Лимарски услуги

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не успеав да најдам соодветна тема ни во Дом и семејство, ни во Архитектура, дизајн и уредување. Се мислев да поставам прашање во темата за Дворови, но таа е од 2012, а претпоставувам и на друг може да му послужи нешто вакво, па затоа сметам дека треба да има и посебна тема.

Знаете ли како се движат цените за лимарски услуги и на кој начин пресметуваат лимарите во Скопје (па и Македонија)? Еве конкретно за што се работи:

1. Сакам да направам ваква ограда:
107766607_685784882263719_4362675255994342238_n.jpg

Оградата е околу 13 m долга. Треба да има капија од 4 m и иста ваква вратичка, а ми треба некој што целосно ќе ја заврши работата, значи со бетонирање (освен подѕидокот, треба да има и 5 бетонски столпчиња), изработка на оградата и монтирање на истата.

2. Настрешница за кола, 4 m широчина, 5 m должина, изработена целосно од метал, покриена со лим, ко што викаат они: на две води,

3. Треба да се затвори еден простор од околу 4 m должина, со лим висок 3 m. и конструкција која ќе биде прицврстена за 2 ѕида од 2 куќи.

Најдов една фирма која би ги изработила овие 3 работи, измерија, но понудата која ми ја дадоа вчера ми е малку чудна, зашто искрено, со толку пари јас го опремив целиот горен спрат од куќата пред некоја година, и плус кола купив. Затоа прашувам: навистина ли се толку скапи овие изведби? Се разбира ли некој од вакви пресметки, цени на лим и профили и слични чуда, па грубо да ми пресмета колку би чинело се ова, за да знам дали таа понуда е реална?

Темава понатаму нека послужи и за се останато поврзано со лимарија и изведби од лим: кровни конструкции, огради, настрешници, гаражи, шупи и сл.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Не успеав да најдам соодветна тема ни во Дом и семејство, ни во Архитектура, дизајн и уредување. Се мислев да поставам прашање во темата за Дворови, но таа е од 2012, а претпоставувам и на друг може да му послужи нешто вакво, па затоа сметам дека треба да има и посебна тема.

Знаете ли како се движат цените за лимарски услуги и на кој начин пресметуваат лимарите во Скопје (па и Македонија)? Еве конкретно за што се работи:

1. Сакам да направам ваква ограда:
Прегледај го приврзокот 290092

Оградата е околу 13 m долга. Треба да има капија од 4 m и иста ваква вратичка, а ми треба некој што целосно ќе ја заврши работата, значи со бетонирање (освен подѕидокот, треба да има и 5 бетонски столпчиња), изработка на оградата и монтирање на истата.

2. Настрешница за кола, 4 m широчина, 5 m должина, изработена целосно од метал, покриена со лим, ко што викаат они: на две води,

3. Треба да се затвори еден простор од околу 4 m должина, со лим висок 3 m. и конструкција која ќе биде прицврстена за 2 ѕида од 2 куќи.

Најдов една фирма која би ги изработила овие 3 работи, измерија, но понудата која ми ја дадоа вчера ми е малку чудна, зашто искрено, со толку пари јас го опремив целиот горен спрат од куќата пред некоја година, и плус кола купив. Затоа прашувам: навистина ли се толку скапи овие изведби? Се разбира ли некој од вакви пресметки, цени на лим и профили и слични чуда, па грубо да ми пресмета колку би чинело се ова, за да знам дали таа понуда е реална?

Темава понатаму нека послужи и за се останато поврзано со лимарија и изведби од лим: кровни конструкции, огради, настрешници, гаражи, шупи и сл.
Еден тон и јаче железо имаш тука, и плус сакаш да го правиш кога има највисока цена у последниве 10 год.
Земи пенкало и рачунај.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Работната рака обично ја калкулират по однос на цената на материјалот (правев настрешница и метални врати пред околу 5-6 години, ама грубо мислам дека ми зеде околу 60-70% од цената на материјалот, периферија не во Скопје).
Материјалите уште тогаш беа дигнати во споредба со пред 10тина години, настрешницата кај мене е со пластифициран плех (со црвена/бела боја, ребраст) и тој беше поскап од обичен поцинкуван. Тие пластичните што ги ставаат сега (проѕирни) ми беа сумливи за квалитет и затоа зедов плех.
Останатото железо е исто изгор, цевките „дебелоѕидни“ кога ги споредив со парчиња што беа останати од друг објект што го правевме пред околу 15 години беа со далеку потенки ѕидови, а демек тие биле дебелоѕидни ;)

Скапичка инвестиција е, мене за настрешницата околу 9 метри должина и ширина колку што беа долги парчињата плех (не сум таму инаку ќе ти измерев точно) ме фати околу 300 евра материјал и работна рака (мајсторот си набави се, заедно бевме кога ги нарача материјалите и на тоа ми додаде уште процент за работна рака). Е сега не е многу висока, околу 2.3 метри со што не влегоа многу дебелоѕидни цевки, тие беа како злато да купуваш :D).
 
D

Deleted member 53418

Гостин
30 евра е м2 од оградава, и јас го гледам истово моментално другар ги работи овие плус столбовите што треба да се направат цена имаш.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
taa izvedba preku firma nikako-ke te oderat.Baraj nekoj penzionirani majstori.
Inaku jas sam zavrsiv se ona pokrivanje (so vasi pari) 40m2 okolu 20.000 den.
Ne bi rekol deka e skap materijalot , ene dale i adresa pogore,ama ima i na drugi mesta.
Zatoa jas ne ucev za advokat,si zavrsiv bravar.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom