Луцидни соништа

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Едит: идејата на Инсепшн не е оригинална, овие што пишуваат по порталите не знаат дека има постари филмови од каде идејата е земена.
Mислењето не е за идејата на инеспшн али да.
 
L

Lu

Гостин
Кога веќе го спомнавте Инсепшн, ќе го спомнам и Матрикс кој што мислам дека има поврзаност со Луцидните соништа :)

Еве цитат од филмот Матрикс:

Morpheus: Have you ever had a dream Neo, that you was so sure was real ? What if you were unable to wake from that dream, how would you know the difference between the dreamworld and the real world ?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
денеска го имав најлуцидниот, најреалниот, најбистриот сон..
Во сонот имав толкава свесност дека е сон што сите сетила ми беа 100%, неможев да одредам ниедна разлика од реалноста само тоа што ми се појавуваа некогаш рандом работи на рандом места кај што не треба да бидат. Во сонот се вратив во минатото и дури осетив како е да го возам мојот точак кој ми го украдоа .. ептен беше реално, потоа можев и да осеќам како гризање на рацете болка (кога се степав со едно ме гризна за рака), што е многу чудно бидејќи во сон обично немаме чувство за осет? кога се разбудив ептен бев среќен бидејќи покрај многу вакви сонови ова беше посебно доживување
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Ех као неможев ја ова да го праам, ќе си праев бујни фантазии со комшиката

Член од
25 мај 2012
Мислења
1
Поени од реакции
1
Како до луциден сон?

Луцидни сништа се оние во кои сте свесни дека сонувате. Постојат повеќе видови луцидност во сонот, од бледо сфаќање дека сте во сон, па сѐ до целосна контрола на настаните во светот на сништата. Доколку сакате да сонувате луцидно, тогаш можете да вежбате, следејќи ги овие совети.
1. Во текот на денот, секогаш кога ќе се сетите, запрашајте се: „Дали сум буден?“ и притоа направете некој ритуал за проверка на будноста (на пример штипнете се за рака,). Ако доволно често го правите ова, за кусо време ќе се сетите да го направите и во сонот.
2. Водете дневник на сништата. Чувајте го блиску до креветот и запишете што сте сонувале, веднаш по будењето, за да не заборавите некој детаљ. Овој чекор веројатно е најважен на патот кон луцидниот сон.
3. Проверете кој период е најдобар за луциден сон. Според истражувањата, најголем број луцидни сништа се случуваат во дремките по утрински прошетки, во текот на РЕМ фазата од сонот (непосредно пред будењето) или пак во ситуација кога имате прекинат сон. Искористете ги овие периоди за вашата вежба.
4. Обидете се со техниката на Стивен Лаберже. Наместете го алармот да ве разбуди на 4 и пол или 6 часа откако ќе си легнете. Штом ќе се разбудите, обидете се да се сетите што сте сонувале. Кога ќе се сетите, замислете си ја сликата во главата и вратете се во кревет.
Постојано повторувајте дека ќе се вратите во истиот сон (користете автосугестија) и кога ќе знаете дека сте си се убедиле, заспијте. Не грижете се ако е потребно подолго време. Колку подолго се обидувате, толку е поверојатно дека ќе успеете да влезете во истиот сон, овојпат свесно.
5. Обидете се со техниката на будење и повторно заспивање. Наместете го часовникот на 5 часа по легнувањето. Откако ќе се разбудите, останете будни еден час и во тоа време постојано мислете на луцидноста. Потоа одново заспијте, користејќи ја претходната техника.
6. Истражете ја темата луцидно сонување. Гледајте филмови со таква тематика („Небо од ванила“), побарајте нешто повеќе на интернет или пак прочитајте некоја книга што го објаснува феноменот.
7. Бидете активни во соништата. Замислете си цел и со сите сили трудете се да ја остварите.
Откако ќе ја совладате техниката на луцидно сонување, ќе можете да бидете во целосна контрола на соновите, секогаш кога ќе посакате. јас не сум имал али уште учам пробајте и вие со ова
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Ми се има случено повеќе пати и закон е, прво паѓам од мост и адреналинов ми пука гледам дека е интересно и пробав повторно да рипнам и ми успеа, освен ова имам и летано, многу е јако само малку трае, и дел од случката ја заборавате дел ја памтите... :vozbud:
 
Член од
7 август 2010
Мислења
150
Поени од реакции
50
Значи човечкиот мозок е чудо.
Незнам зошто, но баш вечерта ја читав цела оваа тема за луцидно сонување (а читав исто така и за астрална проекција) и сега сабајлево баш ми се случи за малку да имам луциден сон.
Мислам дека ова сега сабајлево што ми се случи е последица на тоа што пред да си легнам размислував дека ќа имам луциден сон (па и астрална проекција, зошто да не :smir:).
Ова сега што ќе го напишам ми се случува втор пат.

Си легнав вечерта околу 23 часот и пробував да имам свесно луциден сон (инаку често медитирам и можам да си ги контролирам мислите и дишењето).
И си легнав, лежев на грб, па се опуштив скроз, ги исклучив мислите (буквало на ништо не мислев), па после почнав да чувствувам мали вибрации по телото, али колку и да се трудев да се одржам будна јас сепак заспав.
И еве што ми се случи сега пред да станам :vozbud:
Сонував дека таткоми пред зграда ја паркирал нашата кола (инаку нова е, Мицубиши пред 1 месец ја купивме) и паркирајки ја, ја удрил напред и се искршила кај светлата.
И јас кога видов што се случи со колата почнав да се карам со таткоми и да му викам дека требал да пази како ја паркира.
И од толку многу што ми беше криво за колата и бев изнервирана во сонот се разбудив.
И сега следува најинтересното што ми се случи.
Во тој момент кога се разбудив ( 7 сабајле) одма ми текна дека тоа со колата било само сон.
И во тој момент се сетив дека на интернет читав дека има најголема можност да имаш луциден сон доколку се разбудиш и повторно да заспиеш.
И во тој момент си продолжив да лежам и го оставив телото да ми заспие, а јас во себе си мислев „будна сум и будна ќе останам„ и абе не поминаа ни 10 секунди (ваљда во тој момент телото ми заспа а свеста ми остана будна) и само почувствував како бран (чувството ми беше буквално како бран) како да ми се двои свеста од телото, како во тој момент да излезе нешто од мене.
И знаев дека повеќе не се наоѓам во телото туку сум надвор од него и ми беше се темно пред очите и ми се појавуваа некои така зеленкасти недефинирани ствари (слично како кога подолго време гледаш во сонце) и оп во тој момент сама од себе посакав да се разбудам и буквално чувството го имав како премотувење на филм, повторно го почувствував тој бран но овојпат како ми се враќа нешто во телото, и веднаш по тој бран во истиот момент се разбудив.

Многу интересно и возбудливо искуство е, само оној кој доживеал вакво нешто ќе знае за што му зборувам и какво е невообичаено чувство, а оние кои не доживеале е џабе да им се објаснува бидејќи за ова чувство не се наоѓаат соодветни зборови.
Многу ми е мило што полека полека напреднувам, па можеби наскоро ќе имам луциден сон.
И ДА, дефинитивно таа техника на будење и прекинување на сонот, и повторно заспивање кај мене даде резултат.

И имам едно прашање,
Дали и вие исто така сте го почувствувале тој бран, буквално како нешто да ви се двои/излегува од телото?
Ова повеќе личи на астрална проекција
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 20:43 ---
Да и мене истото ми се случи претходниот пат, имав некој чуден звук во ушите како да ми зуеа и во главата осеќав притисок и од што ми беше тоа чувство чудно и невообичаено одеднаш се разбудив.
Мене ми се има случено истото со зуење и притисок во главата и си викам сега можам да ја одвојам свеста од телото (така имав читано) ама ме фати страв и си викам ај друг пат и ми се нема случено од тогаш:(
 
M

Muranyi

Гостин
Одамна не паметам дека имам сонувано,односно не си ги паметам соновите во последно време.Пред некоја вечер ја отворив темава,ја прочитав цела и вечерта ми се случи после толку време да сонувам и да си го запаметам сонот.Но не успеав да станам свесен дека сонувам,па така ништо не излезе од луцидноста:)
Порано многу често ми се случуваше спиејќи да доживеам парализа во сон и навистина е многу непријатно чувството,некое време дури и ми беше страв да заспијам зашто многу тешко можев да се ослободам од таа состојба,многупати се имам будено и со тахикардија.Во некои случаеви,парализата ми се случуваше при сонови со непријатна содржина,во кои успевав да станам свесен дека сонувам со оглед на содржината на сонот.И баш тогаш,во сонот ме фаќаше паника,не знам поради која причина и наместо да си ги контролирам настаните во сонот и на некој начин да си го проектирам сам(да станам луциден) јас завршував со парализа во сон,неможејки да се разбудам.Зошто не можам да го контролирам сонот кога станувам луциден и ме фаќа страв?Постои ли начин да се надмине оваа состојба?
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
јас завршував со парализа во сон,неможејки да се разбудам.Зошто не можам да го контролирам сонот кога станувам луциден и ме фаќа страв?Постои ли начин да се надмине оваа состојба?
sleep paralysis ти е тоа , се случува пред потонување во сон и пред будење од сон(или на друг начин, кога духот се спрема да го напушти телото и обратно).
Тренинг,така се воспоставува контрола и се губи стравот,на сите им е така после неколку луцидни сонови,со секој нареден ќе се имаш контрола над духот и ќе се изгуби непријатното чувство,досега сигурно како некоја енергија да ти го влече неконтролирано "телото",обиди се да воспоставиш баланс и полека да се одвојуваш од телото.Или напрај ја онаа финта,пробај да упалиш светло коа си у луцид,ќе видиш дека сепак е темно во просторијата(имаш некоја почетна контрола).
Совладај основни работи, па за некоја година ќе можеш и астрал да одиш.
Кој лесно доаѓа до луциц тој е шаман.
Среќно.
--- надополнето: 19 јануари 2013 во 17:44 ---

Во духови и астрални проекции не верувам,не ми е ни целта астрална проекција,далеку од тоа.Едноставно,сум скептик во тој поглед,сепак не исклучувам како можно,дури не доживеам.
Инаку,не чувствувам енергија да ме влече,но чувствувам присуство на некоја енергија и доживувам сензации како морници по цело тело,посебно вратот-најинтензивно и грбот и како просторијата околу мене се затемнува,цела сцена од сонот се губи и јас одеднаш ја гледам собата каде што спијам,а очите ми се затворени и не можам да мрдам.Еве да кажам дека можеби вкупно 5 пати сум бил луциден во сон и сите пет пати ми завршувал сонот со парализа.А многупати парализа сум доживеал непосредно,како што велиш ти,пред будење.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Одамна немам сонувано луциден, сакам а неможам, де пишете шо вежби практикувате за да го добиете тој сон?
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Во духови и астрални проекции не верувам,не ми е ни целта астрална проекција,далеку од тоа.Едноставно,сум скептик во тој поглед,сепак не исклучувам како можно,дури не доживеам.
Инаку,не чувствувам енергија да ме влече,но чувствувам присуство на некоја енергија и доживувам сензации како морници по цело тело,посебно вратот-најинтензивно и грбот и како просторијата околу мене се затемнува,цела сцена од сонот се губи и јас одеднаш ја гледам собата каде што спијам,а очите ми се затворени и не можам да мрдам.Еве да кажам дека можеби вкупно 5 пати сум бил луциден во сон и сите пет пати ми завршувал сонот со парализа.А многупати парализа сум доживеал непосредно,како што велиш ти,пред будење.
Самиот збор - луцид,доволно јасно ти е дека нема скептицизам.
Парализата те кочи тебе,тоа е најпроблематичниот дел(коа очите ти се затворени а ја гледаш собата).Нели викаат очите се огледало на душата.
Друго е да си луциден откога ќе почнеш да сонуваш(тоа најчесто се случува изненадувачки).Тебе те фаќа страв и несвесно се будиш од луцидниот сон и затоа ја осеќаш парализата(која трае едвај минута пропратена со чуден страв).
Затоа е тој тренинг.Победи го стравот ќе тераш лудицно без враќање кон парализата(будење).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom