https://www.gol.mk/rakomet/kil-e-osvojuvach-na-ehf-kupot-nadigran-germanskiot-rival-fukse-berlin
Можеби е спам постот, но со оглед дека нема отворено посебна тема за ЕХФ Купот би требало да е соодветен.
Сосема заслужено, издоминира Кил сезонава во Купот на ЕХФ, се прошетаа до титулата, како на тренинг.
Реално, конкуренцијата не им беше достојна, сепак екипи како Фуксе, Гепинген и останатите не можат да се носат со Кил.
Екипа како Кил трагедија е да не игра во ЛШ, институција во ракометот, единствена екипа што може да се носи со гигантите надвор од Германија кои го запоседнаа светот на ракометот.
Позитивна работа е што конечно се враќаат во ЛШ, а конечно нема да ги гледаме РНЛ како се глупираат...
Млада екипа, со неколку искусни играчи, го поминаа процесот на воигрување, а резултатите треба да дојдат многу брзо.
Се прилагодија Зарабец, Лукас Нилсон, Билик на германскиот стил на ракомет, наредна сезона засилени со Сагосен, + Кркмата ( Дувњак ) полека ја враќа старата форма, страшна бековска линија.
Се зависи од Јиха, квалитетот кој го има на лагер е неспорен, главното прашање е како ќе успее да се справи со притисокот, сепак огромна разлика е да си помошник и главен тренер на екипа како Кил..
Пријатно изненадување за мене е Порто, навистина доста напреднаа, многу интересен тим, лесно стигнаа до полуфинале, а таму немаа одговор на тактиката на Фуксе, целосно им го забавија темпото на игра.
Фуксе од друга страна, го достигнаа максимумот со пласманот во финале, со тие играчи толку е силата.
Наредна сезона повторно Швабите се главни фаворити, Магдебург, РНЛ и најверојатно повторно Фуксе.
Интересен податок во Купот на ЕХФ, од последните 20 изданија дури 18 пати трофејот го освоиле бундеслигаши, единствено Барса и Пик Сегед пред некоја година успеаа да ја прекинат таа доминација на германските екипи, што е уште еден показател дека нема екипи кои може да има парираат.
Француските екипи сеуште не се дораснати да се носат со Германците, посебно не со екипи како Ст. Рафаел, кои успеаа лани да стигнат до финале.
Наредна сезона можеби и ќе дадат отпор Французите, со оглед на тоа што или Монпеље или Нант ќе игра во Куп на ЕХФ....
Шпанците со просечни екипи како Ла Риоха, Адемар и Бидасоа ( како нови учесници во ЕХФ Купот )нема што да бараат во ваква конкуренција, едноставно не се дораснати за ова натпреварување.
Многу е опаднат квалитетот на ракометот, драстична разлика во квалитет има помеѓу А и Б групите во ЛШ и елитата на екипи кои се борат за трофеј во Куп на ЕХФ. ( освен некои залутани екипи како Кристианстад на пример )...