено и допрва ќе се носат под знаме (диктат) на ЕУ.
У оваа наша државичка се ќе смислат а чисто сумњам дека знаат ско која цел смислуваат нови закони, чисто сумњам дека знаат што прават
 

Kajgana Shop

На врв Bottom