Лични искуства со автомобили, маани и доблести

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од murto, 26 ноември 2018.

  1. murto

    murto

    Член од:
    23 ноември 2016
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    393
    За да помогнеме на многу членови што сакаат да купат автомобил,да споделиме сопствени искуства за автомобилите што сме ги возеле подолго време.
    За да не се расплинеме многу, теркот би бил следен:
    *тип/марка на возило
    *година на производство
    *колку време го имате (сте го имале)
    *со колку км сте го купиле, и колку имало кога сте го продале
    *потрошувачка градска/на отворено
    *маани
    *позитивни страни
    *дефекти
    Да бидеме објективни, и да споделуваме само лични искуства
     
    Lurtz, Ron0n, NekojBatka и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. murto

    murto

    Член од:
    23 ноември 2016
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    393
    Chevrolet Spark
    2007 год, купен нов, сеуште го возиме 80000 км
    низ град 8лит плин, на отворено 5.5 лит плин
    за парите, најдобро возило. на отворено над 120 се јавува бучење
    за во град одлично, има 4 врати, багажник доволен за да ставиш ќеси од пазарење
    до сега никаков дефект, освен промена на акумулатор, ребраст со водна пумпа, и редовните сервиси

    @hack_man @Jack NolanProf.19 poveli
     
    Последно уредено: 27 ноември 2018
    На Ron0n и krkac им се допаѓа ова.
  3. Филип85

    Филип85

    Член од:
    22 јули 2015
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    137
    AUDI A4 B5 1.9 TDI 81 KW (110hp)
    2000 година, чиповано STAGE 2 (околу 160hp)
    125.000км купено, 191.000 продадено, многу малце го повозив (7-8.000км), поскапо за одржување, лесно и брзо, подобра кола по кривини толку стабилна немам возено, мана му е поосетлива предница по нашите патишта, други замерки немам, потрошувачката 7л град, 6л отворено, одличен багажник, со полн резервоар околу 1300км.

    VW Golf MK5 2.0 GT 125 kW (170hp)

    +STAGE 1 race chip (204 hp)

    2004та производство, го имав 1 година,
    230.000км купен, 255.000 продаден,
    потрошувачка град 8-10л, 6.5-7л отворено.

    Стварно не можам да најдам мана, одлично возило, доста брзо и стабилно. Возам малце пофлексибилно и за разлика од аудито, голфот има малце по крута вожња но одлично реагира на додавање/одземање на туража и е одличен за претекнување.

    Заради моја грешка (грешно мапирање на мотор и пуштање на повеќе нафта), два пати ја расипав турбината (ми повлече масло).

    Моментално се мислам помеѓу PASSAT B6 и eден одлично сочуван B5.5 од прв сопственик со 1.8Т мотор. Ама се си мислам дека B5.5ката ќе ја земам.
     
    На Ron0n, krkac и murto им се допаѓа ова.
  4. argenthessis

    argenthessis Highflyer

    Член од:
    9 јуни 2011
    Мислења:
    378
    Допаѓања:
    315
    Citroen Xsara, 1998 година, 1.9 турбо дизел, 66 киловати.

    Купена во 2016 летото, со 220 000 километри, наводно реални, иако не верувам. Се вози се уште, сега има 250 000 и нешто ситно. Од лани направен нешто како механички ремап, на бош пумпата пуштено повеќе гориво и турбото штелувано да отвора на 1.3 бари (фабрички е на 1 точно). Колата сега има околу 120 - 125 коња и е значајно побрза него порано. Околу 10 секунди до 100.

    Потрошувачката остана иста и по ремапот, нормално ако се вози домаќински колата. Таа е: околу 5 литри на отворено, регионални патишта, до 90 - 100 кмх. На автопат со 130 кмх околу 5.5 - 6.0 а низ град околу 7.0 со нормално возење. Со јако стискање низ град оди до 8.5 - 9 литри.


    Маани:

    Слаба прегледност позади, поради високиот гепек и големите мртви агли назад. Треба пазење во рикверц и тоа доста. Стара концепција на мотор (механичка бош пумпа, механички дизни), доста гласен е особено наутро кога не е загреана колата. Во возење моторот скоро и да не слуша кога е загреана колата. Многу луѓе дури мислат дека е HDi, хаха.

    Поради меката амортизација се навалува осетно во кривини ако се вози побрзо што остава впечаток на нестабилност, иако колата оди како по шини и го држи правецот одлично.

    Задниот трап. Зависи од тоа како е возена колата може да трае и 200 000 километра ама некогаш мора да се среди што е околу 200 евра.


    Добри страни:

    Одлична удобност. Меки седишта кои делуваат како фотељи кога ќе седнеш во нив. Одличен квалитет на материјалите внатре, мека, сунѓер пластика секаде и тапацири со платно кои и денес по 20 години изгледаат одлично. Вратите се тешки и оставаат чуство на солидност при секое отворање и затворање.

    Механички неверојатно издржлив автомобил, моторот не е отворан иако може има 400 к километра. Ламелата е оригинална, зглобовите оригинални, полуосовините оригинални. Бош пумпата не е отворана, освен една мембрана која стои на нејзе, дизните се оригинални.

    Генерално кола лесна и удобна за возење, доста просторна внатре, со огромен гепек, со автоматска клима која перфектно работи и ден денес и четири воздушни перници. Далеку поквалитетна од типичните стереотипи за француските коли. Нема мака со електрика освен ламби во фаровите ништо друго од електрика немам сменето, дури ни осигурач нема изгорено за ова време.

    Доста евтино возило за одржување, одлично за подолг пат поради удобноста. Секаде имам одено и би тргнал било каде без мислење. Колата делува дека без проблем ќе помине уште барем 100 000, реално и баш поради тоа не ја продавам.
     
    Последно уредено: 27 ноември 2018
    Ron0n, murto, krkac и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. murto

    murto

    Член од:
    23 ноември 2016
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    393
    Опел Мерива 1.6 аутоматик,плин
    2010 произведена,купена со 120000 км,внатре и надвор одлично сочувана
    Потрошувачка:град над 12л,отворено над 9л плин
    Широка просторна кола,одличен багажник,силен мотор на угорници
    Ужасен менувач, голема потрошувачка,многу ситни дефекти
    Возена 3 месеци,изгоре бомбина (сите мајстори викаат нормално е за опел), капеше уље од радилица итн
    Никогаш повеќе опел
     
    Mikja, argenthessis, Ron0n и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ron0n

    Ron0n The Mercedes Guy

    Член од:
    16 август 2009
    Мислења:
    324
    Допаѓања:
    166
    Да не ја должам имам да пишувам и за уште Мерцедеси (две S класи, Е класи и.т.н) ова ми се само последните. Не се бавам со трговија на коли, ниту сум возач по професија, така што ова се сите приватни возила. Не ме земајте мене за репер околу сервиси и одржување, бидејќи од колите барам апсолутно највисоко ниво на исправност (и техничко и оптичко). Никакви дефекти, крцкања, тропања, надворешни гребаници или 'рѓа, лижени седишта, волани и слично не се прифатливи во моја кола. Тоа е пуста и скапа болест, немој да одите на стара кола до тие граници :)

    Mercedes W211 E270CDI 2001 година - Автоматик:
    Купен 2016 година со 160.000 (моментално има 270.000) скоро 11.000 евра. Донесен кај нас по нарачка директно од прв сопственик во Германија. Масивен, силен за претекнување, неверојатно издржлив менувач, греење на седишта, масажери, сончев кров, 4 зонска клима - хотел на тркала. Има AIRMATIC воздушна амортизација и не постои нерамнина, дупка или лежечи полицаец на пат :) Квалитет на вожња е исто како S класа (бидејќи е на јастуци), нормално малку е помал димензиски. Многу скап за одржување, осетлива и скапа предница, дефекти со електронски делови (сензори и слично). Потрошувачка во град е 10-11литри, на отворено 6.5-7л.
    ---------------
    Mercedes W210 E220CDI 2004 година - Автоматик:
    Купен 2014 година со 220.000 (моментално има 240.000). Платен околу 5.500 евра. Апсолутна мекост и тишина при возење. Внатре е многу просторен, греење на седишта, двозонска клима, навигација. Не се расипува никогаш ништо, ни механички ни електронски (освен ако не купите дотраена такси кола). Предницата е супер издржлива, не страда воопшто како тој од погоре што го опишав. Потрошувачка околу 8л во град, 5 - 5.5л на отворено.
    ---------------
    Mercedes W203 C180 Kompressor 2007 година - Мануелен менувач:
    Купен 2014 година со 150.000км (продаден со 160.000). Платен 8500 евра од прв сопственик од Македонија. Тврда вожња заради комплетно AMG подвозје, бушени 16" дискови се прескапи за замена, голема потрошувачка на бензин (во најдобар случај 13л во град), за плин ми побараа 1200 евра, и уште 1200 евра за гуми (многу широки со специфични димензиии) и тогаш го продадов бидејќи беше неисплатлив :) Кварови немав никакви во тој краток период на возење освен што правев сервис на предница. Како модел W203 не се осетливи на предница воопшто, ама овој беше со тврда AMG амортизација и општо самите делови беа поскапи за замена. Не исплатлива кола со тој пакет на опрема, барајте нормални Avantgarde/Elegance/Classic возила!
    --------------
    Mercedes W202 C220 CDI 2000 година - Мануелен менувач:
    Купен 2017 година со незнам колку км (мерачот имаше оштетен дисплеј и светеа сите бројки). Продаден 2018 година. Купен од прв сопственик од Македонија 3500 евра, близок пријател, во извонредна надворешна и внатрешна состојба. Апсолутно никакви дефекти со ништо. Го продадов само заради што не беше автоматик (не сакам коли со мануелни менувачи). Супер издржлив, не страда предница, нема дефекти со мотор. Со двозонска клима, фабричко webasto греење на нафта (на многу ниски температури, одма почнува да дува топло внатре). Потрошувачка некаде околу 7-8л во град (никогаш не измерив убаво). Не изгледа многу модерно, ама е кола да и веруваш дека во било какво сценарио нема да те остави!
    ---------------
    Mercedes W169 A180 CDI 2006 година - Мануелен менувач:
    Купен 2015 година со 140.000км (моментално има 170.000). Платен 5800 евра. Благодарна кола, мајка ми ја вози по дупки и лежечи секој ден, ама предница одбива да тропне. Скап за одржување, скап сервис, исклучително тежок за механичка работа на него, делови нема многу. Добра страна е што не се лесно расипливи. Има многу мека вожња (дури изненадно бидејќи е мала кола, а е пријатна за возење како W203 C класа). Потрошувачка околу 6л во град, на отворено не е возена (т.е во тие 3-4 пати колку што е возена надвор од Скопје, никогаш не е мерено или забележано колку троши). Би препорачал на секој што бара мала кола! Бегајте од автоматиците во овој модел на А класа!!!
    ---------------
    Mercedes W168 A170 CDI 2004 година - Автоматик:
    Купен 2017година со 170.000км (моментално има 203.000). Платен 3000 евра. Оваа кола ми е секојдневно возило. Не знам колку троши, никогаш не сум мерел ниту ме интересира. За жал нема двозонска клима, само мануелна, има греачи на седишта (на ладново е како испратено од господ тоа). Автоматикот е слаба алка - осетлив на дефекти и бара повнимателно возење. Моментално на пат да откаже е клима компресорот, но на пролет е веќе планиран за промена. Сменети задни амортизери бидејќи старите (оригиналните фабрички) беа малку потрошени, а јас ценам во кола квалитет и мекост на вожња. Било какви крцкања, тропања се неприфатливи за мене. Би ја препорачал за млад човек или некој што бара практична градска кола. Имајте на ум дека работната рака е многу скапа бидејќи за секој зафат треба да се расклопува пола кола! Деловите се евтини, ама ги нема многу. Ако не ја знаете историјата на колата, не би препорачал автоматик.
     
    На argenthessis, Ivica^ и murto им се допаѓа ова.
  7. Mikja

    Mikja Дур секому , вересија никому

    Член од:
    3 април 2017
    Мислења:
    3.257
    Допаѓања:
    4.777
    Си имал среќа што не "ѕвизнал" мењачот аутоматски,ке те закрпеле 1500€
     
  8. murto

    murto

    Член од:
    23 ноември 2016
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    393
    Vidov kade ide brodot,zatoa ja prodadov
     
    На Ron0n и Mikja им се допаѓа ова.

Сподели преку: