Лоцирање на вени

Дискусија во форумот 'Наука и технологија' започната од Јаневски, 11 јануари 2015.

  1. Јаневски

    Јаневски

    Член од:
    1 јануари 2010
    Мислења:
    1.553
    Допаѓања:
    871
    Извор: http://kajgana.com/veni-najdeno
    ----
    Вени, најдено
    9. јануари 2015 - 11:49 | Д.Л.

    Научниците открија начин медицинските лица да ги пронајдат вашите вени без да ве збрцаат 5-6 пати додека дојдат до вистинското место.

    [​IMG]

    Крводарителската служба на австралискиот Црвен Крст почна да користи уред со инфрацрвено светло кој ги лоцира вените со цел да се намали стравот кај крводарителите, посебно младите, за тие да донираат повторно.

    Уредот кој прави визуелизација на вените функционира така што инфрацрвениот светлосен извор се појавува преку природно деоксигенизираниот хемоглобин во телото. Деоксигенизираниот хемоглобин го апсорбира ова светло, па вените се покажуваат светејќи во зелена боја.


    ----

    Сметам дека направава ќе биде прилично корисна во медицината.
     
    Последно уредено: 11 јануари 2015
    На Darling, Acid, blue ladybug и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. KembaW

    KembaW

    Член од:
    14 декември 2013
    Мислења:
    3.999
    Допаѓања:
    10.730
    Кај нас игли немаат,со шестар не бодат.Научна фантастика е ова за нас
     
    На krkac, blue ladybug, staycalm и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. budaletinka_r

    budaletinka_r

    Член од:
    7 октомври 2011
    Мислења:
    9.358
    Допаѓања:
    11.720
    Ај ваљда кога ке давам по 100ти пат ке го има ова , а до тогаш , минско поле вените:icon_lol:
     
    На mickey mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Prince

    Prince PsyTrance, Musica Psychedelica

    Член од:
    22 јуни 2007
    Мислења:
    1.098
    Допаѓања:
    2.946
    Викни џанкер(хорсаш) и одма ќе ги лоцират сите вени. :D
     
    На dragonsky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    31.900
    Допаѓања:
    36.431
    Се надевам дека ова ќе дојде и кај нас и дека ова не е штетно. Само и ова да го користат, тој што нема фат за боцкање пак раката модра ќе ти ја направи.
    :)
     
  6. kviki

    kviki

    Член од:
    14 јуни 2008
    Мислења:
    1.369
    Допаѓања:
    1.069
    Ау па вие супер сте штом со шестар ве брцаат. Кај нас у село сме помизерни, со бормашина не бушат. Више не одам крв да давам, ептен лошо. Незнам што ќе биде кога бормашината ќе се расипе. Изгледа сестрава ќе користи хилта .

    Бонус:

     
    Последно уредено: 11 јануари 2015
    На GordonGoldader и Curious им се допаѓа ова.
  7. The Love Doctor

    The Love Doctor Необичен љубовен доктор

    Член од:
    11 јануари 2015
    Мислења:
    956
    Допаѓања:
    1.289
    Можам да замислам колку се само радосни од овој изум тие што се пуцаат со игла и со хероинче

    This invention is a junkies dream lol
     
  8. Преку кој сателит ги лоцират вените?
    Мене не ми е јасно..
     
  9. Љубовен Каскадер

    Љубовен Каскадер fekalija

    Член од:
    28 декември 2011
    Мислења:
    4.326
    Допаѓања:
    6.152
    Јас досега не сум имал ваков проблем. Ниту порано кога праев крвна слика во државна, ниту сега кога правам во Авицена или Адриалаб.
     
  10. Staeseng

    Staeseng

    Член од:
    21 јуни 2018
    Мислења:
    201
    Допаѓања:
    76
    Вистина е дека за некои видови испитувања треба упат од доктор?
     
  11. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.703
    Допаѓања:
    1.751
    Ова додека стигне кај нас. ќе поминат уште 10 години.

    Иначе Авицена изгледа ги имаат подновено иглите и кога те боцкаат дури и не осеќаш дека те боцнале. Најверојатно земале многу потенка игла од таа што ја имаа.
    А на клиника или во 8 Септември 10 дупки по рацете ти прават дур ти извадат крв. Најлошо вадат крв баш таму. А Авицена се најдобри сега за сега.
     
  12. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    8.142
    Сеа ако имаш лоши вени не е до нив. Добра вена одма се погаѓа.
     
    На Staeseng му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.703
    Допаѓања:
    1.751
    Ако имав лоши вени и во Авицена ќе имав проблем.
     
  14. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    8.142
    Ја имам вадено крв у 8ми септември неколку пати и не сум имал проблем, ни во било кое друго место. Проблем имаат со луѓе со лоша васкуларност или со прекумерна тежина што не им се гледаат вените
     
  15. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.703
    Допаѓања:
    1.751
    Супер ми се вените на мене. Во Адриа Лаб исто така вадев и одма ми најдоа вена. Не е до вените туку до стручноста на тој што вади крв и до иглите.
     

Сподели преку: