Лименки пиво (Колекција)

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Собира ли некој или познавате ли некој што собира лименки пиво?
Имам околу четириесетина лименки различни од повеќе земји. Не сум сеуште некој забеган колекционер, купувам онака од мерак, кога одам некаде или во маркет кога ќе начекам пиво што го нема кај нас :)
Од кои земји имате лименки, која лименка ви е најинтересна, кое пиво ви е најубаво?
Не најдов ваква тема, имаше некоја тема слична, но таа е само за енергетски пијалоци :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Јас имам :rolleyes:. Од летото почнав и си реков ова ќе биде мое ново хоби. Моментално имам 13 од кои 3 не се ни отворени уште. Залади времево и некако не ми се пие пиво. Да имаше лименки од вино и такви ќе собирав.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Јас имам :rolleyes:. Од летото почнав и си реков ова ќе биде мое ново хоби. Моментално имам 13 од кои 3 не се ни отворени уште. Залади времево и некако не ми се пие пиво. Да имаше лименки од вино и такви ќе собирав.
Имаш некое специфично, од друга земја? :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Имаш некое специфично, од друга земја? :D
Па скоро сите ми се странски. “Бисерот“ на колекцијата :ROFLMAO: ми е швајцарско пиво во плава лименка. Имам и Ожујско, Карловачко, Сарајевско, некои германски итн...и секако од домашниве Даб и Скопско.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Јас собирав ама по подолго стоење почнуваа да ми бледеат дури некои лименки и скроз ми се лупеа и се откажав, сега само си правам листа на испиени пива со некаква рецензија и рејтинг лично за мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom