Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Ај ај ај па нема помизерно од ова. Еден асален со капацитет на водење општина нема у кандидатите на сдс и вмро. Мора мора мора некоја зелена варијанта (секако не милитантно зелена ДУИ) со убаи конекции со запад да ја сврти кец у два иначе ебавме ежот.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.452
Поени од реакции
4.564
Ако одат со некој друг, а не Дејан Митески во Аеродром ќе си пукаат в гла ненормалните.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
На прагот сме да ги достигнеме Босанците по дебилност на локални избори.

Со ова темпо, на добар пат сме и Бугарите за некој циклус да ги надминеме.

Шала на страна, ние немаме апсолутно никаков демократски капацитет. Е сега, дали е до партиите или до самиот народ, прашањето е исто како и јајцето со кокошката.

Луѓето овде не размислуваат долгорочно, не размислуваат колективно, сите се тотално пасивизирани и едноставно нема активна пракса на практикување власт на локално ниво.

Имам познаници и луѓе кои ќе се активираат на овие локални избори, дали од партија, дали Хуман Град или други независни листи.
Ја гледав Петровска/Петреска Ана вечерва на Алфа и можам да кажам дека жената иако има добри и искрени намери, впечатокот што го добив е дека е некаков си идеалист по делување, по малку латентна со муабетите. Мислам, океј, убави визуелизации има "како нештата би требало да изгледаат", исто како и сите што искачаат на овие локални избори, ама изгледа не си ја сфаќаат својата поента и не се свесни за лимитраноста која што ја имаат како градоначалници, пред се, временски од 4 години. Како да не сфаќа жената дека сите визуелизации што ги има се сајнс фикшн и далечна иднина.

Секоја општина (ок, голем дел од нив) имаат буџети и финансиски извештаи кои се јавно достапни годишно. Доста и од јавните претпријатија исто така. Ми се чини дека ниеден од кандидативе досега нема навлезено убаво и да направи просто предвидување со какви средства ќе располага и што може да се направи со тие средства. Затоа многу од нив имаат такви НЕконкретни и малтене латентни приказни и програми, други пак имаат грандиозни ветувања. Не знам, овој се бори за ова, оној се бори за она и тн и тн. Многу малку од тие луѓе заправо знаат што значи менаџирање со финансии воопшто, да не зборам со финансии на локална самоуправа. Единствено реално и опипливо ветување им е ДО НЕКАДЕ блокада, блокирање и експонирање на масовното градење и демаскирање на криминалите на владарите и по некоја недоследност или криминал на претходните структури, или да обелоденат некој хардкор загадувач и сите бруталности во тој поглед. Повеќе од ова, НЕ ОЧЕКУВАМ едноставно.

Имено, на секоја општина и треба поставување на некаква база за идно функционирање, напуштање на многу досегашни практики, стартување одново.

Протести и активизам се cool, треба да постојат, ама треба акција од сите нас. Како беше она, не прашувај што државата може да направи за тебе, прашај се што ти можеш да направиш за неа. Мора едноставно сите ние индивидуално да појдеме од самите себе си. Да одвоиме микронски дел од нашето време, давајќи пример за околината и за другите. Ако ние тотално ја делегираме "политичката активност и делување" преку глас за дадена партија, тогаш ништо не правиме, за жал.

Дури и дебатата на разни медиуми макар и форум е добра, иако е почетна точка, таа многу малку ја менува нашата реалност, бидејќи ние сепак на тој начин зборуваме и дебатираме, не планираме, не се активираме и воопшто не делуваме. Проблемот во локалните заедници е делувањето.

Мене не ме интересира ти што можеш да ветиш, ти што имаш испланирано. Мене ме интересира како гласач, што ти и твојот тим, врз база на детални анализи и предикции на буџетот на градот/општината можете да подобрите во наредните 4 години.

Ние, сеуште за жал чекаме да објават кандидати некои партии, иако ок, тоа се вмро и сдс, гној од политички здруженија. Другиве као "праиме калкулации, разгледуваме, не сакаме да се расфрламе со грандиозни ветувања", учиме како функционира локалната самоуправа, пошто немаме нели искуство релевантно. Па пичка му матер, дали вие како потенцијални идни градоначалници сте седнале да го видите тој мочан буџет, дали сте направиле финансиски анализи каде точно може да се скрати во непродуктивни трошоци, што може да се изгради или подобри?

Или само сме јаки на блокирање, да блокираме контроверзни дуп-ови, гуп-ови и тн и тн... И народот, пошто научен на никаква продуктивност, се пали на тој новововеден level 1 за одбрана од градежни експанзии.

Јас искрено страшно сум запрепастен од сеопштата неспособност и неписменост на населението овде, дури и на оние што на прв поглед изгледаат "бањати", односно едуцирани, или барем кои прочитале 3-4 книги во животот и се стекнале со некакво звање.

На сите независни (и Левица) гледам како еден левел/ниво погоре од СДС/ВМРО. А нам ни требаат минимум 3-4 левели/нивоа погоре од овие за да нееееееешто се смени и да се подобри. Левел/нивоа под сите нишани и по делување и по способност и спремност, а не само про форма и декларативно.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839

Добар текст, на ова може да се додаде слободно тоа што ниту еден од кандидатите за градоначалници никогаш за време на кампања не го претставил својот кабинет т.е тим, па пост фестум има непријатни изненадувања со тоа шо преку кадровската политика во кабинетот и јавните претпријатија излегуваат разни дилови на виделина. Не мора кандидатот за градоначалик да знае се за секое јавно пп или сектор, ама треба да знаат тие кои ќе водат нешто такво, посебно за оние кои се борат и за градоначалници и за мнозинства во општинските совети. А кадровската политка ти е основен показател за правецот во кој ќе се движи одредена локална власт, и токму затоа се држат настрана од јавноста вакви теми. Новинарите се исто партиски т.е купени, па не отвораат скоро никакви посериозни прашања во јавноста без да добијат насоки за такво нешто, чест на ептен ретки исклучоци, и се останува во духот-немој ти мене и нема јас тебе. Кој ќе успее да собере поќе овци во своето трло, има право да ги стрижи сите на куп во наредните 4г.
И тука доаѓаме до менталитетот, поќе им фаќа уво на гласачите тоа шо правел некој дома чисто приватни муабети, пошто сега апла се слушаат и следат после разгологазувањето со бомбите и драстичниот пад на довербата курто-муртовци и џемовци, отколку некој да се запраша како некој локал апаш со 500 евра општинска плата има возен парк и недвижнини од милион евра. Не му текнува дека секоја дупка на патот, секоја калдрма, секој необележан пешачки премин, секое забаталено зеленило, руинирано школо/градинка, секоја зграда изградена без/по соодветни стандарди итн, итн е причината за тој несвојствен капитал на еден обичен чиновник. И пак со истите лаги, од истите фаци или нивни потомци. 30г во некои градови се лажи со истите проекти, и нема никаков посериозен револт за тоа. Буквално на очи лажеа претходните избори со ветувањата, и еве сеа се гледа тоа начисто, никој не бара одговорност за тоа од партијата шо го кандидирала. Демек пу-пу не важи, еве друг сеа кандидат, и никому ништо.
Епа јбг, не било за да биди.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.584
Поени од реакции
11.597
"Просечниот гласач е морон.
Тој верува во она што ќе го прочита во весниците, ја храни својата имагинација и ја успива својата репресија во кино, надевајќи се дека ќе побегне од своето ропство преку фудбалски обложувалници, крстозбори или преку бележење на победникот на 3:30.
Тој е прост на начин на кој ниеден неписмен селанец не е прост: тој нема моќ на Независна мисла. Тој е жртва на паника.
Но тој го има гласот."
- Научното Решение за Проблемот на Владеењето

Ова е напишано скоро 80 години наназд, и ете не ние во Македонија, Балканот - токму со ова се соочуваме. Луѓе од биртии, кооперации, неписмена багра која не се ниту заморува со политика, туку грабаат да добијат екстра леб со малку масло врз него - и тие „ја имаат моќта на гласот“.
Пензионери кои се палат на „Македонија вечна“, се надеваат на 500ден поголема пензија, „зеленило насекаде“, ефтино она или ефтино ова - а знаеме дека ништо не е вечно, ништо не е бесплатно, направија да сме под ропство од една збирштина од недоквакани политичари кои не се заморуваат со човекот, туку со „своите“.
И ќе трчате да гласате со надеж не тие, оние да победат? Тие секако ќе победат - Вие? :)

Треба да се додаде опција: Не гласам (додади причина).

Не постои начин сега за сега да се турне овој систем, каде што никој не го прашува граѓанинот што е најпотребно да се направи за него и тоа да е закон, да не може никој да го заобиколи, или е прашуван само за да се „задоволи демократскиот систем“ - те ислушавме, сега може да си одиш, треба да клатам врата...
Ги редат истите или слични луѓе од партии, а самите партии мирисаат на трулеж, дувло на послушници кои не се заморуваат за ништо освен за себе си.

Не трчајте да гласате мислејќи дека имате некаква моќ да промените нешто.
Виртуелно може да си замислувате - во реалноста, не е така, освен ако не трчате по партии и да бидете послушници за да добиете корка леб со малку салама и сиренце и со тоа да сте задоволни.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.639
Поени од реакции
7.509
Добар текст, на ова може да се додаде слободно тоа што ниту еден од кандидатите за градоначалници никогаш за време на кампања не го претставил својот кабинет т.е тим, па пост фестум има непријатни изненадувања со тоа шо преку кадровската политика во кабинетот и јавните претпријатија излегуваат разни дилови на виделина. Не мора кандидатот за градоначалик да знае се за секое јавно пп или сектор, ама треба да знаат тие кои ќе водат нешто такво, посебно за оние кои се борат и за градоначалници и за мнозинства во општинските совети. А кадровската политка ти е основен показател за правецот во кој ќе се движи одредена локална власт, и токму затоа се држат настрана од јавноста вакви теми. Новинарите се исто партиски т.е купени, па не отвораат скоро никакви посериозни прашања во јавноста без да добијат насоки за такво нешто, чест на ептен ретки исклучоци, и се останува во духот-немој ти мене и нема јас тебе. Кој ќе успее да собере поќе овци во своето трло, има право да ги стрижи сите на куп во наредните 4г.
И тука доаѓаме до менталитетот, поќе им фаќа уво на гласачите тоа шо правел некој дома чисто приватни муабети, пошто сега апла се слушаат и следат после разгологазувањето со бомбите и драстичниот пад на довербата курто-муртовци и џемовци, отколку некој да се запраша како некој локал апаш со 500 евра општинска плата има возен парк и недвижнини од милион евра. Не му текнува дека секоја дупка на патот, секоја калдрма, секој необележан пешачки премин, секое забаталено зеленило, руинирано школо/градинка, секоја зграда изградена без/по соодветни стандарди итн, итн е причината за тој несвојствен капитал на еден обичен чиновник. И пак со истите лаги, од истите фаци или нивни потомци. 30г во некои градови се лажи со истите проекти, и нема никаков посериозен револт за тоа. Буквално на очи лажеа претходните избори со ветувањата, и еве сеа се гледа тоа начисто, никој не бара одговорност за тоа од партијата шо го кандидирала. Демек пу-пу не важи, еве друг сеа кандидат, и никому ништо.
Епа јбг, не било за да биди.
Имам пишувано за ова и претходно. Проблемот со кадровата политика не е од денеска тука е без никакво увеличување создаден уште од време на Југославија ( 50-60ти) и не јаде веќе 60+ години. Проблемот е трикратен и бил барем по мене создаден без сомнеж намерно за да може црвената банда од тоа време да се одржи што подолго на власт и да си ги зацементира позициите.

  1. Циницизам: Уште во првата декада на постоењето на Југославија се почнало со негување на тој дух на циницизам. Уште веднаш Тито и неговиот најблизок кабинет нај-активно се занимавале со пресметка на фанатиците и страсните идеолози и тоа независно од која идеологија припаѓаат истите. Па така имаш ситуација каде што луѓето како Ченто и Брашнаров завршуваат се егзекутираат а од друга страна внуците на познати предавници како Жерновски и Токупркувски се негуваат од системот. И тој циницизам бил ширен во секоја пора на општестовото.

    "Абе добро комунисти сме, али не веруваш навистина во целата идеологија така?"
    "Абе добро Македонци сме, али сега мора човек да се снајде?" ( Апостолски сам ова во интервју си го кажува, абе да јас бев за Македонија али да застанев со Ченто и другите ќе беше ризично". Замислете Павел Шатев да дадел ваква изјава.)
    "Абе добро верници сме, али сега не можеш да веруваш во се што викаат?"

    Систематски 60 години во Југославија биле чистени сите фанатици, идеолози и радикали до таа стапка што денеска луѓето имаат несвесна аверзија кон нив зошто потствесно им асоцира дека работата со нив може да води кон последици кон самите нив. Па така дечките што самите идат да собираат ѓубре по планини се будали, дечките што лапаат европски пари и зборат во флоскули се "Зелени активисти". Во порите ни е влеен тој циницизам до таа мера што мислам дека првите зборови на секоја мајка и татко на нивното дете се "Абе за нив ли ќе си го трошиш животот, гледај си го раатот"

  2. Системот: После чистењето на сите фанатици и идеолози, нормално Тито имал масовни проблеми да направи која било сфера од државата да профункционира ( да се разбереме Југославија била комплетно нефункционална држава ). Системот веќе бил полн со циници и неспособни прагматици али морало да се има оправдување за народот. И тоа биле вечните усовршувања на несовршениот систем и транзиции.

    70 години имаме константно обвинување на системот и за потребата на негово подобрување а тоа е само со цел да се тргне внимание од вистинскиот проблем кадарот. Комисии, под комисии, совети, експертски анализи. Без никаде потпис и лична одговорност за нешто. И така 70 години си поминаа во вечно дебатирање за тоа како да направиме подобар систем наместо нешто навистина да се поправи.

  3. Непотизам: Тоа веќе го имаш образложено и не навлегувам понатаму.

И така си вртиме. Значи не треба да се вработува кадар на фактот дали му веруваш или не. Јавен оглас, ти доставуваат потпишани проекти и идеи. Даваш понатаму кадар да ги спроведува. Ако не успее се утврдува кој е крив, дали тој што планирал или тој што спроведувал. Али во секој случај кој и од нив да е крив и твојата глава иде заедно со нивната освен ако немаш некој добар изговор. Нема тука што да се подобрува систем или комисии да се викаат.

Индивидуи се тие што го прават системот и целата одговорност треба на крај да лежи кај нив лично.

"Просечниот гласач е морон.
Тој верува во она што ќе го прочита во весниците, ја храни својата имагинација и ја успива својата репресија во кино, надевајќи се дека ќе побегне од своето ропство преку фудбалски обложувалници, крстозбори или преку бележење на победникот на 3:30.
Тој е прост на начин на кој ниеден неписмен селанец не е прост: тој нема моќ на Независна мисла. Тој е жртва на паника.
Но тој го има гласот."
- Научното Решение за Проблемот на Владеењето

Ова е напишано скоро 80 години наназд, и ете не ние во Македонија, Балканот - токму со ова се соочуваме. Луѓе од биртии, кооперации, неписмена багра која не се ниту заморува со политика, туку грабаат да добијат екстра леб со малку масло врз него - и тие „ја имаат моќта на гласот“.
Пензионери кои се палат на „Македонија вечна“, се надеваат на 500ден поголема пензија, „зеленило насекаде“, ефтино она или ефтино ова - а знаеме дека ништо не е вечно, ништо не е бесплатно, направија да сме под ропство од една збирштина од недоквакани политичари кои не се заморуваат со човекот, туку со „своите“.
И ќе трчате да гласате со надеж не тие, оние да победат? Тие секако ќе победат - Вие? :)

Треба да се додаде опција: Не гласам (додади причина).

Не постои начин сега за сега да се турне овој систем
, каде што никој не го прашува граѓанинот што е најпотребно да се направи за него и тоа да е закон, да не може никој да го заобиколи, или е прашуван само за да се „задоволи демократскиот систем“ - те ислушавме, сега може да си одиш, треба да клатам врата...
Ги редат истите или слични луѓе од партии, а самите партии мирисаат на трулеж, дувло на послушници кои не се заморуваат за ништо освен за себе си.

Не трчајте да гласате мислејќи дека имате некаква моќ да промените нешто.
Виртуелно може да си замислувате - во реалноста, не е така, освен ако не трчате по партии и да бидете послушници за да добиете корка леб со малку салама и сиренце и со тоа да сте задоволни.
Чист пример на цинизам, системот не функционира, остајте ги.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Демократски сојуз на изборите оди со СДСМ

Shocking. До кога бе овој ќе се шлепа со ДБК досиеа од четрспрва.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.292
Овој ја дупи јавноста у здрав мозок.

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Демократски сојуз на изборите оди со СДСМ

Shocking. До кога бе овој ќе се шлепа со ДБК досиеа од четрспрва.

Обично кога делегатот Павле Трајанов избира страна за коалициски партнер, таа коалиција и добива избори.

Ликот вечно се шлепа со коалиции.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.639
Поени од реакции
7.509
Обично кога делегатот Павле Трајанов избира страна за коалициски партнер, таа коалиција и добива избори.

Ликот вечно се шлепа со коалиции.
Тоа е канаринецот пропеа, честито на победата на СДС на локални избори. Баш сакам да видам каде ќе победат во прв круг ( освен струмица).

Дали некогаш Павле бил на страната која изгубиле до сега?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.292
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО СДСМ ОХРИД СО УЛТИМАТУМ ДО СДСМ, ИЛИ ЌЕ МИ ЈА ОДОБРИТЕ ЛИСТАТА ИЛИ ЗАМИНУВАМ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ?!

Тоа е воедно и предизборната приказна на македонскиот гласач овие 30 години:

- ќе ми ја одобрите ли листата
- ќе ми дадете ли да градам онаму, онака
- ќе ми ја вработите ли снаата
...

Нема никако предизборни барања од типот на:

- да важат законите и за Албанците
- да се санкционираат нивните напади
- да плаќаат и они даноци
- да нема корупција
- да се гради по урбанистички стандарди
...

Затоа после триес години сме први у смртност, загадување, корупција, несреќност... Едно исто тркало составено од две канцерогени партии врти 30 години.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328
Во Куманово ќе има мртва трка помеѓу СДСМ, Максим и ВМРО, и за советничка листа. Одлучувачки фактор Алијанса/ Алтернатива и Дуи во втор круг. ДПА не знам како стои во Куманово, но може да замеша прсти со БЕСА.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Дочекавме конечно кандидат во Кочани. Сепак Илијев кандидат за втор мандат. Мислам дека има сигурна победа. Многу подобро се покажа од претходниот градоначалник, плус опозицијата нема баш силен кандидат. Ако се земе и во обзир што покрај сите глупости СДСМ победи тука лани на парламентарни, а на локални резултатите им се секогаш подобри, мислам дека исходот е јасен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom