Локации за сток фотографија?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Океј, бидејќи гледам дека на форумов веќе има неколку членови кои почнаа да се занимаваат со сток фотографија, имам една идеја.

Бидејќи не може да се ограничиме само дома во импровизирани услови и да фотографираме изолирани предмети кои ни се при рака, идејата ми е да се организираме заеднички за да направиме што повеќе и поинтересни сток фотки.

Што е потребно? Невообичаени локации. Пример - големи продавници за техничка опрема, убави канцеларии, салони за мебел, салони за автомобили, болници, фабрики, кафулиња со убави шанкови, спортски објекти, продавници за спортска опрема...

Доколку имате пристап до вакви места или пријатели кои би можеле да ни овозможат, ајде да се договориме да испочкрапаме.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Сум за, ама без разлика на локацијата треба многу светло. Јас можам да земам 2х500ватни рефлектори (кои иако даваат силно светло, нема потребна температура на бојата).

Треба добро блиц / чадор осветление. Чадор имам кинески, 100 денари посребрен од внатре, блиц сеуште не :(

Друго, јас сум од Битола, ако се организирате СК можда не ќе можам да дојдам.

Јас можам да ви понудам црвена боја :) http://lh5.ggpht.com/d.angelovski/RlL0VRNpibI/AAAAAAAAAHA/sc_XDg-xmyw/Stan01%20(25).jpg кај мене дома. Би излегле добри фотки под добро светло. Само не е многу голема просторијата (4х4). Погодна за 2-3 модели макс.

Edit: Би дал некој динар за рентање локација за заеднички сесии.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Сум за, ама без разлика на локацијата треба многу светло. Јас можам да земам 2х500ватни рефлектори (кои иако даваат силно светло, нема потребна температура на бојата).
Јас имам 2 х 1000W

Треба добро блиц / чадор осветление. Чадор имам кинески, 100 денари посребрен од внатре, блиц сеуште не :(
Tреба флеш глава, за која толку време прашувам по форумов дали некој знае некој кој продава. Инаку, имам одлични два блица, од кои едниот со вајрлес команди, сосема доволни за да завршат работа.


Edit: Би дал некој динар за рентање локација за заеднички сесии.
И ова доаѓа во предвид, и тоа не само за рентање локација, туку и за рентање модели :)
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
И ова доаѓа во предвид, и тоа не само за рентање локација, туку и за рентање модели :)
Рентање модели е полесно од рентање локација :). Изгорени се за да се сликаат ;)

Едит: Конкретна локација немам, но да зборуваме прво за темата за сликање па да бараме локации. Нешто што би одело како сток. Да нафрлам само нешто: казино, доктори/сестри (треба модел + пропс), забар (може со договор за фотки за ординацијата да ни даде модел рилис), новоградба во тек (треба да се влезе кај што се гради некоја зграда + модели работници), финансии (треба да собереме од по дома ситни и крупни пари :), и да најдеме офис лајк место)...
 

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
баш би сакал модел да бидам, ама не знам дали иам предиспозиции:))
 
Член од
10 јуни 2006
Мислења
118
Поени од реакции
7
Сега ја прочитав темава и ме заинтересира. И јас сум за изнајмуванје на локација. Што се однесува до модели јас сега за сега сликам другари и другарки (што да правам кога се се лепотани околу мене:pos2:).Инаку од студиска опрема немам ништо, освен трипод:nesvest:. Сликам на дневна светлина дома или пак на работа (има огромен бел изложбен салон и добри канцеларии), ама има многу муштерии, луге и.т.н., па така да не е практично. Ако сакате ваков член во друштво, јас прифаќам. Поздрав!:smir:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
или пак на работа (има огромен бел изложбен салон и добри канцеларии), ама има многу муштерии, луге и.т.н., па така да не е практично.
Ставаме катанецот после работно време некој ден и ... :)
 
Член од
10 јуни 2006
Мислења
118
Поени од реакции
7
Ставаме катанецот после работно време некој ден и ... :)
Абе ако е за некој ден, нема проблем, ама проблемот е ако сакаме константно таму да сликаме. За некој ден ке се договориме, мозе и недела, тогаш никој нема.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Абе ако е за некој ден, нема проблем, ама проблемот е ако сакаме константно таму да сликаме. За некој ден ке се договориме, мозе и недела, тогаш никој нема.
Не бе константно, нема во студио да го преадаптируваме :)

Само да зачкрапаме ако има интересни моменти :)
 
Член од
10 јуни 2006
Мислења
118
Поени од реакции
7
Не бе константно, нема во студио да го преадаптируваме :)

Само да зачкрапаме ако има интересни моменти :)
Интересни моменти нема многу, туку има голема просторија за сликање модели, и доста е светла, така да за преку ден не ни ни треба некое осветлување.
Ако сакате нема проблем, јас сум слободна не оваа туку идната недела.
Поздрав!
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Заинтересирани сме. Ако успееме да определиме датум, да гледаме и да обезбедиме се друго (модели, пропс итн) за тогаш. Пошто немаме многу осветлување, добро би било да се собереме кој со што има, плус денски, па да испробаме како би било денски со по плус некое светло (уште подобро).

Ако ништо друго, бар ќе се подружиме. Ако некоја фотка се продаде бар еднаш, на коњ сме.
 
Член од
10 јуни 2006
Мислења
118
Поени од реакции
7
Како бе нема, мора да има :)
Што се продава во салонот?
Стакла и огледала кои се многу тешки за сликање. Но, во секој случај може да се изведат некои финтички , посебно со огледалата. Местово за кое ви зборувам е фирма за стакло. Има магацин со стакла, има производен погон, изложбен салон, две мали кујнички, една мала и една средна канцеларија. Не е којзнае што, мислам не е нешто огромно, но тоа е најдоброто што јас можам да го најдам за сликање.
Поздрав!


п.с.Ај покасно ке ви пуштам неколку фотки од местото, колку да добиете претстава за што зборам.
 
Член од
10 јуни 2006
Мислења
118
Поени од реакции
7
Заинтересирани сме. Ако успееме да определиме датум, да гледаме и да обезбедиме се друго (модели, пропс итн) за тогаш. Пошто немаме многу осветлување, добро би било да се собереме кој со што има, плус денски, па да испробаме како би било денски со по плус некое светло (уште подобро).

Ако ништо друго, бар ќе се подружиме. Ако некоја фотка се продаде бар еднаш, на коњ сме.
Јас мислам дека најпогодно е недела, затоа што преку цел ден е слободно местото, јас не можам оваа али од наредната кога сакате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom