Лошата економска политика - Каде не` води?

  • Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Колумна
Задолжи и владеј
Опозицијата три години се пресметува сама со себе и се занимава со површни работи - на пример, од кога постои најновиот во серијата нови СДСМ? Во меѓувреме Владата, без никаква реакција од никого, само последниов вторник се задолжи со 31 милион евра

Нашава власт не изгубила ориентација, таа веќе изгубила здрава памет. Решила наголемо да ја задолжува Македонија на сите страни од светот, само за да спаси глава од ступидните ветувања што ги даваше на сите страни, а што сега ни од далеку не може да ги оствари. Таа веќе нема доволно пари за ништо. Се што наследи и се што имаше потроши. Сега како безглава трча по кредити за да преживее. Зајмува од Светската банка секои два-три месеци; зајмува од Европската банка за обнова и развој; зајмува од Европската инвестициска банка; зајмува од Банката за развој на Советот на Европа; зајмува од домашните банки; зајмува од граѓаните; го моли сопственикот на Т-хоум и Т-мобајл да не ја трансферира добивката во својата земја, туку на неколку месеци да и' ги позајми тие пари на државата по пат на купување државни обврзници; издава нови државни записи и обврзници со девизни клаузули; издава еврообврзница за да го финансира дефицитот на својот буџет. Зајмува ли зајмува! Има ли некој да и' каже да застане? Остана ли во државава малку достоинство и почит кон општото добро за да може во тоа име некој да дигне глас? Луѓето што знаат молчат. Тие што не знаат го дигнале гласот до небото и бараат уште задолжувања. Има ли ова крај?

Опозицијата веќе три години се пресметува сама со себе, се освежува, се структурира и преструктурира, сетира и ресетира и само се занимава со површни работи - на пример, од кога постои најновиот во серијата нови СДСМ? Од 1991 година или од предминатата недела? Во меѓувреме Владата, без никаква реакција од никого, само во еден ден (последниов вторник) се задолжи со 31 милион евра преку издавање домашни хартии од вредност со девизна клаузула и со камати од 5,5, 7,0 и 9,5 отсто. Таа иста влада пред неколку дена во службениот весник на државава објави Одлука за задолжување во странство од 200 милиони евра со цел да го финансира дефицитот на буџетот и тоа со камата од 10 отсто годишно. За да се поедностават работите - таа всушност јавно објави дека во име на Република Македонија ќе земе странски кредит за кој во секоја идна година ќе плаќаме по 20 милиони евра камати и на крај пак ќе останат 200 милиони евра да се вратат и дека тоа го прави за да ги плати сите оние силни проекти за споменици и цркви, восочни фигури и музеи за кој не може да собере пари од даноците во буџетот.

Што да се мисли за една влада која нема доволно приходи во буџетот за потребите на државата, а упорно и упорно продолжува да троши и за тоа секојдневно да се задолжува насекаде? Таа сигурно не и мисли многу добро на државата и народот во чие име владее. Наместо помалите приходи во буџетот да значат и помали трошоци за власта, нејзината логика е сосема обратна - колку се помали приходите, толку повеќе се задолжува, па така трошењето го зголемува како да сме во среде ера на економски полет, а не во ера на криза. За работите да бидат уште поцрни, властите ги одбиваат услугите на некои меѓународни институции за заштита на македонската економија и население.

ММФ речиси отворено се понуди да и' даде на земјава поволен кредит во сосема доволен износ и со камата од само околу 2 отсто. Да, да, не се работи за 10, 9 или 7, туку за 2(два) отсто!!! Владата го одби тоа и реши да плаќа огромни камати на оние кои ќе ни дадат заем купувајќи ги нашите домашни - денарски и странски еврообврзници. Причините за тоа се јасни. Прво Владата не го сака тој заем бидејќи тие пари ќе одат на сметката на НБМ и ќе служат за поддршка на платниот биланс и девизните резерви на државата (општо добро), а не на сметката на буџетот за да се трошат за дневните баханалии на власта (доброто на властодршците). Второ, со тие пари ќе дојдат и некои економски мерки во вид на аранжман за општо добро на државата и економијата, од што оваа Влада бега како ѓавол од крст. Трето, прашањето за финансирање на дефицитот повторно останува нерешено, а власта е упорна во желбата да потроши околу 200 милиони евра повеќе отколку што ќе бидат вкупните приходи на буџетот, ризикувајќи тој износ да биде и многу поголем.

За последиците од ваква политика никој не реагира. На Македонија и' се потребни само уште една-две вакви години со задолжување, па од тешка да се доведеме во многу тешка ситуација. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ решиле да владеат како Маршалот - задолжувај се и владеј, народот и онака не го разбира тоа, па до каде се стигне. За тоа ќе се мисли тогаш.

Во меѓувреме, според официјално објавените податоци од НБМ, негативното салдо на тековната сметка на земјава само во март оваа година достигна ниво од 197 милиони долари (јануари-март: 445 милиони долари) и скоро целосно се финансираше со трошење на девизните резерви во висина од 167 милиони долари. За споредба, негативното салдо на тековната сметка за цела 2005 година беше 158 милиони, а за 2006 година 56 милиони долари. Во ваква состојба кога македонската економија е во слободен пад во амбис, власта продолжува со расипничкото трошење и истото дури го засилува. Таа, на пример, објави дека наместо првичните 30-ина восочни музејски фигури, годинава решила да ја дополни набавката со над 100-ина восочни фигури од кои, според објавеното, секоја ќе чини од 12.000 до 15. 000 илјади евра. Нормално, тоа треба да се плати, а за тоа требаат пари, а нив ги нема во буџетот, но затоа тука е Министерството за задолжување, пардон за финансии, кое тие пари ќе ги обезбеди со кредити од странство со 10 отсто камата.
Веројатно е дојдено време во идниот Музеј на ВМРО, во некој темен агол, каде што ќе бидат прикажани предавствата на Македонија, да се остави малку неугледен простор и за неколку фигури од оваа власт.
Никола Поповски



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8E0CCD5090901742BF43D08980BE4592

Никој не може да ја негира лошата економска полтика која води владата
Браам оваа тема да сотане тука во овој подфорум
бидејќи не ретко лошиот стандарт и сиромаштијата прават плодна почва за натамошни проблеми,немири и ред други проблеми како опаднат наталитет и можност за развивање на парамилитарни организации
Не можеме економијата да ја одвоиме од политката бидејќи не ретко таа зависи од политичката волја на валдеачката елита
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Не отварај вакви теми. Моментално сме зафатени со историја. Кога ќе положиме историја, ќе се префрлиме на економија.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
па добро за разлика од славаски...поповски и фити подобри беа.....

ама конкретно на економската политика-кај нас нема таква!!!!!!

знаеш како на пазар...тезгаџијски:toe:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Не отварај вакви теми. Моментално сме зафатени со историја. Кога ќе положиме историја, ќе се префрлиме на економија.
Хех. Познати сме ние по нашиот multitasking. Сега ќе видиш и тука - економски експерти, како на темите историја - историчари, како на темите за автобусите - познавачи на кинеската економија. Не не потценувај. За се имаме мислење. Или како што викаат Американците - opinions are like asses, everybody's got one.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Никола Поповски
Човеков што водеше добра економија, а сега ќе учи и други. Интересно писание од интересна личност која баш и не направи нешто да ни тргне напред во негово време. Но, секој има право да критикува. Да не зборам рекла-казала оти и мене ме критикуваат за тоа (ко да живеам во Америка) :)


како на темите за автобусите - познавачи на кинеската економија.
за трамваи нешто совет да не треба? :)
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Овој овчаров нели беше министер за финансии???
Што не направи нешто додека беше на власт? После битката сите се генерали... затоа нека не мрчи многу му ебем глувчешката фаца глупава.
 
M

marsovka

Гостин
Човеков што водеше добра економија, а сега ќе учи и други. Интересно писание од интересна личност која баш и не направи нешто да ни тргне напред во негово време. Но, секој има право да критикува. Да не зборам рекла-казала оти и мене ме критикуваат за тоа (ко да живеам во Америка) :)
:)
сигурно не како славески :)

туку ајде речи дека не е така:)

уште фали ѓаќите на вересија да ни стават
туку лурзт акос е фатиме кој акков е далеку е америка секој смрди само не толку како славески во моемнтов
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
па добро за разлика од славаски...поповски и фити подобри беа.....

ама конкретно на економската политика-кај нас нема таква!!!!!!

знаеш како на пазар...тезгаџијски:toe:
:)
сигурно не како славески :)

туку ајде речи дека не е така:)

уште фали ѓаќите на вересија да ни стават
туку лурзт акос е фатиме кој акков е далеку е америка секој смрди само не толку како славески во моемнтов
Еве ја искрено немам поим од економија. Нит ме интересираат бројки, цифри и слични глупости. Ама вие велите дека Славевски е катастрофа, овие биле подобри.
Зошто? Зошто нпр. Славевски смрди? Ама не со поенти од колумната на Поповски, туку со свои?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Па не ги споредувам, едонставно ништо добро не измисли во негово време. Статус кво како и претходно, па и со него, па и после него. Барем колку што се сеќавам.
А ако споредуваме, иако Славевски професор, далеку е момчево (во негово време кога беше министер) во изразување и ветување од Славевски. Без разлика што немало резултат, имаше сенс за политика, изјави во јавност и слично. А тоа е многу битно покрај стручноста или резултатите. Оти и најлошиот резултат ако си добар во јавност -да го свртиш јавното мнение во своја корист, ќе излезе најдобар резултат...и вајс верса.
Славевски и да покаже (набадам :helou:) одлични резултати, не знае да ги презентира. башка што и лажењето не му иде добро како на Поповски. Ќе нема криза, има ама нас не не погаѓа, има малце... не земаме пари од ММФ, па малце...

Тоа е веројатно школа која Поповски (иако не го ценев нешто посебно) ја има поминато/испечено (памтам кога излезе во јавност како делуваше...) со добар успех, за разлика од професорот.

Значи народ не знае можеби за обврзници, конта...но ти како политичар треба да го усмериш неговото мнение во своја полза. Ако лаже, нек лаже убедливо.

А за професорот marsovkе во темата за убивањето на економијата постојано постирам успеси на министерството :)
Еве ја искрено немам поим од економија. Нит ме интересираат бројки, цифри и слични глупости. Ама вие велите дека Славевски е катастрофа, овие биле подобри.
И ја не сум во економијата Гоч-мене ми е земјоделството, микробиологија, генетика, хемија...основно, но ова чисто од риал лајф и ако ми затреба се консултирам со некој до мене што си е стручен/длабоко навлезен во економија.
 
M

marsovka

Гостин
Еве ја искрено немам поим од економија. Нит ме интересираат бројки, цифри и слични глупости. Ама вие велите дека Славевски е катастрофа, овие биле подобри.
Зошто? Зошто нпр. Славевски смрди? Ама не со поенти од колумната на Поповски, туку со свои?
индикатор -доказ
Намалување на кредитниот рејтинг на државава
Одбивање кредит од ММФ кој го нуди со далеку пониска камата од 2 %
Зголемување на трговскиот дефицит во рекордни размери , поради кое ни се заканува девалвација
Уствари треба ли да повторувам?
Читни овде:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=36805

Можда никола поповски не бил Фантастичен ама сигурно не ја задолжувал државава уште повеќе со рекордно високи камати :)
 
R

RAYTHEON23

Гостин
па види де гошев мака мачи да одржи каква таква стабилност а овие(славески)во услови на криза трошат ненормално и тоа за споменици...пази милиони(да бидам поточен фискалната политика-буџетот и расходите на државата треба да бидат во согласност со монетарната политика...ако гошев подлегнеше-отидовме)(а инфраструктурата?)значи треба во услови на криза да се обезбеди пониска камата како би можеле фирмите да одржат ликвидност или пак инвестиции...кај нас од пополнувањето на дупките во буџетот 500милиони со позајмување од домашни фирми или од странство само се зголеми каматата...ма ниту денар не беше продуктивно потрошен во смисол да даде бенефит...ако бикот дава бенефит тогаш грешам:toe:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Сегашната економска субатомска политика не води единствено во катастрофална криза некаде од есен...
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
индикатор -доказ
Намалување на кредитниот рејтинг на државава
Одбивање кредит од ММФ кој го нуди со далеку пониска камата од 2 %
Зголемување на трговскиот дефицит во рекордни размери , поради кое ни се заканува девалвација
Уствари треба ли да повторувам?
Читни овде:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=36805

Можда никола поповски не бил Фантастичен ама сигурно не ја задолжувал државава уште повеќе со рекордно високи камати :)
Абе ај да не го цепиме влакното сега.Обичниот човек гледа поинаку.Овој човек не само што беше министер тој беше и во власта од осамостојувањето.Резултативе кај се?Што направи?Ништо.
 
M

marsovka

Гостин
Абе ај да не го цепиме влакното сега.Обичниот човек гледа поинаку.Овој човек не само што беше министер тој беше и во власта од осамостојувањето.Резултативе кај се?Што направи?Ништо.
бојле ништо отколку да направиш катастрофа :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom