Литература за историјата на македонскиот народ

Член од
6 септември 2020
Мислења
18
Поени од реакции
8
Здраво, неодамна сфатив дека всушност имам многу мало познавање во однос на историјата на нашиот народ.
Иако не се чувствувам воопшто патриот(што може да е и последица на незнаењето (n)), би сакал да ја истражам подлабоко нашата историја.
Паа би ве замолил за предлози на книги/филмови и сл. кои би ми помогнале да не бидам толку тупак во однос на темава.

Фала ви однапред :drk:
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Наместо да ставиш некоја хронолошка „од-до“ појдовна точка и да читаш разни книги за разни периоди, ти препорачувам да почнеш со најударниот период во македонската историја, создавањето на МРО, па до Илинден. Во овој период најдобро се согледува развивањето на македонската национална свест, и организираните почетоци во цивилизираниот свет, кои функционираат како основа на тоа што сме ние.

За литература на оваа тематика во нашата историографија не постои ниедна подобра книга од „Слобода или смрт - македонското револуционерно националноослободително движење во солунскиот вилает 1893-1903 година“ од Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.

Книгата е поделена на неколку поглавја, и можеш самиот да избереш кои топици те интересираат најмногу, пошто некои може да се рипнат кај што ќе видиш некои мнг специфични детали. Во главно, пишува за:
  • политиката и како регионот и македонскиот народ се гледани од страна на големите сили
  • односот на македонскиот народ со околните држави и нивната пропаганда
  • општествените и економските услови
  • појавата на организацијата, нејзините функциониери и подгрупи
  • четничките одреди, солунските атентатори, аферата Мис Стоун и слични интересни, а значителни моменти
  • востанието и последиците
Можеш да ја најдеш во Табернакул, околу 800 денари е, 500 страни, и што се однесува за историјата на македонскиот народ, ова е убедливо најдобрата книга некогаш напишана. На кратко само речи им „Слобода или смрт од Ванчо Ѓорѓиев“, насловот е инаку долг пошто е научно истражување и докторски труд.

Тоа е мојата препорака, понатака ако имаш дополнителен интерес прашувај слободно па ќе видам што може да се најде за други теми :)
 
Последно уредено:

Фала ти премногу.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Фала ти премногу.
Нема гајле, супер е што си пројавил интерес, без разлика како се осеќаш по тоа прашање. Не мора да се осеќаш ни приморан да смениш мислење или нешто, најубаво е да прочиташ и да си создадеш свој став.

Заборавив да додадам. Внимавај колку што можеш од кого земаш препораки за литература, има превише забеганици што ти нудат некои книги со теории на заговор, величествености и тешка ненаучна пропаганда, нели, пошто контроверзното поише се продава, па може да налеташ на некои такви небулози кои ги има и на форумов у голема мера. Или па некој нешто прочитал, не дочитал, не сфатил како што треба и слично, па им галами на сите со грешни информации. Не е дека јас ти нудам некое реноме за себе, ама чисто да си знаеш дека мојава препорака ти ја давам како магистер по историја, за разлика од некои онлајн багатели со прочитани статии од популисти :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.122
Поени од реакции
28.871
Влегувам во библиотека во УК, и наоѓам една книга за историјата на балканот, си читкам така да видам што пишува а Македонија никаде спомната...си викам шо читаат овие тука и кој платил за глупостите, ја земав им ја забутав позади никој да не ја најде.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313
Doma ja imam knigata Istorija na makedonskiot narod od Aleksandar Stojanovski; Ivan Katardžiev; Dančo Zografski; Mihailo Apostolski (Skopje : Makedonska kniga : Kultura : Misla : Naša kniga, 1988) mislam 69ta ili vo 70tite prvicno bese izdadena.

Sosema dobar i kompakten pregled od antika do vremeto na izdavanje. Kolku e jugoslovenski ofarbana ne moza da kazam.

Eve edna na angliski: https://issuu.com/sonjcemarceva/docs/history_of_the_macedonian_people_-_
Автоматски споено мислење:

Inace sekako edna kniga ne moze vo najsiten detalj da opfati cela istorija. Ako te interesira nekoj period podetalno treba da baras pospecificni knigi koi rabotat tokmu za toa vreme ili za nekoj nastan.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Табернакул веќе не постои, Рики. Престана да постои уште во 2016. Само на старо може да ја најде книгата.
Не сум знаел, ја баш околу 2016 ја купив.

Во тој случај би требало да ја има во студентската книжара на филозофски факултет. Ако не на старо, јбг.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Во книжарницата до некогашните “Мекиците на Стража“ има многу книги, а најважно е што тука има книги собирани од сите издавачки куќи, книги што им останале по магацини, непродадени и слично. Продавачката била многу патриотски (и било кеф ако побараш книга која никој не ја купува а се однесува на Македонија) и љубезна (била крупна “а ла Мирка Велиновска“ :) ) . Син ми тука пред месец и нешто купи повеќе книги - енциклопедијата што ја забранија, комплетот од Марко Цепенко, и уште ред други. Народов чита евтини крими романчиња бестселери и ваквите книги можеби стојат непродадени.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.611
Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
Дали има книга за периодот од 1000 до 1400 година, односно после Самуил до Османлиите. Доста слаб ми е тој период, а мислам и доста запоставен во јавноста, па би било добро ако има некоја книга од Македонски автори, по можност со фокус на населението.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Дали има книга за периодот од 1000 до 1400 година, односно после Самуил до Османлиите. Доста слаб ми е тој период, а мислам и доста запоставен во јавноста, па би било добро ако има некоја книга од Македонски автори, по можност со фокус на населението.
За жал, книгите за овој период се многу скудни, и речиси и да немаме истражувања. Постојат одредени статии на одредени теми, ама немаме добро структурирано дело во една книга.

Првиот историчар во Македонија кој го има разработено овој период е Бранко Панов, и за тој дел има книга напишана во 1985 година - „Средновековна Македонија“. За жал, според мене, ова е ептен застарен материјал и напишана бајаги архаично, ама ако сакаш да добиеш некоја идеја, може да ја земеш.

Друга има напишано професорот Александар Атанасовски, меѓутоа за „Македонија во XIV век“, така е и насловот. Е сеа, истражувањето е супер, ама ова е според мене најлошо ревидираната книга икад, од аспект на граматика, ќе прочиташ зборови како „сВатиле..“ и слично, што за мене е у најмала рака тажно да гледам во едно научно дело. Сепак, има супер теми и добро објаснување за предвечерието на Македонија пред, и со доаѓањето на Османлиите, така што комотно може да се сознаат работи.

Мислам дека двете ги земав од скриптарата на филозофски. Нема зашто да не појдеш и од таму да ги купиш, пошто нз иначе дали се продаваат на други места, не сум упатен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom