Здраво дечки ние сме семејство и пред неколку дена дознавме дека еден од сопружниците доби БГ државјанство по повеќе од 10 години чекање. Всушност никогаш не мислевме дека то ќе ни значи но како што се одвиваа работите во оваа мала скапана ни држава ова излезе нешто кое ни даде трошка надеж. Имам неколку прашања па ако сака некој да одговори би ви биле благодарни.
1. Дали ако еден од сопружниците има пасош може и другиот да добие работна дозвола во ЕУ членка?
2. Дали децата имаат право на градинка, детски додаток итн?
3. Дали како семејство имаме право на социјална помош за почеток?
4. Дали имате некој предлог која членка на ЕУ има најдобар социјален систем за млади брачни парови со деца.
Ако имате некоја препорака би ви биле благодарни да слушнеме, ние двајцата сме високо образовани и повисок, тука живееме со 200 евра месечно со две деца, се надеваме дека оваа мизерија ќе заврши што е можно поскоро. .
Ви благорадиме однапред.
Здраво bojan81,
Ќе пробам да ги одговорам твојте прашања -
1. Да, дефинитивно да, има неколку критериуми што треба да се исполнат за да може да се апплицира и добие соодведната работна дозвола од кои тие што ми текнуваат моментално се сопружникот со ЕУ пасош треба да има постојана работа - full time employed, годишна заработка од xyz фунти и на некој начин осигуран статус - да се биде спремен да го издржува друиот сопружник, деца.
2. До факултет децата имаат право на бесплатна едукација, детски додаток, има посебни форми кои се пополнуват и се аплицира а дали ќе се добие и врз основа на што се добива или одбива, не знам.
3. Како и предходните две точки така и оваа, имаш опција да аплицираш но скоро сум сигурен дека нема да ги исполнувате критериумите.
4. Не сум компетентен да предложам нешто тука.
Поздрав и со среќа!