Лугола 2.0

Член од
19 септември 2008
Мислења
15
Поени од реакции
2
Манифест, Лугола 2.0



Почитувани корисници на слободен софтвер,
гикови, активисти, песимисти и квинслинзи:



Од денес официјално ја прогласуваме за активна новата Лугола 2.0. За таа цел, би сакале да Ве запознаеме со нашата идеја за новото функционирање на групата. Можеби повеќе нема да делуваме како GLUG, можеби ќе делуваме позатворено од порано, нема да имаме редовни физички состаноци, но сето тоа ќе го правиме за подобра кооперативност, организирање и делување. Состаноците на Лугола последно време не беа воопшто продуктивни. Не се исклучени засекогаш, се разбира од време на време се собираме и дружиме низ дискусија за нашите планови како активисти за промоција за слободен софтвер. Она што е најкорисно и јасно како солза, е тоа што во Лугола се исфилтрираа активистите кои останаа доследни на својата идеологија. Не се работи за лични интереси, Лугола не е компанија, регистрирано здружение и сл., едноставно се работи за интересите на сите корисници на слободен софтвер. Во Лугола останаа 10тина души кои радо ќе работат на заживување на заедницата во Македонија, имајќи во предвид дека ситуацијата не е баш најдобра. Не ветуваме реформи, обнова во 1205 чекори или острови и територии, она што го ветуваме е дека во иднина Лугола ќе работи во името на идеологијата и движењето на слободен софтвер само и само за корисниците на слободен софтвер, служејќи ги нив, помагајќи им нив, дружејќи се со нив. Можеме да бидеме сите една голема заедница и едно цврсто јадро на хакери кои ќе делуваат во правец кон кој цели Лугола. Истовремено Ви ветуваме дека никогаш нема да го игнорираме Вашиот повик за помош и поддршка.
Во нашата заедница има многу квалитетни корисници на слободен софтвер, хакери, активисти и поддржувачи на нашите активности, би било нефер кон сите сето тоа да го оставиме само за нас. Што би било доколку сето зlнаење што го поседуваат програмерите во Македонија да го чуваат само за себе кога развиваат софтвер? Или која е поентата да се остави сето тоа кое го поседуваме сите ние да остане неискористено во себичноста и желбата знаењето да остане затворено само за нас? Затоа ќе се обидеме да се свртиме повеќе и кон производството на слободен софтвер, врз основа знаењата кои ги има меѓу корисниците во нашата заедница, централизирајќи ги софтверските проекти на еден заеднички софтверски тракер, каде корисниците ќе може најлесно да дојдат до саканото решение за даден проблем.
Новитети кои ќе произлезат од обновата на Лугола се:

  1. eZine на Лугола: месечен магазин во кој ќе се објавуваат содржини со најразлични тематики, од активистички па се до упатства и реализација на идеи, можеби и решавање на конкретни проблеми
  2. Библиотека на Лугола: нешто како библиотеката на „Слободен софтвер Македонија“, Лугола организира месечно (или годишно, во зависност од можностите на корисниците) донирање на средства од самите активисти во Лугола, со што ќе се овозможи фреквентно купување на компјутерска литература, според потребите на донаторите и Лугола во целина, која ќе се позајмува на сите кои ќе побраат дадена книга (секако со скромна гаранција дека книгата ќе ја вратат). Има 3 начини да помогнете во реализирањето на оваа идеја: 1.) преку еднократно донирање на средства чија висина ја одредувате Вие. Доколку донирате за Библиотеката, предлагате книга која Вие би сакале да биде дел од неа. 2.) секој месец донирате по 150 денари за реализирањето на оваа идеја со тоа што во моментот кога ќе се прават нарачките ќе дадете предлог за купување на книга/и, 3.) еднократно донирање на 1800 денари, што впрочем е вкупниот износ за сите 12 месеци.
  3. Блог на Лугола: место каде што ќе се објавуваат личните мислења и слободни упатства (кои ќе одат и на Вики за слободен софтвер) на активистите од Лугола.
Работиме врз организирање и на уште неколку други идеи. Доколку Вие сакате да ни помогнете овојпат ќе треба да покажете дека сте сериозни во таа намера. Ќе дојдете на некој од настаните што во иднина ќе ги организираме, ќе делите дискови, летоци и други пропагандни материјали. Така ќе сметаме дека сте дел од Лугола и ќе бидете регистрирани на сите онлајн ресурси кои групата ги користи за организирање и ид кои не сите се јавни. Или донирајте. Барем за нас знаете дека парите нема да ги искористиме за одмор на Фиџи, финансиите повторно ќе ги искористиме за Ваше добро. Така ќе знаеме дека сте дел од Лугола.
Во ладното утро на денот на слободен софтвер во Битола и заоѓањето на светскиот ден на слободен софтвер, Ве повикуваме да преминете кон користење на слободен софтвер, слободни технологии и да ја поддржите слободната култура, започнувајќи со само-иницијатива која светот ќе го направи поудобно место за живеење во кое ќе завладее знаењето за тоа што стои зад технологијата која ја користиме секојдневно.


Повеќе тука.
 
P

Princ

Гостин
Само напред. Имате моја поддршка во секое поле.
Привремено ја поставувам темава како важна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom