Лукот како топач на масти?

  • Креатор на темата Stef Bachatero
  • Време на започнување
S

Stef Bachatero

Гостин
Лукот е познат по своите многу здрави бенефиции, вклучувајќи помагањето да се спречи згрутчување на крвта и намалување на висок крвен притисок. Лукот сега се изучува како топач на маснотиите.Научниците теоретизираат дека лукот може да помогне да го спречи зголемување на телесната тежина, па дури и може да предизвика губење на тежината. Лукот содржи алицин, кој го потиснува апетитот.
Здрави состојки
Соединенија алицин и диалалил сулфид,соединенијата кој содржат сулфур, се главните состојки и се наоѓаат во лукот кои помагаат за подобро здравје. Алицин се уништува кога лукот е варен, но лукот, исто така, содржи антиоксиданси витамините А, Ц и Е, како и минералот селен.
Лук и губење на тежината
Истражувачите од Вајцман Институтот во Израел спроведоа експеримент со глувци за да се види дали лукот помога во намалувањето на хипертензија, спречување на срцев удар и дијабетес. Глувците биле хранети исхрана полна со шеќер во рок од три недели, една група на стаорци им било додадено алицин. Групата со алицин имале понизок крвен притисок, како и побрза метаболизација на шеќерот од другата група. Истражувачите исто така откриле дека глувците со помош на соединението алицин не добивале на тежина, додека другата група на стаорци добивале тежина.
Како лукот помага во губење на тежината
Лукот делува со испраќање на мозочните сигнали на ситост. Овие сигнали им помогаат на лицата да го успорат јадење и со тоа помалку да јадете. Лукот, исто така, го зголемува метаболизмот. А побрз метаболизам гори калории побрзо и може да доведе до губење на тежината.
Други здравствени придобивки
Во истата студија на Вајцман Институтот, беше откриено дека лукот уништува таложење на плаки во коронарните артерии. Со отстранување на плаките, симптоми на дијабетес беа намалени и крвниот притисок бил спуштен и регулиран. Лукот,исто така, придонесува за намалени нивоа на LDL “лошиот” холестерол и го подигнува ХДЛ “добар” холестерол. Лукот им помага на регулирање на шеќерот во крвта и помага да ги убива паразитите во телото.
Како да се користи лукот за бенефициите?
Лукот е прифатлив и лесен-за-користење зачин. Додавање на лукот во супи, салати, сосови, сосови и маринади е лесен начин за искористување многуте придобивки. Лук има посилен вкус кога е толчен наспроти лукот што е мелен.
Лукот во прав има поблаг вкус од сировиот лук. Лукот во прав содржи помала количина на истите здрави соединенија што ги има во сировиот лук.
Извори на користење информаии
American Medical Network: Garlic for Weight Loss
Daily Mail Online: Why Garlic Can Help You Lose Weight
Discovery Health: Garlic: Natural Weight-Loss Food

Превземено од блогот на МотивирајСе
http://wp.me/p2BVga-J
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Незнам за ова, ама знам дека лукот прикрива мирис на цигари.

и ја угушува околината
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Алацин во лукот природно го намалува шеќерот во крвта.Со тоа му помага на инсулинот да не реагира и да не ги влече сите јх,масти и протеини во адипозно ткиво.Затоа е добар и го користам редовно во салати и во манџи :).Игра синергично не ги топи веднаш помага.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Али па лукот е заебан за пред искачање. Ако се лукосаш не те пере ниедна паста нит маутвош. Чаре некое, Стеф? Ти бар знаеш да ги усогласиш искачањево и нутриционизмот.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Али па лукот е заебан за пред искачање. Ако се лукосаш не те пере ниедна паста нит маутвош. Чаре некое, Стеф? Ти бар знаеш да ги усогласиш искачањево и нутриционизмот.
Имаш од алколоид екстракт од лук незнам која цена треба да прашам.Но сигурно повеќе помага од овие такозвани топачи на масти.Иначе кога го пржиш и вариш не се осеќа.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Пак по некое време ќе ти мириса кожата и слузниците на лук, башка може да се јави и нарушување на цревната микрофлора пошо овој е антимикроб. Како и да е, вреди да се проба некое време со лук за намалување на холестерол, за 4 месеци го намалува холестеролот за 9%. Инаку за губењето тежина неам слушнато и е уште у испитувања, па ако сакаш да слабееш, слабеј со нешто што е наменето баш за тоа.
--- надополнето: 20 јули 2012 во 01:32 ---
Башка стварно е глупо што некои стварно добри производи се фураат на пазарот како нешто против слабеење/целулит/стареење како тоа да е нивна прва битна особина.
 
Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Али па лукот е заебан за пред искачање. Ако се лукосаш не те пере ниедна паста нит маутвош. Чаре некое, Стеф? Ти бар знаеш да ги усогласиш искачањево и нутриционизмот.

Цеден лимон и магдонос . За второво не сум сигурен, го немам пробано.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Стеф брат многу јако си се навежбал,глеам на сликата на профил си ѕвер....само не ми е јасно што ти се дешава со папокот....ќе ти прозборе мислиш.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Стеф брат многу јако си се навежбал,глеам на сликата на профил си ѕвер....само не ми е јасно што ти се дешава со папокот....ќе ти прозборе мислиш.
Многу стопено сало треба да се зацврсти.Со тек на време вежби 3-4 месеци ќе биде :)
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Топи да,ама не како и кромидот.Инаку го смалува ризикот од удар,уништувајќи ги тромбовите низ крвта,смалувајќи го холестеролот и снижувајќи го крвниот притисок како и забрзувајќи го метаболизмот! Луѓето во минатото го користеле како лек,и сеуште го користат во кинеската медицина! Совршен намирник,а на кој не му се допаѓа вкусот после јаденото,со млеко нека жабурне и секако orbit
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.378
Стеф, лукот од една страна е многу полезен (еден вид на лесен природен антибиотик е). Но од друга страна покрај мирисот, има тенденции на создавање на киселини во желудникот. Знам дека некои организми се „алергични“ на овој зеленчук и како и медот, имаат проблеми со негово варење.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Најмалку два примера ќе споделам со вас во врска со лукот.
Татко ми јадеше лук а го има и пиено она што многу луѓе го користат.Незнам точно како е рецептата само знам дека го земаше во вид на капки,почнува со една па оди со покачување па се враќа назад на една.Редовно јадеше со краставица (таратор) печени пиперки,пинџур,она суви пиперки со пире и лук...маснотиите не успеа да ги симне исто и шеќерот не го намали.
Свекрва ми главно јадење и беше лукот и кромидот...од кожата испаруваше да не се изразам грубо,ама смрдеа од лук на километар,да не кажам за здивот.Умре од излив на мозок.
Лукот и кромидот за мене не постои....:cautious:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
џвакање на магдонос помага, ама не комплетно:) порите чадат што и да правиш:)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.437
Поени од реакции
11.356
Лукот колку е добар за топење на масти незнам али знам дека на запад премногу се рекламира лукот како најздраво нешто и се продава во секаква форма...печен, толчен, сушен итн

еден постар човек ке го исецка лукот и потоа го пие со вода за да не мириса а тоа го прави за поголема циркулација на крвта што е многу битна за да ти се дига стојко односно топ е за ерекцијата...
и мене ме убедуваше да почнам на помлади години ова да го правам и коа ке умрел он да сум му палел од најголемите свеќи зашто ради него ке сум си го продолжил животниот век на стојко мој :ROFLMAO: луд е човекот иако има скоро 60 али у позитивна смисла :P
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Најмалку два примера ќе споделам со вас во врска со лукот.
Татко ми јадеше лук а го има и пиено она што многу луѓе го користат.Незнам точно како е рецептата само знам дека го земаше во вид на капки,почнува со една па оди со покачување па се враќа назад на една.Редовно јадеше со краставица (таратор) печени пиперки,пинџур,она суви пиперки со пире и лук...маснотиите не успеа да ги симне исто и шеќерот не го намали.
Свекрва ми главно јадење и беше лукот и кромидот...од кожата испаруваше да не се изразам грубо,ама смрдеа од лук на километар,да не кажам за здивот.Умре од излив на мозок.
Лукот и кромидот за мене не постои....:cautious:
Сега јадев салата со кромид дојди да те цунем :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom