- Може, зависи што е причината на создадениот липом!
според тоа разликуваме различни липоми:
Фрибролипом е составен од масно и фиброзно ткиво,
Ангиолипом - се состои главно од крвни садови и масни ткива,
Миелолипом - масни наслаги сместени меѓу мускулите
Липома на вретенести клетки - овој тип се гледа кај постари пациенти, посебно кај мажите,
Липома на интрадермални вретенести клетки - овој вид липома е најчест кај жените,
Плеоморфна липома - има различни форми и големини,
Атипична липома - е составена од масни наслаги подлабоко во телото,
Неврални липоми - овој тип е изработен од масно влакнесто ткиво.
...постојат помали липоми кои се создаваат поради неправилна исхрана, дебелина, без физичка активност( коментар од
@teneke )
...или поради лоша перистатилка на цревата, па штетните супстанции не се отстрануваат навремено од организмот!
...или има липоми кои се создаваат на местото каде имаме затнување на проток на лимфната жлезда!
...или пак имаме создавање на липоми само на едно место каде имаме нагло нагомилување на масно ткиво на пример на стомак!
...или постои создавање на липоми кај тие што имаат проблематична кожа (себореја, акни) ( коментар од
@Govinda )
... или постои создавање на липоми поради пореметена функција на јетрата!
... или хормонален дисбаланс!
...или имаме создавање на липоми за кои немаме причина и велиме дека сме генетски наклонети да ги создадеме!
доколку липомите се видливи со голо око значи е тука некаде под кожата, па може да го лечиме со внесување на поткожна инекција која ќе го „растопи“ тоа масно ткиво со липолиза- како естетска козметичка метода ! тој специфичен инјекционен медицинскиот коктел содржи фосфатидилхолин (помага за трансформацијата на мастите во енергија) деоксихолат, липостабил, соја лецитин (помага во разградувањето) и тоа неколку сесии неколку дена зависно како се „топи“ липомот!
...еве како би изгледало локално оперативно остранување на липом со големина од 3 цм!
ВНИМАНИЕ ЗА ТИЕ кои не поднесуваат крв, да не го гледаат видеото!
...инаку липомите кои се поголеми од 2 цм, се лечат САМО по хирушки пат, т.е. се остранува оперативно масното ткиво, зависно ако не расте и не пречи „ може да се чува“ цел живот, но ако боли т.е. притиска на некој орган или пак брзо расте МОРА да се оперира!