Локација за изградба на куќа во Скопје

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Еве колку ти се далеку неколку можни локации, ако ти е важно тоа :

Од Радишани до плоштад има 9км

Населба Лисиче до ГТЦ = 4.5 - 5 км.

Волково - плоштад = 10 км

Драчево - плоштад = 10-11 км
 
П

Паспарту

Гостин
Другар, ја најдов еден плац горе во Сопиште, со поглед на Скопје, е сега дечкото ми го дава 40евра од квадрат. Тоа е цената без комуналии така? Ако викаш дека комуналии се 20 евра, тоа доага од квадрат или како иде? Ако е од квадрат за 400м2 комуналии ке ми излезат 8000 евра, така?
Како што ти кажа Dzish, комуналии се плаќаат за површината на објектот што ќе го изградиш. Доколку вториот кат ти е со висина до 1.55м (не сум најсигурен за висинава, но тука некаде е -+ со см) тогаш за него ќе платиш комуналии, но со цена на 20% од површината на горниот спрат. Не сум најсигурен со бројкиве, но убаво би било да провериш. :)

Инаку каде точно ти е плацот? Оваа цена од 20 евра за комуналии се однесува за делот од Сопиште што спаѓа под општина Кисела Вода, а тоа е делот од ресторанот Теферич до местото каде што се спојува улицата со главниот пат што води до општината. Ако ти е полесно за снаоѓање, ќе ти покажам мапа :) За оној дел што спаѓа под општина Сопиште комуналиите беа 7 евра, но се зборуваше дека ќе ги накачат...

Ако можеш да си дозволиш плац во Сопиште тогаш мислам дека нема да згрешиш. Во последно време таму многу се гради, а цените сигурно ќе рипаат се повеќе и повеќе во наредниот период. Со зголемувањето на бројот на жители во следните неколку години и изградбата на голем број згради, за очекување е инфраструктурата многу да се подобри.

Освен Сопиште, Кадино и Волково на друго место гледаше плацови? Кадино некако далеку е, барем ако треба секој ден да одиш на работа до Центар, Карпош, Аеродром...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Има ли некои информации, дали може да се поднесе за маркица за изградба на куќа на плац(земјиште ) што во моментот се наоѓа надвор од ГУП(град. урбан.план)
Пр. Делот на пинтија околу црквата, горно лисиче
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Како што ти кажа Dzish, комуналии се плаќаат за површината на објектот што ќе го изградиш. Доколку вториот кат ти е со висина до 1.55м (не сум најсигурен за висинава, но тука некаде е -+ со см) тогаш за него ќе платиш комуналии, но со цена на 20% од површината на горниот спрат. Не сум најсигурен со бројкиве, но убаво би било да провериш. :)

Инаку каде точно ти е плацот? Оваа цена од 20 евра за комуналии се однесува за делот од Сопиште што спаѓа под општина Кисела Вода, а тоа е делот од ресторанот Теферич до местото каде што се спојува улицата со главниот пат што води до општината. Ако ти е полесно за снаоѓање, ќе ти покажам мапа :) За оној дел што спаѓа под општина Сопиште комуналиите беа 7 евра, но се зборуваше дека ќе ги накачат...

Ако можеш да си дозволиш плац во Сопиште тогаш мислам дека нема да згрешиш. Во последно време таму многу се гради, а цените сигурно ќе рипаат се повеќе и повеќе во наредниот период. Со зголемувањето на бројот на жители во следните неколку години и изградбата на голем број згради, за очекување е инфраструктурата многу да се подобри.

Освен Сопиште, Кадино и Волково на друго место гледаше плацови? Кадино некако далеку е, барем ако треба секој ден да одиш на работа до Центар, Карпош, Аеродром...
Другар плацов се наога горе кај сопиште, незнам како точно да ти го кажам, околу една спојка на 2 улици, едната улица доага од кај теферич патот, а другата води надоле накај кисела вода. Мислам дека се вика Мариовска . А за други плацови имам само прашано за накај волково, но некако оваа локација подобро ми одговара...
 
Таа улица што се спојува е границата помеѓу Сопиште и Кисела Вода, над улицата (Мариовска) е општина Сопиште, под улицата е општина Кисела Вода :) Екстра локација, преку таа улица за 2-3мин се симнуваш на Огњан Прица во Кисела Вода. Сеуште стојам на ставот дека тој дел ќе биде еден од најдобрите за живеење во Скопје, твое е да одлучиш :) Ако треба уште некое инфо слободно прашај, поздрав и со среќа!
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Фала ви многу, но ај уште ова да ве прашам. Доколку купувам кука правена пред некои си 6-7 месеци, кои се првите работи што треба да ги проверам? Столбови, изолација и слично? Е сега човекот заради х причина сака да ја замени куката со нешто помало. Има плац со околу 350 квадрати, и кука околу 100м2 со 2 плочи, подрум, и место за доградба на уште кат ипол. Вика дека има ставено од подобрите матријали, па мислев да не знаете што како да проверам. Друго, јас имам стан во Г.Петров тука кај Тинексот одма на приземје, 57 квадрати, тазе комплетно реновиран купен пред 2-3 год, што мислите дали вреди тоа да го трампам за ова горе?
Имал комплет документација, што друго да проверам јас ако не ви е тешко пишете.... Поздрав и фала многу
 
За материјаливе не можам да ти помогнам, најдобро е да земеш со тебе човек што се разбира и да го провери тоа, вака преку нет џабе е верувај...

Инаку куќата е целосно готова или карабина? Друго битно прашање е дали има имотен лист човеков што ја продава?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Еве колку ти се далеку неколку можни локации, ако ти е важно тоа :

Од Радишани до плоштад има 9км

Населба Лисиче до ГТЦ = 4.5 - 5 км.

Волково - плоштад = 10 км

Драчево - плоштад = 10-11 км
Да не ти е грешна математиката

Радишани до плоштад = 7-8 км
Населба Лисиче до ГТЦ = 3-4 км.
Волково - плоштад = 15 км
Драчево - плоштад = 15-20 км
 
П

Паспарту

Гостин
Да не ти е грешна математиката

Радишани до плоштад = 7-8 км
Населба Лисиче до ГТЦ = 3-4 км.
Волково - плоштад = 15 км
Драчево - плоштад = 15-20 км
Од влез на Скопје (мостот кај Сарај) до Ново Лисиче има 15км, така да нема шанси од Волково до плоштад да е 15.
Ново Лисиче (последна 5ка) - ГТЦ е 4-5км
Драчево - плоштад не е повеќе од 10км
За Радишани не сум сигурен, но треба да е некаде околу 10-11км
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Од влез на Скопје (мостот кај Сарај) до Ново Лисиче има 15км, така да нема шанси од Волково до плоштад да е 15.
Ново Лисиче (последна 5ка) - ГТЦ е 4-5км
Драчево - плоштад не е повеќе од 10км
Зависи од кој дел на населбата тргнуваш
Од Центар до Драчево сигурно има минимум 15-20 км
Од Волково средсело до Ѓорче има 4-5 км,а од Ѓорче до Центар има 8-9 км..........
 
П

Паспарту

Гостин
Зависи од кој дел на населбата тргнуваш
Од Центар до Драчево сигурно има минимум 15-20 км
Од Волково средсело до Ѓорче има 4-5 км,а од Ѓорче до Центар има 8-9 км..........
Партизанска е долга 6км (од Пошта до кривината во Влае/Ѓорче), а 9км може да има од крајот на Ѓорче кај Сарај до центар.

Драчево (влезот) - Пинтија е 2км, Пинтија - Кисела Вода (општината е 4км), а од општината до плоштад нема повеќе од 2км, еве и 3км нека се. 15-20км се премногу, 15км има од Автокоманда до аеродромот Петровец.
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Вака куката е почната значи едниот спрат т.е приземје е средено, врати, прозори, лугето си живеат внатре. Од надвор нема фасада, а горе има плоча па кров. А за документите, има некои си 90% од документација, имотен лист вика ке извадел за 7 дена и слично...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Вака куката е почната значи едниот спрат т.е приземје е средено, врати, прозори, лугето си живеат внатре. Од надвор нема фасада, а горе има плоча па кров. А за документите, има некои си 90% од документација, имотен лист вика ке извадел за 7 дена и слично...
А да си провериш за секој случај во катастар,општина,или да не има некоја хипотека.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
А да си провериш за секој случај во катастар,општина,или да не има некоја хипотека.
За да провери дали има/нема хипотека треба да има имотен лист (хипотеката го прати имотот). Од имот тука има земјиште и куќа(објект) а чоеков му рекол дека нема имотен лист и тој дел не ми е јасен. МОРА да има имотен лист барем за земјиштето...куќава валјда покасно ке ја упише зашто или треба да се легализира(ако е дивоградба) за да се упише на имотен лист, или ако е по ДУП на општината градена треба да има легулирано комуналии. Мој совет ако ти рекол деа нема ни за земјата имотен лист иди на сајтот на катастар и ке кликнеш на квадратот во средина АКН-ГИс портал (ака Гоогле мап со бројчиња на парцели). Најди си го плацот визуелно од око и со бројот на плацот ке си побараш после имотен лист na сајтот баш за тоа бројче(парцела) за катастарска општина К.Б или Сопиште и ке видиш кој е газда на плацов и шо све му е упишано како имот ;)
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Фала многу другар, само што проверив преку адресата, од горе гледано, овој плац се наога на 200 метри од последните парцели обележанаина катастарот. Е сега тој плац што е над мене, слушнав од неколку луге дека го купил некој наш кошаркар, а преку страницава ни кај него не е обележан плацот... Инаку плацов се наога блуску до парцела 865.
Ова значи дека човекот нема имотен лист, или дека тоа земјиште не е за градба???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom