Ликови од серии кои ве нервираат

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Jess - New Girl



Првата сезона, па и втората ми е беа ок за гледање, дури и добро беше на моменти. Онака не е лошо за губење време. Самиот карактер на Џес ми оди на нерви уште од самиот почеток, ама сега во третава сезона више ја достигнува кулминацијата. Прво, прелигаво збори, се лигави цело време. Ок, сфаќам да си weird and awkward и јас понекогаш сум таква, ама на 30 години да се понашаш така детски и разгалено е едноставно неподносливо за очи. Мора да е секогаш по нејзино, успева со манипулација (иако некои не би го доживеале како манипулација) да ги убеди другите да и одат по газот, СЕКОГАШ мора да се меша у туѓите животи и да се прави најпаметна што најверојатно НАЈВЕЌЕ МЕ НЕРВИРА. Не можам буквално да ја поднесам веќе, најверојатно и ќе престанам да ја гледам серијава. Најиритирачки лик најверојатно што сум го гледала. Ок, be who you are, I am all for that, али има разлика од тоа да бидеш она што си и до тоа едноставно да не знаеш граници во која ситуација како да се однесуваш и да се мешаш онака апла нападно во животот на другите луѓе, што другите и го дозволуваат пошто што и да направи на крај се извинува тажно и пак и простуваат. Не ја можам, неверојатно. Од епизода во епизода ликот се повеќе ми оди на нерви, за разлика од ликот што сестрата на глумицава го глуми во Bones, Temperance Brennan која ја обожавам. :)

Кери од Сексот и Градот



Слична ситуација ко погоре, само малку на поинаков начин. Ова е тип на лик, исто како и на Џес погоре, на кој некој треба да им удри заушка и да им рече: АЛО ОПРАЈ СЕ ЖЕНО! Пример за тоа каков карактер на жена не треба да бидеш во животот. Лигава, егоист, секоја реченица ја почнува со јас, секој муабет кој другарките го почнуваат го врти врз себе. Еднава на пример вика: Трудна сум, она одма дава коментар каде има ЈАС и каде се врти муабетот кон нејзе и за тоа што нејзе и се случува. Другарка и раѓа дете, има сериозни ВИСТИНСКИ проблеми, не може да спие, во депресија е, нема излезено од дома, оваа по телефон ја замара за тоа дали таткото на бебето на другарката кој е другар на нејзиниот бивш има речено нешто за неа и дали некогаш чула муабет дека овој другарот на бившиот ја спомнувал и дали бившиот ја мрази (бивш кој патем го извара и на крај ја раскина свршувачката со него пошто нели она е независна од другите, а уствари не знаеше што сака, па и свршеничкиот прстен го носеше на ланче околу врат, пошто нели уникатна)... муабети за 4то одделение, од страна на 35/6 годишна жена. Жена која вришти хистерично по барови и ресторани и улици, дури и кога нема издржана причина. Сите го прават Mr. Big лошиот, ама забораваат дека кога и да му се јавеше она, тој беше тука да излезе со неа, да се слушне со неа, да ја ислуша ако има проблем, додека он ако ја побараше одма таа праеше драми како “сакал да и го уништи животот“. :facepalm: Исто ко погоре, манипулатор, премногу сака да се меша во животот на другите, нападна и замара. Во секоја ситуација она мора да има некоја “духовита“ забелешка. Да имаше 15 години, немаше да ме нервира, нормално ќе ми беше, ама на 35/6 години, ова не е индивидуалност. Можам до утре да зборам колку ме нервира и лоши карактеристики, ама не заслужува. Еден од најиритантните ликови на телевизија, не знам што има толку во неа (не зборам за изглед) што ги прави жените да сакаат да бидат ко неа, ич не ми е јасно, а и јас сум жена.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Чак Бас од Госип грл. Во првата епизода проба да ја силува Џени, а сите девојчиња кои ја гледаат серијава го обожаваат.




Мери од Лас Вегас. Се прави многу невина, тоа најмногу ми сметаше. Лупнала деколте кое појше открива отколку што сокрива а ми глуми Мајка Тереза. Играше со Дени, ни сама не знае што сака, а на крај кога тој замина со друга се лути.




Кенет од 30 Rock. Иритантен тип со иритантен глас. Секогаш насмеан, комплетно нереален.




Пирс од Community. Однесување сосема неприкладно за годините. Ко детиште разгалено.




Фејт и Чарли од Hope & Faith. Однесување сосема неприкладно за годините. Ко детиштa разгалени. Не ја гледам серијава ама кога и да ја фатам на Фокс мислам дека ќе ми се здоповраќа од овие двајца.






To be continued...
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 14:26 ---
Френ од Living with Fran. Мада мислам дека ова се должи на актерката, каде и да ја видам ме нервира. Оној гласон не и го можам. Па дечко и каков е згоден, да се чудиш.




Зои од Американ хорор стори (прва сезона). Типична бунтовна тинејџерка. Сите велат едно, таа друго. Се правеше многу јака на почеток, она беше таа која одлучи да ја земат куќата, после ја гледам пак не и чини. Фати дечко и не примети дека е мртов, дека не може да излезе од куќата. Немам зборови.




Ејприл од Parks & Recreation. Се прави нешто што не е. Хејтер невиден. Еднаш се нема насмеано.



To be continued...
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 16:01 ---
Шарлот од Сексот и градот. Се правеше светица а во секоја епизода е со различен маж.




Френк од It's always sunny in Philadelphia. Знам дека на многумина им е омилен лик, ама мене ме нервира. Не е прикладен со остатокот од групата.




Шерона од Монк. Монк се препороди кога му замина Шерона и дојде Натали. Сметам дека Шерона не се понашаше убаво со него.




Бека од Калифорникејшн.

 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Моментално Хауард и Раџ од ТББТ. Последниве две сезони не можам да ги поднесам
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Овој не можам да го поднесам
А бе читајте ги првите мислења од темиве, значи аман, не се темиве сликовница, напишете име на ликот и серија, зошо ве нервира и слично, а не само слики да лупнувате.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Karen Jackson oд Shameless



Можда сум пристрасен пошто индиректно му го ебава животот и младоста на Лип како знае и умее со нејзините манипулации, хистерии и менување на животни ставови од секунда во секунда али ептен ми е мило како заврши ликот, прв пат да посакам такво нешто на ТВ лик.
Прво го сака Лип, па сака да бидат заедно, па не сака веќе секс, зависна била :)facepalm:), си фати дечко за озбилно као ајде бавно ќе ја гради врската, па откако почна со него конечно да има секс, и сметаше што типот сакаше да слуша Guns N' Roses, па му се скара; индиректно е крива за самоубиството на нејзиниот татко, му даде BJ на братот од Лип, го јавна и таткото од Лип пошто whatever, fuck it, го маткаше Лип дека е трудна со негово дете, на крај испадна азијче со даунов синдром (кармаааа бич) па го напушти, абе се да и ебам се нервирам само шо пишувам. :mad:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Ејприл од Parks & Recreation. Се прави нешто што не е. Хејтер невиден. Еднаш се нема насмеано.


Баш напротив, Обри Плаза е во вистински живот како и Ејприл, со нејзиниот death-span humor. Секако дека се смее во нејзиниот живот, но таков и е стилот на хумор.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Баш напротив, Обри Плаза е во вистински живот како и Ејприл, со нејзиниот death-span humor. Секако дека се смее во нејзиниот живот, но таков и е стилот на хумор.
Мислев дека ликот нејзин се прави хејтер, а не е. Ко со сила да сака да е уникатна, па затоа е толку негативна особа, даркерска.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Општо девојките што сакаат да им го растурат бракот
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Општо девојките што сакаат да им го растурат бракот
@Fredy Guarin дај брат жити се кажи ја на брат и` нека и го искрши модемот и нека не замара по форумов. Не може човек на раат да отвори `нови мислења`.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Дај бе снемај интернет некако...
Што ви правам де[DOUBLEPOST=1489537819][/DOUBLEPOST]
@Fredy Guarin дај брат жити се кажи ја на брат и` нека и го искрши модемот и нека не замара по форумов. Не може човек на раат да отвори `нови мислења`.
Што ти правам де
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.607
Поени од реакции
11.149
Дај бе снемај интернет некако...
Банирај го/ја де.





Бека Муди од Californication. Зошто?
1. лоша глума
2. глас што распара уши
3. тотално непочитување на родителите, пред нив зборува за ебење и пушење
4. шишка у пичку матер :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom