Локација за изградба на куќа во Скопје

Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Иако знам дека секој ќе си го пофали своето маало, ме интересира која скопска населба има најдобар сооднос на цена на градежно земјиште vs. услови за живеење? Секако, ги исклучувам топ дестинациите Водно, Жданец, Трнодол, Козле итн итн.

Услови за живеење се:

Урбанизираност,
Добра инфраструктура - (стабилен) пристап до струја, вода и канализација,
Асфалтирани патишта,
Градски превоз и поврзаност со центар иако самата локација не мора да биде блиску до центарот,
Загаденост - близина до големи индустриски објекти како што се Усје и Железара,

Најчесто локациите се нудат во Волково, Соње, Пинтија, Визбегово, Радишани и Драчево...
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
што подалеку од градскава џунгла -ти е мој совет (y)
 
V

Vollstandig

Гостин
Ако имаш кола можеш да си идиш до некое село или подалеку од градот, на излезот, на пример можиш карпош стан да си земиш можиш водно од симпо па нагоре тие места убави се за живеење, било каде можиш да си одбериш место има добри места. за цените незнам како е ама знам скопје е поскапо
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Добра тема, ќе ја надгледувам постојано. Давајте предлози за интересни локации со нормални цени.
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Радишани би ти било топ за условите кои ги бараш. Населбата додуше станува пренатрупана (поради градење на нови куќи околу неа паѓа напонот на струјата во зима и притисокот на водата во лето во поодалечените делови), но сепак ако можеш да најдеш некоја локација ВО населбата, а не околу неа би ти било супер. За цените како се движат не сум баш информиран но се доста поефтини од градското подрачје. Инфраструктура и урбанизираност има солдина. Улиците се во одлична состојба. Тапа е ноќниот живот (има само 2 кафичи у цела населба). Е сега проблемот е оддалеченоста од центар (10км) ама ако си спремен да патуваш 15 минути до таму (со кола) нема да имаш проблем. Градски превоз има ама 30 минути не ти бегаат за до рекорд. Најбитно од се е што е многу по тивко и по чисто од градот. Возухот е по чист и секогаш е 2-3 степени по свежо од центар. Јас сум задоволен и единствен проблем за мене е оддалеченоста од центар. Али битно ми е тоа дека мирно спијам. :)
 
ИвањушкА

some-thing
Член од
17 јули 2009
Мислења
342
Поени од реакции
526
Би ти го препорачала и Драчево како избор, како што приметувам се повеќе куќи се градат, е сега не сум информирана за цена но би требало да се поефтини од другиве населби кои се поблиску до центар. Мирна е населбава, стално е посвежо за разлика од центар, има буквално се што ти е потребно, маркети, пазар, продавници за се и сешто, за превоз тука ти е 41 во секое време или уште поубаво ако си имаш кола, патот од центар го оправија за разлика од порано и едино што е малку подалеку отприлика 12км, иначе немам друга замерка. Јас живеам на влезот од населбата во едно маало отприлика има триесетина куќи и ниви одоколу( со кромид нормално :D), и е многу помирно за разлика од населбата (не ми поминуваат коли и автобуси под прозор), има ридче за шетање, чист воздух, природа.. милина. :)
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
некое тивко местенце......село е подобро...само гледај да има некаква инфраструктура за до Скопје............
 
П

Паспарту

Гостин
Бардовци - од 70 евра па нагоре, во зависност од тоа колку блиску се струјата и водата. Канализација мислам дека има само во делот каде што е т.н. нова населба и тоа мислам дека е приватна па ќе треба да им плаќаш на тие што платиле за да се изгради. Според мене, премногу напумпани се цените овде, а сето тоа поради "богаташите" кои последниве години изградија куќи тука. Блиску си до Карпош (2-3 км), а во Бардовци мислам дека има само една продавница (таа кај школото). 21 оди до Бардовци, со тоа што ќе го прошеташ цело Скопје додека стигнеш, а најнов автобус е 21А кој врти десно и од кај Александар Палас оди директно до Бардовци (многу побрзо за разлика од линијата што ја вози 21).

Сопиште - од 40 до 100 евра во зависност од тоа во кој дел е плацот. Оние што се наоѓаат кај ресторанот Теферич и во негова близина се со цена од 70 до 100 евра, оние што се погоре накај општината чинат од 50 евра па нагоре. Колку што сум запознат канализација има скоро во цело Сопиште, а мали проблеми се јавуваат преку лето и зима со водата/струјата. Во последно време во Сопиште премногу се гради, па според мене набрзо и тука ќе се дигнат цените до небо. Ова е едно од најдобрите места за живеење во Скопје, лоцирано на Водно, опкружен си со природа, а до центар си за многу брзо време. 24, 58, 58А и 58Б се автобусите кои одат натаму.

Пинтија - Плацовите тука се со цена од 40 до 60 евра. Во долниот дел на Пинтија куќите се премногу збиени, а горниот дел (накај манастирот) се на еден начин "покомотни". Единствен проблем со патот во Пинтија според мене е што е премногу тесен, а населбата како населба е супер за живеење. 41 е прередовна линија, па така нема да имаш никаков проблем за стигнување до Центар.

Драчево - поодалечено од Центар, но убаво и мирно место за живеење. Мислам дека цената на плацовите овде се движи од 60 евра па нагоре. Истото што важи за поврзаноста со Центарот за Пинтија, важи и за Драчево.

Волково - цената на плацовите се движи од 20 до 30 евра. Малку подалеку е од Центар, но сепак е убаво место за живеење. Автобуска линија со број 22 оди од и до Волково.

Радишани - Мислам дека овде цената на плацовите се движи од 40 до 70 евра за квадрат. Оддалечено е 10тина километри од центарот, но 57 е редовен автобус па не би требало да имаш преголем проблем за транспортот.

Мислам дека која и да ја избереш од овие локации нема да згрешиш, верувај дека ќе дојде време кога за разлика од сега, сите ќе сакаат да бегаат што подалеку од Центар.

Пред да го купиш плацот, распрашај се за комуналиите, да не излезе на крај да дадеш повеќе пари за нив отколку за куќата :) Комуналии во Бардовци не се плаќаат, но како што слушнав за брзо време и тие ќе се воведат. Во Сопиште беа 7 евра, но треба да се зголемат на 25 (ако не се зголемиле веќе). За делот од Сопиште што спаѓа под Кисела Вода (Теферич и околината), комуналиите изнесуваат 20 евра.
 
Ова е одлична анализа на скопските населби. Од споредбава за мене Драчево изгледа најпривлечно.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Сакам да прашам дали некој знае како се движат цените во Жданец, и колку се комуналиите?
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Сопиште - од 40 до 100 евра во зависност од тоа во кој дел е плацот. Оние што се наоѓаат кај ресторанот Теферич и во негова близина се со цена од 70 до 100 евра, оние што се погоре накај општината чинат од 50 евра па нагоре. Колку што сум запознат канализација има скоро во цело Сопиште, а мали проблеми се јавуваат преку лето и зима со водата/струјата. Во последно време во Сопиште премногу се гради, па според мене набрзо и тука ќе се дигнат цените до небо. Ова е едно од најдобрите места за живеење во Скопје, лоцирано на Водно, опкружен си со природа, а до центар си за многу брзо време. 24, 58, 58А и 58Б се автобусите кои одат натаму.

Пред да го купиш плацот, распрашај се за комуналиите, да не излезе на крај да дадеш повеќе пари за нив отколку за куќата :) Комуналии во Бардовци не се плаќаат, но како што слушнав за брзо време и тие ќе се воведат. Во Сопиште беа 7 евра, но треба да се зголемат на 25 (ако не се зголемиле веќе). За делот од Сопиште што спаѓа под Кисела Вода (Теферич и околината), комуналиите изнесуваат 20 евра.
Другар, ја најдов еден плац горе во Сопиште, со поглед на Скопје, е сега дечкото ми го дава 40евра од квадрат. Тоа е цената без комуналии така? Ако викаш дека комуналии се 20 евра, тоа доага од квадрат или како иде? Ако е од квадрат за 400м2 комуналии ке ми излезат 8000 евра, така?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Другар, ја најдов еден плац горе во Сопиште, со поглед на Скопје, е сега дечкото ми го дава 40евра од квадрат. Тоа е цената без комуналии така? Ако викаш дека комуналии се 20 евра, тоа доага од квадрат или како иде? Ако е од квадрат за 400м2 комуналии ке ми излезат 8000 евра, така?
Комуналии се плаќаат на објектот што ќе го градиш... не на големината на плацот. Така да ако изградиш куќа од 80 квадрати ќе платиш 1600 евра.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Мислам дека во Козле и на Водно ти е најскапо. Така да одбегнувај тие места.
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Знам, затоа и барам други места, нешто волково, сопиште, кадино и то... па ке видам... што се најде...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom