Лихварство!

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Еве и еден типичен пример за заобиколување на законите:
Станува збор за т.н. давање на пари со камата(зеленаштво, лихварство)
Обично се дава договорената сума пари. кај нотар се склучува фиктивен договор за купопродажба на „заложениот„ предмет или недвижност,на вредност на дадените пари+каматата за сето договорено време, и кога на лихварот ке му се присака, бара од судот извршување поради неисполнување на договорот.

Или, пак кај нотар, се склучува договор за доброволен залог на подвижен предмет(исто како во првата ситуација), и пак нотарот дава оглас за продажба на истиот, по барање на доверителот(лихварот),од истите причини.

И, што е најтрагично, лихварот е прав пред законот, а оној кој земал парите нема никаква правна заштита.

Жално е што оној кој ги зема парите, од немаштија и безизлезност, фатен во тесно, се нафаќа на такви работи, потполно правно незаштитен. А тука има и едно чудо кривични дела. Самото лихварство е кривично дело, нотарот врши кривично дело прикривање и несовесно вршење на должност, ама сето тоа е тешко да се докаже за секој случај посебно, а е општопознато.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Струмикс напиша:
И, што е најтрагично, лихварот е прав пред законот, а оној кој земал парите нема никаква правна заштита.
Ако сам не се заебеш, не може никој да те заебе. Оној кој бара пари од лихварот, сам, по своја желба и знаејќи ги последиците доколку не успее да го врати долгот се согласил на условите ризикувајќи.

Струмикс напиша:
Жално е што оној кој ги зема парите, од немаштија и безизлезност, фатен во тесно, се нафаќа на такви работи, потполно правно незаштитен.
Не се согласувам со ова. Сакаш да кажеш дека оној кој дава пари на заем не треба да е заштитен, односно да е заштитен оној кој зема пари на заем? Односно, дека ако некој не ги врати парите, може туку така да се извлече? Колкава е веројатноста во денешниве времиња и најдобриот пријател да ти даде пари на заем и колкава е веројатноста тие пари да бидат вратени? Не збориме само за лихвари, види ја малку и другата страна. Лично јас доколку му дадам пари на заем на некого, би пробал да си го осигурам нивното враќање.

Банките се најголемите легални лихвари. Пробај да земеш кредит од 20.000 евра, ќе видиш каква хипотека ќе ти биде потребна. Конкретно, за 20.000 евра наменски кредит, ќе ти биде потребна хипотека на недвижнина која нивниот проценител ќе ја процени на минимум 60.000 евра, а реално вреди можеби и 100.000. Лихварите се невини деца во споредба со банкарите. За заем од 3.000 евра би ти побарале возило вредно окоу 4.000 евра.


Струмикс напиша:
А тука има и едно чудо кривични дела. Самото лихварство е кривично дело, нотарот врши кривично дело прикривање и несовесно вршење на должност, ама сето тоа е тешко да се докаже за секој случај посебно, а е општопознато.
Нотарот не е видовит за да знае дали навистина се случила купопродажбата. Ако тие двајца пред него изјават дека тоа се случило, што треба тој да направи? :toe:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Лихварството е кривично дело опфатено со КЗ во чл.260. Спорна е каматата. Таа ги преминува законски дозволените износи и на крај е често и за неколку пати поголема од главнината, што е забрането и според законот за облигациони односи. Ај кажи ми, нели е крајно без основ за позајмени 10000 евра да вратам 30000 евра?

Самите банки бараат хипотека неколку пати поголема од вредноста на кредитот иначе, заради осигурување на нивниот пласман (кредитот) заради евентуално пропаѓање на заложената недвижност и сл.

Обично, нотарите се поврзани со лихварите, така да нотарот знае во што се впушта.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Струмикс напиша:
Лихварството е кривично дело опфатено со КЗ. Спорна е каматата. Таа ги преминува законски дозволените износи и на крај е често и за неколку пати поголема од главнината, што е забрането и според законот за облигациони односи. Ај кажи ми, нели е крајно без основ за позајмени 10000 евра да вратам 30000 евра?
Каматата ги преминува законски дозволените износи, точно. Каматните стапки важат за банките. Реално, кој може да ми забрани доколку јас сакам да земам од некого 100 евра на заем, колку пари да му вратам, доколку јас самиот свесно се согласувам на договорените услови?
Струмикс напиша:
Самите банки бараат хипотека неколку пати поголема од вредноста на кредитот иначе, заради осигурување на нивниот пласман (кредитот) заради евентуално пропаѓање на заложената недвижност и сл.
А лихварите зошто бараат осигурување (залог)? Од истите причини како и банките, со разлика што се многу пореални и поумерени во проценката на вредноста на залогот.

Струмикс напиша:
Обично, нотарите се поврзани со лихварите, така да нотарот знае во што се впушта.
Можно, но и не мора да значи дека е така. Не гледам причина зошто би морале да бидат поврзани. Нотарот не фалсификува изјава или документи, нотарот само потврдува (заверува) дека тие лица, со тие генералии се договориле тоа и тоа. Ако двајцата дојдат кај него и изјават дека предметот на купопродажбата е платен, во што се впушта нотарот, без разлика дали знае дека се работи за лихва или не?

Можеби би била добра тема со наслов "Дали лихварството е криминал". Се наметна некако од дискусијава.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Апдејт - задачата на нотарот е само да го утврди идентитетот на договорните страни.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Мистичен напиша:
Апдејт - задачата на нотарот е само да го утврди идентитетот на договорните страни.
Да, но што кога нотарот знае дека странките со тој фиктивен договор, всушност прикриваат друго некој договор, сам по себе недозволен од правниот поредок, а башка има и кривично дело? Тогаш тој станува соучесник и врши прикривање на делото, кое дејствие е казниво.

Не само да го утврди идентитетот, туку и да ја утврди дозволеноста на правното дело кое го склучуваат и вистинските намери на договорните страни.

Инаку, законот забранува да земаш колку сакаш како камата, користејки ја состојбата на нечија лекоумност, моментална состојба или заблуда за да договориш астрономска камата. (чл. 260 од КЗ)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Тука ќе направам мала пауза, не дека немам реплика, туку затоа што баш сакав да видам размислувања од другите во врска со ова.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Што да се каже. Нормално дека е лошо. Лихварството е еден од главните избори на пари на припадниците на организираниот криминал (групи попознати кај народот како мафија :) )

Ако ништо друго тоа е еден тип на бизнис кој може да цвета во сите региони, т.е. на сите луѓе им се потребни повеќе пари.

Ако не се придржуваш до нивните правила ти сечат прст, па ти кршат нозе и така додека не умреш или не го исплатиш долгот. :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Bada Bing! напиша:
Што да се каже. Нормално дека е лошо. Лихварството е еден од главните избори на пари на припадниците на организираниот криминал (групи попознати кај народот како мафија :) )

Ако ништо друго тоа е еден тип на бизнис кој може да цвета во сите региони, т.е. на сите луѓе им се потребни повеќе пари.

Ако не се придржуваш до нивните правила ти сечат прст, па ти кршат нозе и така додека не умреш или не го исплатиш долгот. :)
Да не си се помешал малку со "рекет"? :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
За мене лихварите не постојат. Кој ги е*е. :bip:

Е сега дека е незаконски тоа што го работат, тоа е точно. Како и да е додека има овци ќе има и стрижење. Никој не ги тера со пиштол луѓето да земаат заеми од лихвари. 100 % сами си се криви.Затоа никој не треба да кука.

Наравоучение- Не идете кај лихвари. :nenene:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Мистичен напиша:
Да не си се помешал малку со "рекет"? :)
А ако не платиш лихварите како ќе те "убедат"?? Муабет преку кафе и цигари?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Bada Bing! напиша:
А ако не платиш лихварите како ќе те "убедат"?? Муабет преку кафе и цигари?
А зошто да не платиш? Ако си барал пари на заем, треба да ги вратиш, или не?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Не го мешајте лихварството со рекетот. Две различни кривични дела.
Рекетот е изнудување пари со присила, а лихвата е неосновано збогатување.
 

skorpija^m

seven & seven
Член од
5 мај 2006
Мислења
492
Поени од реакции
4
лихварството е бизнис, еден од најпрфитабилните.
затоа пред да земиш пари размисли 3 пати , зш треба да ги вратиш
 
Член од
13 мај 2006
Мислења
78
Поени од реакции
1
Па малко ли са банки кај вас, та одите при лихварите ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom