Лоша звучна изолација во стан

Член од
26 мај 2021
Мислења
7
Поени од реакции
5
Здраво друштво
Периодов се соочувам со еден проблем па би сакал некој да ми даде совет,помогне...неодамна се вселив во стан во Скопје во нова зграда и се е супер локацијата,распоредот ама изолацијата е полоша од катастрофална(меѓу мојата спална и на комшиите не дели еден ѕид) но имам чувство како да не дели лист харија,се се слуша дури и нормално зборење можам уредно да разберам шо зборат,да не праам муабет ако се погласни со смеење,зборење а секс си љубат да имаат и во 8 сабајле...хорор,излуден сум од нервози и неспиење ми се иде да си пукнам.
Дали некој знае дали вреди да се вложува во дополнителна изолација,гипс картон,камена волна? Кое е најдобро решение?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.931
Не знам, кога се вселував во станов ми личеше дека има добра изолација, и уште така ми се чини, а причината поради која ги слушам оние двајца до мене кога се расправаат, или комшиката кога свршува филмски - мислам дека причината е што се само невротични и напалени сељаци и се многу гласни ( ај за сексот не им замерам и така е кратко) и по некоја несреќа распоредот на мојот и нивниот стан. Други комшии или од надвор кога ќе затворам прозорците - не слушам и ок си е. У поглед на температура исто задоволен сум.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.587
Поени од реакции
81.173
Така ги градат новите згради во Скопјево, плукни залепи... Се сеќавам кога бев кај еден другар, живееше во нова зграда, влагам кај него, земав да се потпрам на ѕид да се собујам патики, кога гледам за малце дупка ќе направев на ѕидот :shok2:. Се што е градено после 94-95 година сметај го за неквалитетно, со чест на исклучоци...
 
Фушерај невиден, штедат на се само за поголема заработка
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325
Фушерај невиден, штедат на се само за поголема заработка
Истиот фушерај го има секаде верувај. Дури не знам и дали заслужува „стандард„ да се неречи.
Јас живеам во Германија во релативно понова зграда и сѐ се слуша. Го слушам комшијата под мене кај што грчи навечер :D
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
За да добиеш звучна изолација треба да го намалиш просторот во собата, односно да ставиш уште еден ред гибс картон и измеѓу новиот и стариот да ставиш стаклена волна...тоа е единствено решение.
Може малку да намалиш ако дирекно на зидот залепиш стиродур или стиропор 5cm , ама сепак коефициентот нема да се намали драстично, ќе добиеш само мала звучна изолација, повеќе ќе добиеш на топлинска.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Здраво друштво
Периодов се соочувам со еден проблем па би сакал некој да ми даде совет,помогне...неодамна се вселив во стан во Скопје во нова зграда и се е супер локацијата,распоредот ама изолацијата е полоша од катастрофална(меѓу мојата спална и на комшиите не дели еден ѕид) но имам чувство како да не дели лист харија,се се слуша дури и нормално зборење можам уредно да разберам шо зборат,да не праам муабет ако се погласни со смеење,зборење а секс си љубат да имаат и во 8 сабајле...хорор,излуден сум од нервози и неспиење ми се иде да си пукнам.
Дали некој знае дали вреди да се вложува во дополнителна изолација,гипс картон,камена волна? Кое е најдобро решение?
Брзо и ефтино да пробаш со еластомерен каучук. Мислам дека е околу 500 денари за м2, би требало да има драстично подобрување. Барај лелив од едната страна.
 
Член од
26 мај 2021
Мислења
7
Поени од реакции
5
За да добиеш звучна изолација треба да го намалиш просторот во собата, односно да ставиш уште еден ред гибс картон и измеѓу новиот и стариот да ставиш стаклена волна...тоа е единствено решение.
Може малку да намалиш ако дирекно на зидот залепиш стиродур или стиропор 5cm , ама сепак коефициентот нема да се намали драстично, ќе добиеш само мала звучна изолација, повеќе ќе добиеш на топлинска.
Топлинска не ми треба и дали воопшто вреди да губиш толку простор,гледам има продавници за акустични материјали кај шо нудат звукоизолорачка волна,панели...којзнае дали вреди тоа да се проба
Автоматски споено мислење:

Истиот фушерај го има секаде верувај. Дури не знам и дали заслужува „стандард„ да се неречи.
Јас живеам во Германија во релативно понова зграда и сѐ се слуша. Го слушам комшијата под мене кај што грчи навечер :D
Хаха со тек навреме ке се навикнеш или изгледа најдобро решение е своја куќа
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.814
Хаха со тек навреме ке се навикнеш или изгледа најдобро решение е своја куќа
Не мора. Има згради градени пред 40-50 години, кои имаат дебели ѕидови по пола метар. Не се слуша ни у друга соба ништо, а камоли кај комшии.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
За да добиеш звучна изолација треба да го намалиш просторот во собата, односно да ставиш уште еден ред гибс картон и измеѓу новиот и стариот да ставиш стаклена волна...тоа е единствено решение.
Може малку да намалиш ако дирекно на зидот залепиш стиродур или стиропор 5cm , ама сепак коефициентот нема да се намали драстично, ќе добиеш само мала звучна изолација, повеќе ќе добиеш на топлинска.
Стаклена волна е подобар звучен изолатор од стиродурот?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Јас имам стиродур и не помага, еден дел кај што е кујната нема, евентуално од таму да доаѓа звукот, инаку истиот проблем го имам.
Би скратил уште 10cm ама ќе треба и парно да вадам, лајсни, цел стан лом... Не се често тука, иначе ако се вселат и се гласни ќе мора да се бара чаре.
 
Кај мене изгледа издаваат,едно време постара жена живееше ептен беше тивка мака немав,ама сега новиве комшии се ептен активни
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Јас мака мачам со бучава од сообраќај, ептен се слуша. Некој идеа како да го решам проблемов. Имам добри прозори но и тоа не е доволно бидејќи се наоѓам блиску до булевар...
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Брзо и ефтино да пробаш со еластомерен каучук. Мислам дека е околу 500 денари за м2, би требало да има драстично подобрување. Барај лелив од едната страна.
НЕ!
Автоматски споено мислење:

Јас имам стиродур и не помага, еден дел кај што е кујната нема, евентуално од таму да доаѓа звукот, инаку истиот проблем го имам.
Би скратил уште 10cm ама ќе треба и парно да вадам, лајсни, цел стан лом... Не се често тука, иначе ако се вселат и се гласни ќе мора да се бара чаре.
Стиродур, стиропор не помагаат никако, тие се за топлинска изолација.
За звучна изолација треба маса, пресувана камена волна (8 - 10 цм ) со потконструкција или со лепење директно, или цел ред со гитер блокови, дебелината им е 12 цм.
Автоматски споено мислење:

Јас мака мачам со бучава од сообраќај, ептен се слуша. Некој идеа како да го решам проблемов. Имам добри прозори но и тоа не е доволно бидејќи се наоѓам блиску до булевар...
Каков коефициент имаат прозорите?
Автоматски споено мислење:

Стаклена волна е подобар звучен изолатор од стиродурот?
Стаклената волна е погуста, hence вибрирањето на воздухот ќе е потешко да премине, што полесен толку полесно преминува.
Да не се заблудувате, тие што ставаат сунѓери по студија е за абсорбирање на звукот, за подобра акустика.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom