Лимитирање на интернет пристап кон одредени страни за одредени корисници

Член од
27 февруари 2009
Мислења
11
Поени од реакции
2
Би сакал да знам како може да се лимитира пристапот кон одредени интернет страници поединечно за секој компјутер врзани во мрежа преку рутер?
Во мојата фирма интернетот го делат десетина компјутери преку LevelOne Router. Бидејќи интернетот е лимитиран спрема потрошениот сообраќај, би сакал некако да го ограничам сурфањето по небитни страни, т.е да биде овозможено користење на е-маил сервиси, вести и слично, а да се ограничи т.е блокира пристапот до некои страни пр. youtube, facebook, разни порнографски сајтови, торенти и слично. Дали е можно ова да се направи со некоја програма директно од мојот компјутер, да не се инсталираат клиенти на другите компјутери (а по можност истата да биде бесплатна т.е. freeware, open source)? Дали е можно ова да се направи без инсталирање на друг компјутер како firewall пред рутерот. Има можност на поставање на правила за блокирање на некои страни преку клучни зборови директно во рутерот, но не можам да ги наведам сите можни зборови кои би можело да ги содржи некој несакан сајт. Мора да постои некое друго решение (барем би сакал да постои). Ви благодарам однапред на помошта.
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Без користење на софтвер посебен:

1. Run и пиши во него notepad c:\WINDOWS\system32\drivers\etc\hosts па ентер.
2. Ќе ти се отвори Ноутпад прозорче во кое ќе ти се напишани одредени страници блокирани од самите програми и windows игорнирај ги.
3. Во тој прозоер најдолу оди и пиши лево 127.0.0.1 а десно страната која сакаш да биде блокирана.
П.С Ако ја блокираш пример facebook.com напиши ги едно под друго сите можни домени за пристап(www.facebook.com ; facebook.com ; http://facebook.com итн)

Со користење на софтвер имаш на гугл побарај многу има.
 
KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
решението горе е за локален компјутер, а не за 10 компјутери во мрежа, ќе треба поединечно на секој да ја прави истата постапка... а може истото лесно да му го сменат...
OPENDNS, мислам дека е бесплатно... провери на нет. На рутерот ќе ставиш днс серверите да ти бидат нивните од OPENDNS и ќе си исконфигурираш кои страни да не ги отвара, ама во тој случај и твојот компјутер нема да има пристап до нив :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Без користење на софтвер посебен:

1. Run и пиши во него notepad c:\WINDOWS\system32\drivers\etc\hosts па ентер.
2. Ќе ти се отвори Ноутпад прозорче во кое ќе ти се напишани одредени страници блокирани од самите програми и windows игорнирај ги.
3. Во тој прозоер најдолу оди и пиши лево 127.0.0.1 а десно страната која сакаш да биде блокирана.
П.С Ако ја блокираш пример facebook.com напиши ги едно под друго сите можни домени за пристап(www.facebook.com ; facebook.com ; http://facebook.com итн)

Со користење на софтвер имаш на гугл побарај многу има.
Бараше да се ограничи пристапот преку рутер или firewall, не директно (локално) на компјутерите. Така да, ова не му брка работа.

Би сакал да знам како може да се лимитира пристапот кон одредени интернет страници поединечно за секој компјутер врзани во мрежа преку рутер?
Во мојата фирма интернетот го делат десетина компјутери преку LevelOne Router. Бидејќи интернетот е лимитиран спрема потрошениот сообраќај, би сакал некако да го ограничам сурфањето по небитни страни, т.е да биде овозможено користење на е-маил сервиси, вести и слично, а да се ограничи т.е блокира пристапот до некои страни пр. youtube, facebook, разни порнографски сајтови, торенти и слично. Дали е можно ова да се направи со некоја програма директно од мојот компјутер, да не се инсталираат клиенти на другите компјутери (а по можност истата да биде бесплатна т.е. freeware, open source)? Дали е можно ова да се направи без инсталирање на друг компјутер како firewall пред рутерот. Има можност на поставање на правила за блокирање на некои страни преку клучни зборови директно во рутерот, но не можам да ги наведам сите можни зборови кои би можело да ги содржи некој несакан сајт. Мора да постои некое друго решение (барем би сакал да постои). Ви благодарам однапред на помошта.
Во кратки црти:
- Можностите за лимитирање на интернет пристапот преку LevelOne рутерот се многу мали, така да, занемари ја таа опција;
- Секое професионално решение (дополнителен firewall или друг рутер) би те чинело многу повеќе отколку зголемување на интернет пакетот (да, веќе има пристапни пакети со неограничен трансфер);

Иако мојата препорака е фино да им објасните на вработените да го користат „разумно“ интернетот и секогаш сум против блокирање на страните за забава затоа што со нивното блокирање всушност се намалува продуктивноста (наместо да се зголеми), односно, има контра ефект, сепак постои една бесплатна варијанта која може да ја испробате. Отворете (бесплатен) account на http://www.opendns.com/, конфигурирајте ги подесувањата (забранети страни и тн...) и поставете го DNS-от на вашиот рутер. Секако, на компјутерите мора да е избрана опцијата да зимаат автоматски IP адреса и DNS подесувања од рутерот.

Значи рутерот ги користи DNS-ите на OpenDNS кои вие ги контролирате, а компјутерите го користат рутерот како DNS.

Сепак, дури ни ова не е гаранција дека некој нема да најде начин рачно да го смени DNS серверот (ако има администраторски привилегии на компјутерот). Пак ќе речам, најдобро е да се направи муабет со вработените и да се размисли за зголемување на интернет пакетот. Исто така, проверете ги компјутерите дали имаат штетници (вируси, тројанчиња, и тн.) и НИКАКО не им давајте на вработените администраторски привилегии. На тој начин, ем компјутерите ќе бидат чисти, ем нема да можат да инсталираат торент клиенти...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Да имаш cisco рутерче па директно со access листи забрана за одреден сообраќај ама вака само подесувања мануелно за одредени страни преку графичкиот интерфејс на рутерот.
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
11
Поени од реакции
2
Ви благодарам на сите на одговорите.
Единствено опцијата со OpenDNS до некаде би можело да заврши работа но сепак би ми било покорисно кога би можел да го лимитирам пристапот на одредени компјутери, а не на сите. Не се согласувам баш со тоа дека со слободен пристап ќе се зголеми продуктивноста на работата, напротив. Концентрацијата и посветеноста на работните задачи сигурно би трпеле поради многуте забавни содржини на интернет. Сепак мислам дека за забава секој треба да си го користи домашниот компјутер и сопственото слободно време. Со рачното подесување на блокирањето преку одредени зборови во веб адресата во firewall-от на рутерот донекаде се врши работа но тоа не е тоа. Не е единствен проблем ни големината на пакетот (да, знам дека има flat rate пакети) туку пред се занемарувањето на работните обврски заради интернетот. Се обидов со програмата Net Limiter (ми се чини дека така се викаше) но беше малце комлицирана за користење и не беше бесплатна. А да, и мораше да се инсталира на секој компјутер приклучен на мрежата. Најефикасно решение ми беше исклучувањето на рутерот од напојување после работното време (втора и трета смена) :toe: но мислам дека не е баш фер да не може да се провери ни е-маил ни да се направи некој краток разговор преку скајп за време на дежурство. Но обично се симнуваат филмови, музика, се гледаат on-line филмови, се посетуваат порнографски сајтови и тука баш разговор за разумно однесување не помага, верувајте. Размислував со поставување на firewall компјутер со инсталиран IPCop (сум видел дека функционира одлично) пред рутерот но малце ми е страв да оставам компјутер цело време приклучен на струја со оваа наша електрична мрежа.
 
што се секираш за струјата наша, ќе купиш тоа компјутерот, ќе купиш УПС, ќе купиш генератор на дизел... и никогаш нема да ти се исплати бизнисот :) :)
шала...

едно упс ти е доволно колку за заштита од налудничав напон...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom