Лицето на насилството во училиштата

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Кога седнав да го напишам текстот, направив мало истражување за нашите училишта, затоа и пишав дека се третираат, само екстремните форми на насилство ...торемозењето со зборови кај нас се разбира како...детска работа, денес се тепаат, утре се дружат.
Значи само ако дојде до тепачка, се реагира посериозно...Знам дека некои училишта имаат и камери и обезбедување...и за наши услови тоа е добро.
@kooperativa ...пред вистината и боговите молчат :)
Да те прати некој по сончоглед, не е некое големо тормозење, кое ќе остави последици...Во мојот клас имаше девојче кое имаше проблем со едната нога...не беше хендикепирано, но едната нога и беше пократка, па поткривнуваше...кога минуваше во ходникот, се слушаа извици на потсмев како “Крива баба“. “Крива жаба“...“куца патка“ и сл....можеш и сам да замислиш како се осеќало тоа дете. А тоа беше секојдневно.
Имаше и еден ученик кој беше многу низок...сите го викаа кепец.
Мене секогаш ме болело, зошто не сум научен на таков однос и го доживував тоа како нешто многу лошо...
И верувам дека и после толку години, тие зборови одекнуваат во главите на тие деца, колку и да се возрасни, успешни и реализирани, детството е нај-важниот период...
Исто верувам дека и тие деца што вршеле агреасија и тормозење, може се смениле, но најчесто си остануваат исти...само што сега агресијата ја манифестираат на друг начин...
Интересен текст кој на некој начин е поврзан со темата...
'Danas ne vladaju ni matrijarhat ni patrijarhat, nego razmažena djeca'
Од целиов текст се сложувам само со последнот, со линкот!!! Тоа и ми беше една од поентите на мојот пост. Денес сите се размазени, а со тоа и егоисти.
Околу твоите примери, ..... ДА, во право си, не е фер да се третираат така децата, но и светот не е фер. И јас имав еден куп навредливи надимаци но во моментот кога почнав да ги перципирам работите малку поинаку и работите се сменија. Од каде дојде таа потреба за поинаква перцепција? Од родителите!!! Тие носат огромна одговорност кон децата. Не е финтата да родителот ги решава проблемите, не е поентета да родителот го издвојува детето ко да е “посебно“, поенатата е да му даде начин на размислување и однесување со кое само ќе си ги решава проблемите. А како што ќе ги решава, така и ќе расте самодовербата. А со нејзиното растење, расте и почитта од другите. Другите почнуваат да те гледаат на поинаков начин.
Но како што спомнав, тоа се 5% од таа популација, и тоа е помалото зло од 90%+ на егоисти денес. Ми се повраќа од лигловци на кои сите други им се криви за своите неуспеси.
Девојката имала пократка нога, ... па што. Друг имал крив нос, нели? Или бил трапав, ..... или било што друго. Е тука таа требала да им го трља од нос тоа не нив. Никој не е совршен, а згора на тоа ако некој игра нефер, зошто таа да игра ферски? Ко божем пофалница ќе и дадат. Можела и нешто да измисли за ликовите кои и правеле проблеми. Можела да каже дека ги видела дека пушат цигари (ова во 3-то одд) или дека на некој му е мал (му го видела) и многу други работи ......... Се' е до тоа какво школо ќе ти дадат од дома.
Е јбга, јас од дома давам многу реално и безобразно школо. Единствено што треба да се почитува е да НИКОГАШ не почнува прво. СЕ' после тоа е дозволено. Да не навлагам во примери со нив:pos: .... тоа се вика во погрешна црква нашле да се крстат
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Депресијата е толку модерна и толку промовирана во денешно време што секој ја поседува.
Порано не се викало насилство туку се викало челичење, никој не паѓал во депресии како што паѓаат денешниве "нежни" дечиња. Основно е некако во ред, децата не се оформени и лесно се навредуваат, ама во средно да се навредуваш и да паѓаш во депресии поради некој што ти рекол грд збор е ептен разгалено.
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Море ако не ги покажеш забите, нема да можат да видат колкави ти се. Мене се обидувале така да ме зафркаваат и понижуваат, ама се каеле после тоа. Јас молчи, молчи, ќе ми пукне филмот и толку, од утредента ме разминуваат со свиена глава. Никогаш не сум бил насилник, ниту пак од дома ме терале да додевам, само ми викале да враќам со иста мера. Има една случка кога на татко ми еден пријател, таков, од мал багабонт, го тераше син му да се тепа и да ги задева другите во основното, а кога ќе ги нашлапаа, ќе одеше во училиштето да се жали... Торко... Јас само што ќе се степав во основното, стариот ќе ми речеше: Море шутрак, јас во животот се немам степано или скарано со човек, а ти до крв допираш... Епа се немал степано и скарано, бидејќи после од друг човек дознав дека и тој бил жртва на насилствата во негово време и дека никогаш не враќал кога го задевале. Јас сум роден со магарешки инает, моите со влечки и каиши се обидувале да ме ,,воспитаат'' ама не му успеало. И што? Да не бев задорко во училиштата? Да не влегував во тепачки без потреба? Да не праќав помали да ми купат нешто? Не. Не праќав, навредував или тепав некого без причина и обратно за мене. Значи не влијае ниту домашното воспитување во ваквите случаи. Се е до ,,жртвата'', како таа ќе се постав и како ќе постапува. Храбрите ризикуваат, а без ризик, тешко до некакво остварување или промена.
Јуст саѕинг.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
Интересна ми е состојбата во која се ставаат децата. На пример, ако навредиш возрасен, ќе те тужи, ако го нападнеш ќе ти поднесе кривична...
За разлика од возрасните децата немаат ниеден од овие механизми за заштита на себеси. Тоа што им преостанува е она најдивјачкото: да се бранат со насилство, да бараат помош од група на другари ако имаат другари воопшто, или брат постар или братучед....
Не разбирам. Зошто општеството дига паника ако на некој му фукнам бокс и му го скршам носот како возрасен, ми поднесуваат кривична, ме стават во затвор.... А ако сум дете и го направам истото никому ништо. Така растат деца. Се челичат.
Децата кои се скоро беспомошни се челичеле а на возрасниве им требала правна заштита? Хах! Кај е тука логиката?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Што знам, денес веројатно треба да има некаква контрола врз однесувањето на децата, некаква превенција работите да не отидат предалеку.

Кога јас растев немаше потреба од контрола. Тепачките и малтретирањата беа составен дел од социјализацијата, па и од воспитно-образовниот процес. Мешањата на наставниците и на професорите (низ 12 години основно и средно не сум забележал таканаречените педагози и психолози да одиграле некоја важна улога - секогаш биле статисти) немале големо влијание. Додуша, кај нас немаше бодења со ножеви, убиства и сл.

Викањето на родител/постар брат тогаш беше крајно контрапродуктивно и претставуваше јасен сигнал дека тепаниот/малтретираниот не е сам способен да се заштити, дека е „слабак“, па беше природна мета.

До извесна мерка, составен дел од растењето се и неубавите работи - тепачките, гњавењата, гужвите. Јас никогаш не сум бил некој што прави проблеми, но и не сум дозволувал да ме газат. Давањето отпор, дури и кога си послаб, дури и кога имаш проблем со неколку павијани наместо со еден, секогаш има резултат. Наредниот пат ќе изберат полесна цел.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
-Во некои училишта се посветува преголемо внимание на тоа, да се спречи тормозењето и да се пружи помош на жртвите...
Ова сигурно не е во Македонија:)

Се сеќавам кога бев средно, па и до некаде кога бев основно, дека имаше такви поединци или групи кои им се силеја на оние послабите, ги удираа, ги викаа педер, дебел, мрсен, пи*ка......... и останати погрдни зборови.

Среќа јас не сум имал некој таков проблем, па да влегувам во поголеми кавги и насилство.........., но се сеќавам дека и јас еднаш во основно влегов во една мала кавга со едно дете, се силеше, јас за да не правам проблеми го кажав на професорката/наставничката...., но нејзе пи*ката (да ме извините на израз, но така е) ја болеше за мене, не се замараше со мене. Но бидејќи никој од нас не се раѓа да биде боксерска вреќа, така и јас............., дојде ден кога детето ме бутна, се свртев убаво го лупнав, ми врати, но јас не останав покусо, му вратив двократно, не разделија и од тогаш го ставив на игнор.............. и повеќе не ми зуцна.

Во средно бев сведок на насилство во школото. Имаше група сељаци кои се декларираа себе си како хулигани, бидејќи беа дел од навивачки групи. Тоа беа сељачиња, без домашно воспитување, кои најверојатно се грешка на ДНК навојот. Тие му се силеја на секој втор, но исклучително кога беа заедно.
Кога одеше еден од нив сам, не зуцнуваше..............., но затоа чим оди со другарите, се тепа..........., но со тоа си ја покажува машкоста.
На таквите им мавав игнор......................, но имаше такви деца во средно кои беа во тешки каши влезени со тие сељачиња.

Се сеќавам и на дволичните другарки и другари, кои 5 минути им се улизуваа на хулиганските сељачиња, кои пред два дена на нив им го даваа ќотекот, а после 5 минути им глумеа пријатели на оние кои беа мета за насилството. Кога беспомошните деца беа удирани и вреѓани од сељачињата (читај грешка на ДНК навојот), овие гревниве лицемери снимаат со камера или телефон.

Професорите добиваа поплаки од навредените и натепаните ученици, но ништо не превземаа............., зошто беа другари со сељачињата кои создаваа насилство......, уствари не беа другари, туку им лижеа гз, само за да им купат едно геврече, за они да не се мкнат до продавница.

Сега веќе одкога сум завршил и основно и средно и одкога сум стекнал искуство од тоа насилство во училиштата и кога би воспитувал друго дете........ би го советувал.................., ако те малтретирааат, земи палката и акни им ја од глава или уште подобро.......... игнорирај ги............., зошто ако застануваш да му вратиш на секој будала кој сака да ти го попречи патот, никогаш нема да стигнеш до целта:)
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Nerds today, bosses tomorrow :)
@Sungerot Bob точно такви групи имаше и во моето училиште, значи со една таква поголема група составена од прави хулигани со недоволно развиени мозочни клетки, е тешко да се справиш сам.
Затоа на запад си има психолози, кои ги лечат тие деца...

Секој родител мора и треба да го научи своето дете како да се брани во такви ситуации...но тоа што не се учи, е како да не го боли. Некои деца едноставно не знаат да се заштитат или да возвратат, тоа во психологијата се вика синдром на без-заштитеност, т.е малите деца губат интерес да се штитат...во светот такви деца можат да посегнат и по својот живот, барем така сметаат експертите.
Кај нас досега незнам дали имало такви случки, но веројатно немало, зошто секогаш мора нешто големо да се случи, после се седнува да се разговоара и се преземаат мерки....А проблемот со булингот или тормозењето на училиште ќе расте...
На прашањето зошто децата вршат агресија е тешко да се одговори...некои се родени така по-нервозни, некои гледаат флимови и играат игри кои после ги глумат, некои се воспитани така од дома...Добро би било да можеш да поднесеш тужба за систематски тормозење во полиција, да ги оштетитш некако родителите на агресорот, зошто само така ќе седнат да го воспитаат...али кај ништо од тоа нема, се се сведува на еден разговор...

Инаку многу училишта во светото ја применуваат анти-булинг програмата на норвешкиот психолог Дан Олвеус...Повеќе за него и неговиот булинг круг на гугл...
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Sekogas imalo vakvi pojavi niz uchilishtata, I nikogas nema da se iskorenat, ama dobro znam deka tie shto bile maltretirani, navreduvani a bogami I tepani potoa stanale nekoj I neshto vo zhivotot, za razlika od fraeristata koi ili narkomani ili nishtobidnici od prenabildano ego.
Kaj zenskite e malku podrug muabet, nas na primer cel im bese fakjanje za gaz (jesus), pa shto samari imaat jadeno za toa oni si znaat :icon_lol:
Mojot odgovor na bilo koj bese brat mi, ke go viknev po dve tri zauski I da vidis kako ke siminjaat posle pogled.
 
S

staycalm

Гостин
Депресијата е толку модерна и толку промовирана во денешно време што секој ја поседува.
Порано не се викало насилство туку се викало челичење, никој не паѓал во депресии како што паѓаат денешниве "нежни" дечиња. Основно е некако во ред, децата не се оформени и лесно се навредуваат, ама во средно да се навредуваш и да паѓаш во депресии поради некој што ти рекол грд збор е ептен разгалено.
А што ќе направиш ако некој не ти рекол грд збор еднаш туку еве на пример секој ден ти вика различни зборови? Пак „нежни“ дечиња?
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
А што ќе направиш ако некој не ти рекол грд збор еднаш туку еве на пример секој ден ти вика различни зборови? Пак „нежни“ дечиња?
А да возвратиш? Што викаш на тоа?
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
А што ќе направиш ако некој не ти рекол грд збор еднаш туку еве на пример секој ден ти вика различни зборови? Пак „нежни“ дечиња?
Имаш уста, прифаќај заебанција и прави заебанција на некој друг, тоа е целата фрка. Децата уште од старт треба да се учат на ова, да се прилагодуваат не секакви ситуации.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Имаш уста, прифаќај заебанција и прави заебанција на некој друг, тоа е целата фрка. Децата уште од старт треба да се учат на ова, да се прилагодуваат не секакви ситуации.
Се потсетив на една ситуација (3-4 одд) на која баба ми без да знам отиде кај родителите на едно дете (кое ме истепа) да се докажува/разговара дека тоа не било убаво. :tapp: У ПМ, колку само се изнервирав, колку само се дерев дека НЕ требало да го направи тоа, дека сум способен САМ да се справам со работите, дека не сум слабак, и дека сега сум слабак во очите на другите, .....
Никогаш повеќе не се повтори тоа. (y)
 
S

staycalm

Гостин
Имаш уста, прифаќај заебанција и прави заебанција на некој друг, тоа е целата фрка. Децата уште од старт треба да се учат на ова, да се прилагодуваат не секакви ситуации.
Има разлика меѓу заебанција и психичко малтертирање. Исто така секоја заебанција си има граница.
А да возвратиш? Што викаш на тоа?
Ама ете не секој возвраќа, јас пример сега ако ми рече некој нешто секако дека ќе му вратам не му ќутам али имаше период во далечно минато кај што група на такозвани „другари“ јадеа г**на и едноставно не сум враќал а сега често ги гледам во очи и ич не им се плашам да им вратам. Ама тоа сега, а сепак секоја постапка остава лузни, посебно оние кои што постојано се повторувале ;)
И не не сум паѓал во депресија заради ова али се малку по малку се збира :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ама ете не секој возвраќа, јас пример сега ако ми рече некој нешто секако дека ќе му вратам не му ќутам али имаше период во далечно минато кај што група на такозвани „другари“ јадеа г**на и едноставно не сум враќал а сега често ги гледам во очи и ич не им се плашам да им вратам. Ама тоа сега, а сепак секоја постапка остава лузни, посебно оние кои што постојано се повторувале ;)
И не не сум паѓал во депресија заради ова али се малку по малку се збира :)
Ама секој треба да возвраќа!!! Тука е и проблемот. Ако од дома ја немаш подршката за тоа (значи да бидат со тебе и кога ќе се истепаш) тогаш тешко тебе (не само тебе, него општо нели?).
Дедо ми, бог да го прости, кога бев уште помал од претходно напишаното, ми велеше дека секогаш треба стоиш исправен и да се спротиставиш на секој кој не ти е по “ќеф“. Исто ми има кажано, дека ќе научам и дека понакогаш ќе треба да се подсвитка кичмата, ама тоа со време, многу покасно ќе и треба. И така беше, навистина тоа учење на кога треба да се свитка кичма се покажа како потреба 10-ина год покасно. Да не се разбереме погрешно, не е виткање кичма ако покажуваш почит кон постарите или професорите. Зборима за врсници, нели? И заради тој совет јас со години си јадев ќотек од поголемите (до 5-то одд), но затоа се знаеше дека кооператива е ваков и онаков, само не е мутав и слабак. А лузни ко лузни, ќе си постојат и понатаму, штосот е во тоа да не ти влијаат во животот. Прост пример, ...... си се исекол кога си бил 6-одд на пример. И тоа лошо, длабоко, те носеле на шиење. И ти останала лузна. Дали таа лузна ти влијае во сегашноста? НЕ, нели? Исто и со другите видови на лузни, кој ги Е*Е(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom