Лондон - работа, живот, авантура

Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
Поздрав
темава сакам да послужи за разменувањена мислења идеи и совети за нов почеток , таму ...
Што треба да поседува еден човек , да вложи и што да очекува ,како да се успее во Велика Британија - не само Лондон ...
Јас истражував малко повеќе и сакам да отидам во Лондон или околина , не знам имам некое претчуство дека можам да успеам .Инаку знам англиски јазик и имам Бг. пашос .и др ..
ама има некои формалности кои одземаат време , пари , нормално друг систем други навики ,затоа сакам да чујам некој со искуство , ..
како каде да се почне , кои се процедурите , што се бара во фирмите ...???
дипломи , сертификати , возачка дозвола ?
знам дека киријата е малко скапа над 100 фунти /недела
се вози во обратен правец (на лева лента)

п.с. молам без навреди политички религиозни и етнички партиски ...
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Честитки за пасошот! Штом бараш некакви си дипломи, сертификати ќе им обелиш образ, пошо по 2 милиона дневно вадат од туѓи џебови, ќе бидат горди со тебе.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239
Од шо иам слушано муабети, не знам колку се точни, да се живее во Англија било многу скапо. Би било добро некој кој е таму да сподели како се движат цените општо.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Што бараш во Велика Британија? Тие се по политички заебани од нас.
Иди негде каде е подобро: Чешка, Германија, Скандинавските држави, Исланд, Канада, Австралија, Нов Зеланд...

Сериозно, колку е тешко да одговориш на тема?

Човекот праша како да започне во Лондон, не каде другите мислат дека е подобро од Лондон. И што велиш Канада, Австралија и Нов Зеланд е подобро од Лондон? А делот дека дечкото има бугарски пасош не го прочита? Со тој пасош можеш легално да работиш во Лондон, во Канада, Австралија и Нов Зеланд не можеш. Во другите држави кои ги наброја не се зборува англиски, што може да биде голем проблем.

Имаш уште некоја блескава сугестија?
 
Член од
3 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
26

Ти знаеш дека Велика Британија од оваа година им забранува на сите со Бугарски пасош да работат? Изгледа не си информиран, и на крај ќе испадне дека членот само парите за авион ќе ѓи фрли кога ќе му речат дека му треба виза која што кошта 2,000фунти да се аплицира. Во тие држави кои ѓи наведов може полесно да се снајде со Бугарски пасош а останатите кои не се во Европа се добива полесна виза.
 
Во Велика Британија од оваа година МОЖЕ легално да се работи со бугарски пасош, не треси глупости.

Која црна виза за Британија со бугарски пасош?

:facepalm:
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
Znaci kolku sto mozev i jas da se informiram, dokolku si so Angliski dobar i BG pasos najdobra opcija e UK, e sega London ili nekoj drug pomal grad?
Jas imav nekoja opcija za Avstrija, ama mi vikaat deka bez germanski jazik da ne zaglavuvam tamu, koja druga opcija e OK za preseluvanje ama familijarno so BG pasos osven UK, nekako toa vozenjeto u sprotivna lenta mi e za nikade :(?
Inaku super e temava,
Jas sum skoro odlucen 80% da ja napustam MK ama familijarno, posle dosta istrazuvanja i informiranja za care u MK (biznis ne doagja u predvid po vtor pat zasto veke imam probano na toa pole 2006-ta i sega rabotite se uste polosi)
 
Ф

Флеш

Гостин
Така е ... Велика Британија ќе планира да воведе забрана на Романија и Бугарија дека нема да можат .... ако е паметен дечково , нека си оди во Чешка , има голема концетрација на Македонци таму и плус голем е што нивниот и нашиот јазик се многу слични .... така што ќе нема проблем да се снајде таму и ќе се прилагоди за година дена ... доволно му е само англиски .... можеби не е Велика Британија , но далеку поефтин е таму животот и платите се супер .... ете му моја сугестија иако не ми се допаѓа шо зема бугарски ,но ок , негова одлука,негов живот .... мое беше како добар човек да му помогнам .... еве ти уше еден предлог ... размисли за Полска .... следниот голем Европски економски гигант .... исто слично ефтино за живот , сличен јазик за учење и супер плати .... ја би одел Полска па Чешка .... размисли ... па одговори ми :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Полска? Од каде сега Полска е економскои гигант?

Полјаците се пораселени од нас, секој на своја страна по работа, половина од нив се во Германија, а другата половина распоредени по Англија, Шпанија, Ирска и да не набројувам. И зашто некој би отишол да работи во друга држава ако економијата му е гигантска?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.534
Поздрав
темава сакам да послужи за разменувањена мислења идеи и совети за нов почеток , таму ...
Што треба да поседува еден човек , да вложи и што да очекува ,како да се успее во Велика Британија - не само Лондон ...
Јас истражував малко повеќе и сакам да отидам во Лондон или околина , не знам имам некое претчуство дека можам да успеам .Инаку знам англиски јазик и имам Бг. пашос .и др ..
ама има некои формалности кои одземаат време , пари , нормално друг систем други навики ,затоа сакам да чујам некој со искуство , ..
како каде да се почне , кои се процедурите , што се бара во фирмите ...???
дипломи , сертификати , возачка дозвола ?
знам дека киријата е малко скапа над 100 фунти /недела
се вози во обратен правец (на лева лента)

п.с. молам без навреди политички религиозни и етнички партиски ...
Најдобро е да најдеш некој познат, или познат на познат кој е веќе таму, за да те прифати на почеток додека се снајдеш и да ти се најде за се што ќе ти треба. Би ти препорачал некое помало место, до 100-150км од Лондон. Лондон е супер, ама за тие пари сместување ќе најдеш од 4-та зона па натаму, што значи ќе треба јавен превоз да користиш, а тоа во Лондон е изгор.
Ако можеш легално да работиш, работа можеш да бараш преку Job centre, тоа е како нашата агенција за вработување само што таму навистина наоѓаат работа. Ако не, ќе се снаоѓаш преку бројните агенции за привремена работа.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Што бараш во Велика Британија? Тие се по политички заебани од нас.
Иди негде каде е подобро: Чешка, Германија, Скандинавските држави, Исланд, Канада, Австралија, Нов Зеланд...
Незнам ништо за Чешка ,ај кажи нешто за нив ,плата ,стандарди ,кирија инт ? :confused:
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Изглеа многу е тешко да се коментира на темата,па се коментираат глупости.и човекот си праша за англија,не ве праша кај да оди.
Прво ако имаш некој роднина или пријател таму ќе ти биде полесно.Ќиријата за соба зависи,баш ко што кажа сам отприлика е 100фунти неделно али се наоѓаат и поефтини али не толку добри соби.обично некои бараат депозит,за соба обично иде 1+1,еден месец депозит,и 1 месец кирија.ако собата е 500фунти месечно на почеток ќе треба да платиш 1000фунти,депозитот ти го враќаат на крај коа ќе се селиш,доколку не си направил некоја штета у соба.некад може и да те заебат да не ти вратат депозит.има некои бараат и за 3 месеци однапред,така да разгледај си убаво по нет. Можеш да разгледаш тука .
за патување си имап метро и автобуси.ќе си купиш oyster то ти е ко картичка си ставаш на неа пари и си патуваш со неа.ако купиш неделна или месечна(ова важи само за овие,ако е припејд ондак секаде ти зимаат пари) за метро тогаш возењето со автобуси ти е без пари за таа недела или месец.цената зависи спрема зоните за метро,а за автобуси важи за во секоја зона(истиата картица се користи и за метро и за бус).
цени на карти
иначе прво што треба да направиш коа ке стигнеш е да отвориш сметка у банка.пробај со HSBC мислам дека најлесно даваат,имаа една паспорт сметка(passport account),таа ја даваат само со пасош и лична карта,али мислам дека ќе треба да почекаш околу 1 недела за да ја преведат личната карта,за другите видови на сметки можно е да ти побараат последни платени сметки,или англиска возачка и слично.
откако ке добиеш сметка за банка,треба да се јавиш за insurance number(даночен број) ,ќе ти закажат интервју за недела-две зависи од гужвата.исто така ќе ти кажат кои документи да ги носиш.али обавезно ти треба пасош и договорот за сметката у банка,или па извод од банка(ова ти треба за да потврдиш адреса на живеење).од кога ќе поминеш на интервју би требало за недела-две да ти стигне писмо дека ти дале бројче и можеш да бараш работа.
Инфо за даночен број
Трета работа што би требало да ја направиш после ова, е да се регистрираш кај некој доктор(GP).треба да биде некој кој е у твојата област на живеење и да прима нови пациенти.исто и за таму ќе ти треба пасош и документ што ја покажува твојата УК адреса на живеење.знаци у принцип секаде ти бараат да имаш документ( обично bank statement) за да потврдиш адресата на живеење.

Возачка ако имаш бугарска тогаш ке може слободно да возиш.ако немаш тогаш ке треба или англиска да земеш или бг да си земеш.македонската не можеш да ја смениш за англиска.ама изгледа ако ја смениш македонската за бугарска,тогаш ќе може само 1 година да возиш(
You can only drive in Great Britain for 12 months if you got your EU licence by exchanging your non-EU licence.)
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Друга битна работа е да се регистрираш y Electoral register(electoral roll) тука .
ова ќе ти треба за кредит скор,у случај ако сакаш телефон на претплата,кредит,кола на лизинг и слично,многу е битно да си регистриран овде.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Се геостратези на темава. :D

Лондон ќе остане најбогат град во Европа во наредниве 10 века, како што бил во предходните 10. Единствениот проблем е дали некој може да се прилагоди на динамиката. Ако не може, градот ќе го проголта.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Полска? Од каде сега Полска е економскои гигант?

Полјаците се пораселени од нас, секој на своја страна по работа, половина од нив се во Германија, а другата половина распоредени по Англија, Шпанија, Ирска и да не набројувам. И зашто некој би отишол да работи во друга држава ако економијата му е гигантска?
Добро сега, јасно дека претерал со атрибутите :)

Сепак, треба да се земе во предвид дека Полска од оваа 2014 година официјално влегува во категоријата “високо развиени економии“ заедно со останатиот дел од западна Европа и САД.

Имаат стабилна економија и за разлика од останатите развиени економии единствено тие го задржаа растот за време на кризата.
Нивните брендови се израмнија или ги надминаа западно европските, цела палета на конфекции од типот Рисервед, Диверсе, КропТаун, ЦЦЦ, Ласоцки, Војас, се носат рамо до рамо со Х&М, ЗАРА или ЊуЈоркер. Да не збориме за другите индустрии како хемиската и електронската.

Полјаците севкупно се 60 милиони, од кои 20 милиони живеат во странство, но периодот кога најголемиот дел од нив се иселуваше беше по втората светска војна и почетокот на 90тите, а не во последнава деценија.

Моментално во сите земји на Централно Источна Европа има прилив на работници од Шпанија, Грција и Португалија кои прифаќаат за 1/3 пониски плати него локалните жители, за да ја избегнат кризата дома.

Треба многу време но секако дека ќе дојде до издначување на стандардите меѓу западна и централно-источна Европа, со исклучок на неприкосновените лидери како Англија и Германија.

Во Ирска повеќе никој нема интерес да оди освен Бугарите и Романците (вклучувајќи ги и останатите екс-ЈУ земји).
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 15:57 ---
Поздрав
темава сакам да послужи за разменувањена мислења идеи и совети за нов почеток , таму ...
Што треба да поседува еден човек , да вложи и што да очекува ,како да се успее во Велика Британија - не само Лондон ...
Јас истражував малко повеќе и сакам да отидам во Лондон или околина , не знам имам некое претчуство дека можам да успеам .Инаку знам англиски јазик и имам Бг. пашос .и др ..
ама има некои формалности кои одземаат време , пари , нормално друг систем други навики ,затоа сакам да чујам некој со искуство , ..
како каде да се почне , кои се процедурите , што се бара во фирмите ...???
дипломи , сертификати , возачка дозвола ?
знам дека киријата е малко скапа над 100 фунти /недела
се вози во обратен правец (на лева лента)

п.с. молам без навреди политички религиозни и етнички партиски ...
Зависи колку високо целиш, односно кои се твоите очекувања врз основа на твоите реални компетеции.

Доколку напишеш што си по професија, дали имаш употреблива вредност на својата професија, досегашно искуство можеби ќе можеме да ти дадеме мислења, во спротивно нашите одговори ќе бидат лош совет и тотално неприспособливи за твоја намена.

Формалностите за подигање на своите кариерни можности се исти како и секаде, дипломи од факс, титули, дипломи за англискиот и други јазици, дополнителни курсеви за компјутерски програми и сертификати за истите, години на работно искуство...

Затоа се воздржувам од коментирање бидејќи не знам ништо од погорниве информации.

Истражувај и комуницирај со нашите кои се таму:
http://www.macedonians.co.uk/
http://www.dijaspora.org.uk/korisni_podatoci.html

https://www.facebook.com/groups/amukasocijacija/
https://www.facebook.com/groups/288460687039/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom