Наместо да ставиш некоја хронолошка „од-до“ појдовна точка и да читаш разни книги за разни периоди, ти препорачувам да почнеш со најударниот период во македонската историја, создавањето на МРО, па до Илинден. Во овој период најдобро се согледува развивањето на македонската национална свест, и организираните почетоци во цивилизираниот свет, кои функционираат како основа на тоа што сме ние.
За литература на оваа тематика во нашата историографија не постои ниедна подобра книга од „
Слобода или смрт - македонското револуционерно националноослободително движење во солунскиот вилает 1893-1903 година“ од Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.
Книгата е поделена на неколку поглавја, и можеш самиот да избереш кои топици те интересираат најмногу, пошто некои може да се рипнат кај што ќе видиш некои мнг специфични детали. Во главно, пишува за:
- политиката и како регионот и македонскиот народ се гледани од страна на големите сили
- односот на македонскиот народ со околните држави и нивната пропаганда
- општествените и економските услови
- појавата на организацијата, нејзините функциониери и подгрупи
- четничките одреди, солунските атентатори, аферата Мис Стоун и слични интересни, а значителни моменти
- востанието и последиците
Можеш да ја најдеш во Табернакул, околу 800 денари е, 500 страни, и што се однесува за историјата на македонскиот народ, ова е убедливо најдобрата книга некогаш напишана. На кратко само речи им „Слобода или смрт од Ванчо Ѓорѓиев“, насловот е инаку долг пошто е научно истражување и докторски труд.
Тоа е мојата препорака, понатака ако имаш дополнителен интерес прашувај слободно па ќе видам што може да се најде за други теми