Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.924
Поени од реакции
7.851
Во која смисла мислиш признавање на реалност?

Дека Југославија била подобра држава за Македонецот?
Еве јас вака не повикан ќе го кажам моето мислење.
Немав некој симпатии према Југославија, што би се рекло не ја ни осеќав како моја држава, кога се делевме ни во еден момент не размислував да бидам против иако релативно бев млад, неискусен и незрел, онака не ни свесен живеев за тие моменти на формирање македонска држава.
Сега кога гледам со кој понижувања се соочуваме, да знаев дека ова ќе го доживееме раце и нозе ќе му кршев на секој зборуваше за излегување од Југославија.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.236
Поени од реакции
5.238

Се ова ми укажува за тоа колку ние ниско имаме паднато, мечтаеме за држава во која сме биле задња рупа на свирали

Прекрасна можност сме имале после независноста да се воздигниме како држава, а што направивме? Поради бркањето на своите интереси(власт, моќ, пари)... државата ја прокоцкавме за 10 години, со последната шајка во 2001
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Од многу луѓе ова го имам слушано, тие што живееле по градовите и биле вработени живееле убаво ама оние што живееле по руралните средини било мизерија
Во селата секогаш животот е помизерен. (освен кога има глад)
Но, никаква споредба со денешното "живеење" на село.

Кога споредувате имајте го в предвид духот на времето, а не како некои кретени што велат - тогаш било срање, у Југославија немало интернет.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.924
Поени од реакции
7.851
Се ова ми укажува за тоа колку ние ниско имаме паднато, мечтаеме за држава во која сме биле задња рупа на свирали

Прекрасна можност сме имале после независноста да се воздигниме како држава, а што направивме? Поради бркањето на своите интереси(власт, моќ, пари)... државата ја прокоцкавме за 10 години, со последната шајка во 2001
не сум толку разочаран толку од болдираниот дел, повеќе сум разочаран од "демократскиот свет" кој не донесе до ова дереџе со нивните уцени да голтаме работи што не се голтаат во стилот "договорете, најдете решение" а решениеото е само едно, ние да ги спуштиме гаштите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.938
Од многу луѓе ова го имам слушано, тие што живееле по градовите и биле вработени живееле убаво ама оние што живееле по руралните средини било мизерија
Не ми се допаѓа кога многу се величат работи, не постои идеален систем. И тогаш за одредени било убаво, за други лошо.
Се согласувам само дека имале подобра безбедност, подобар здравствен систем, ваљда помалку стрес, немало градежна мафија и постоело Урбанистичко планирање, и можеби некаква средна класа.

Да не набројувам, али има работи и за пофалба и за жалење.

Ако земеш да слушаш мислења на поединци, и моменталниов систем и држава ќе ти кажат дека се најдоброто нешто што постои. Познавам луѓе кои тука имаат по 2000 евра приход од државни институции + имаат приватни бизниси на страна, луѓе кои во ИТ свет прават и по 5000 евра месечно, а и луѓе кои имаат една минимална плата од 14 илјадарки и немаат доволно ни за основни потреби за живот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Се ова ми укажува за тоа колку ние ниско имаме паднато, мечтаеме за држава во која сме биле задња рупа на свирали
све ова е скроз точно
Тоа што бевме задња рупа на свирали, беше една од причините поради кои сакавме независнот. Ние два-тројца, не повеќе.* Огромното мнозинство беше за остануване во СФРЈ. Целото ова море од вентилатор-патриоти што го гледаш, беше за останување во СФРЈ.

* - карикирам за да доловам поента

Автоматски споено мислење:

И тогаш за одредени било убаво, за други лошо.
Се согласувам само дека имале подобра безбедност, подобар здравствен систем, ваљда помалку стрес, немало градежна мафија и постоело Урбанистичко планирање, и можеби некаква средна класа.
Пичкин дим се овие ствари што ги наброја, нели? :pos:
 
M

Macedon1um

Гостин
Во селата секогаш животот е помизерен. (освен кога има глад)
Но, никаква споредба со денешното "живеење" на село.

Кога споредувате имајте го в предвид духот на времето, а не како некои кретени што велат - тогаш било срање, у Југославија немало интернет.
Сега ситуацијата не е баш така, просечен човек на село живее поубаво отколку просечен човек од помал град во внатрешноста на минималец (или блиску до тоа)

Од приказниве за Југославија во градовите работничката класа живеела супер стан гага, преку синдикати кркавела, одмори редовно итн а на село ни одмор ни ништо - дури и ги заебале тактички со тој детски додаток да си го откажат земјоделското земјиште што го поседуваат па до денес се каат за таа работа
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.236
Поени од реакции
5.238
не сум толку разочаран толку од болдираниот дел, повеќе сум разочаран од "демократскиот свет" кој не донесе до ова дереџе со нивните уцени да голтаме работи што не се голтаат во стилот "договорете, најдете решение" а решениеото е само едно, ние да ги спуштиме гаштите.
Се согласувам за ,,демократскиот свет'', и нивните уцени, но каде е отпорот од нас Македонците? Нас ништо не засега додека не ни дојди в двор(или личен интерес)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Сега ситуацијата не е баш така, просечен човек на село живее поубаво отколку просечен човек од помал град во внатрешноста на минималец (или блиску до тоа)

Од приказниве за Југославија во градовите работничката класа живеела супер стан гага, преку синдикати кркавела, одмори редовно итн на село ни одмор ни ништо - дури и ги заебале тактички со тој детски додаток да си го откажат земјоделското земјиште што го поседуваат па до ден се каат за таа работа
Можда било така по селата. Не знам.
Знам дека имаше богати села. Денес нема села.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.938
све ова е скроз точно
Тоа што бевме задња рупа на свирали, беше една од причините поради кои сакавме независнот. Ние два-тројца, не повеќе.* Огромното мнозинство беше за остануване во СФРЈ. Целото ова море од вентилатор-патриоти што го гледаш, беше за останување во СФРЈ.

* - карикирам за да доловам поента
Автоматски споено мислење:

Пичкин дим се овие ствари што ги наброја, нели? :pos:
Тебе во Скопје можеби те засегаат овие, ама на некој што живее во село или пак помал град и работи само и само земјоделие го заболе за Скопје.
Со исклучок на 3-4 останати градови, али во поголем дел од помалите нема цигла поместено, ни тоа што постои како градба никој не го сака, а не пак ново.
 
M

Macedon1um

Гостин
Можда било така по селата. Не знам.
Знам дека имаше богати села. Денес нема села.
Богати села да ама само неколку во Струмичко со градинарството, во Ресенско со јаболката и Кавадаречко Неготинскиот крај со лозарството
За да креирааат слика пред јавноста дека убаво се живее ама тие села биле 1% од сите села во државата
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Богати села да ама само неколку во Струмичко со градинарството, во Ресенско со јаболката и Кавадаречко Неготинскиот крај со лозарството
За да креирааат слика пред јавноста дека убаво се живее ама тие села биле 1% од сите села во државата
Не.
Реков, сигурно имало примери како твојов. Но, не можам да се сложам дека севкупно денес животот на обичниот селанец е подобар.
Знам како беше тогаш и твојов пример не е правило. Иако, сметам дека и тогаш имало доста неправди во општеството, но никако не на исто ниво и во ист обем како денес.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.924
Поени од реакции
7.851
Се согласувам за ,,демократскиот свет'', и нивните уцени, но каде е отпорот од нас Македонците? Нас ништо не засега додека не ни дојди в двор(или личен интерес)
Македонецот колку и да го потценуваш беше оставен 30 години да се вари на ражен, што би рекле да крчка додека не успеаа да го сварат. Ова што се случи не можееше да се случи пред 30 години, ова све беше долгорочно сценарио на кое се работеше, македонецот не попушти пред Грција, ниту пред бугарија, факт е дека остнавме сами против цел свет, нас не решија нашите западни "пријатели", не доведоа до тој степен како на времето на гемиџиите со таа разлика што оваа денешна генерација не вреди ни 0.0001 % како тие генерации пред 100 + години, други времина се.
 
Јас никого не потценувам, ние што сме преживеале никој нема преживеано, при сите овие лоши наши карактеристики(пред се мислам на гледањето својот интерес, а не општиот) ние уште постојме како народ
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.938
Не.
Реков, сигурно имало примери како твојов. Но, не можам да се сложам дека севкупно денес животот на обичниот селанец е подобар.
Знам како беше тогаш и твојов пример не е правило. Иако, сметам дека и тогаш имало доста неправди во општеството, но никако не на исто ниво и во ист обем како денес.
:neetaka:
напротив, баш денес на обичниот селанец му е далеку подобар, сум ја шетал државава подолжно-попреку и за ова можам да ти гарантирам.
Во земјоделие има проблеми и ќе има проблеми, ама во селата скоро и да немаш луѓе кои се на раб на егзитенција што во градовите станува се почеста појава.
Зошто се испустиле селата во Југославија? -Индустријализација и немање на услови за живот (еден куп немале ни пат, струја, вода, инфраструктура).

Оди прошетај по рамнински села низ државава да видиш што се случува. Треба да се прави уште многу, али генерално животот на село денес е далеку полесен од животот на село во минатото.
Мое мислење е дека секој што не е способен да изгради нешто во град, треба да си земе парче земја во село и да се врати таму. Генерално во моментов не ти требаат ни комуналии ниту ништо да дигнеш куќа во село, земја се наоѓа под наем и може секогаш да заработиш доволно за да живееш (нема да си богат, ама нема ни да се задолжуваш со кредити за да гризеш посебна салама и паштета).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom