Либија по Гадафи

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Да не се отвара тема за секоја случка посебно мислам дека тука може да пишуваме за Либија по падот на Гадафи ..

Уништени војни гробишта во Бенгази
Мачење на затвореници во зоолошка
Триполи му се заканува на Бенгази
Нереди во Бенгази
Триполи, револуционерна гарда ..

Ова се само дел од поновите вести што доаѓаат од Либија, конфликтот помеѓу оделените фракции продолжува а државата речиси и како воопшто да нема контрола над државата и воените формации во истата. Секој ден нови случки за насилства од страна на полицијата врз сопственици па и обични луѓе како и еден куп одмазди, од друга страна па Американците притискаат дека нивни фирми требало да добијат најголем дел од работите за реконструкција во Либија затоа што највеќе помогнале.. демократијата на дело каде што не ги оставаат да изберат туку скоро како да ги присилуваат.

Во меѓувреме племето Туарези врши воен удар во Мали откако “заврши“ војната во Либија, инаку Туарезите важеа за приврзаници на Гадафи.. дали сеуште некој ги финансира и намерно под наредба вршат државен удар таму или ?
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Проглекта је Америка и злато шта сја :mad:
Мислам дека се разбираме :D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Cui bono? ( за чие добро?) е славното прашање кое го поставил Lucius Cassius Longinus Ravilla, Римскиот конзул од 127 г.п.н.е.
Ти даде одговор на ова прашање. Граѓаните ќе бидат изложени на насилства, а за тоа време компаниите ќе собираат профити.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Не може од држава како Либија и нејзиниот народ некој да очекува демократија. Либија функционира преку шеријатското право, тоа е законот во Либија. Народот не е научен да оди да заокружи број 5 или 10 и да добие лидер кој ќе ја води државата 4 години. Тој народ е поделен на неколку племиња и кланови (The Arabs,The Berbers,The Tebo,The Jews) тие меѓу себе војуваат. Тоа племе кое што ќе ги покори останатите и во тие битки излезе најсилно тоа ќе владее со државата. Истото беше и со племето на Гадафи, ги покори сите ја превзема власта ја искористи моќта, ги шиканираше противниците и ги примора да мигрираат надвор од Либија. Истото ќе се случува и сега. Ќе дојде нов Гадафи кој ќе биде од корист на Америте, Британците и Французите. Некој кој ќе свири како тие ќе диригираат. Ќе им го прости огромниот долг за нафта, ќе им дава од истата. После неколку години кога тој новиот Гадафи ќе дознае дека може да ја води државата силно и има моќ, ќе го сврти грбот на тие кои го помогнале, и во тој момент ќе го прогласат за диктатор и ќе го елиминираат од власт. Кругот се врти само трае по неколку долгии години.
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Бараа америчка демократија?Ја добија и што сега приморските градови каде што цветаше туризмот се партал направени само темелите се останати.Америка или нато случајно да не ги обнови?
Народот кој живееше под така наречена"диктатура" имаше право на избор дали сака да работи или не без разлика секој месец на сметката му стигаа од 2000 до 4000 евра.
Секој нов брачен пар имаше кров над глава (каков таков битно имаше)како поклон од државата.
Секој нов возач имаше право на избор на нов автомобил со субвенции од државата пр.Автомобил 10,000 еура субвнции од државата 9000 еура
Бесплатно здравство насекаде по светот.Без разлика за какви операции станува збор.
Бесплатно школство.Основно Средно училиште и факултет и мислам дека во странство бесплатно можеше да се учи со стипендија на државата
Нафтата беше најефтина во цел свет,за еден долар можеше да се купи 3L нафта.
И ред други работи можеше да се прават со Гадафи.
Али некои будали се полакомија за некој динар повеќе платен од америка и еу (ебена унија) и почнаја да војуваат против Гадафи да го симнат од власт.
Али ако нека го кркаат сега .Нема кај да спијат,нема што да јадат,водата скоро и ја нема ,за струја да не правиме муабет во разурнатите градови.
Се на се таква е америчката демократија.
ЌЕ ГО БАРААТ ГАДАФИ И ТОА СО СВЕЌА КАКО ОНАЈ БУДАЛИОН ФИЛОЗОФ СО ЛАМБА ШО ШЕТАШЕ ДЕЊЕ (y)
 
G

galaxy

Гостин
Излегуваат на виделина проблемите криени под чергиче со децении.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Во одредени подрачја/држави во светот потребно е да владеат луѓе со силна рака како на пр. Садам Хусеин, Моамер Гадафи, Хосни Мубарак, Башар Ал-Асад и.т.н. бидејќи исклучиво со силна рака може да се владее со тамошните народи и држави, откако таа силна рака ќе се пресече и ќе падне, по автоматизам ќе завладее тотална Анархија и народот ќе се испоубие самиот меѓу себе, односно секој ќе си ја земе правдата во своите раце(како денеска во Либија на пр.) !
Тие таму незнаат да организираат нормални избори и да излезат да гласаат како луѓе, па тој што ќе освои најмногу гласови да биде власт во таа земја(привремено секако) се до наредните избори, еве на пр. бившиот Египетски претседател Хосни Мубарак уште пред повеќе од една година е симнат од власт(самиот си се повлече), па еве Египјаните сеуште немаат избрано легитимна власт, уште неможат да спремат и да направат едни нормални избори, таму повеќе од една година на власт е Египетската армија т.е. генералите, а факт е дека по улиците владее Анархија, секојдневно има насилства помеѓу различните политички, како и помеѓу различните верски групи(најмногу има насилства врз Египетските Христ.- Коптите) !
И во Иран ако падне врховната власт на ајатолахот т.е. ако падне тамошниот исламистичко-шеријатски(шиитски) режим, ќе настане долготрајна цивилна(граѓанска) војна, бидејќи Иран е доста етнички мешана земја, иако Персијците(Иранците) се мнозинство(преку 60%) !
Исто и во Сирија, ако падне Башар Ал-Асад ќе настане тотална Анархија и долготраен меѓу-граѓански судир !
Во Ирак па откако падна Садам Хусеин, таму ни кучето стопанот не си го знае !
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Ехxx Либијци, Либијци,:tapp:
Не им чинеше Гадафи што се без пари им даваше, бараа демократија, ете ви демократија.
Кога им помагаше западот да го соборат Гадафи, тогаш им беше добар, а сега не им чини.Си имаа супер држава бараа преку леб погача, а сега останаа и без леб и никогаш повеќе нема да имаат држава.:facepalm:
Натовците,,,сега пак “мораат“ да се впуштат во нови освојувачки и окупаторски воени походи за колонизирање нови и нови туѓи ресурси,а кон суверени слободни независни држави. Нивната климава економија не е конкурентна и изгледа не може подолго да издржи без освојувања туѓи богати ресурси.
 
M

Muranyi

Гостин
Јас се некако имам впечаток дека многу мал процент на населението беше незадоволно и се бореше против режимот на Гадафи.Целиот конфликт според мене беше исцениран,се натегаа со недели и кога видоа дека т.н.бунтовници не можат да направат ама баш ништо тогаш на сцена стапи НАТО и неговите бомби.Па добро бе кој наивен ќе поверува дека со вакви бенефиции и животен стандард како што читаме дека имало во Либија,ќе се собере доволно критична маса за да посака и воедно да може да смени нешто во државата.Како и да е го изедоа стапот Либијците,според мене не по своја вина колку што им беше наметнато однадвор за нечии интереси и затоа не можам да им се ситам на маката која допрва ќе ја видат.Ќе ја осетат демократијата на своја кожа.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
колку стана цената на бензинче деновиве во либија :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Либија по Гадафи, сега ќе биде Либија после Америте,дури сега ќе сватат што си направија, :свиркам:
Паметниот човек учи на туѓите грешки, ама Либијците инсистираа да ја осетат ‘‘демократијата‘‘ на своја кожа.
После убиството на Гадафи се собираа и славеа за ‘‘ослободувањето од режимот‘‘, ама за брзо време ќе се собираат да протестираат против ‘‘демократијата‘,
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
либија нема веке никаогаш да биде тоа што била , веке никогаш нема да бидат свои и слободен народ ке бидат контролирани од САД Франција и Британија.
кога нато официјално стави крај на воената мисија врз Либија , два дена покасно Саркози и Камерон изјавија дека дојде време оние да го добијат заслуженото т.е нафтените полиња заради помошта која им ја понудиле на бунтовницит да се сруши режимот на Гадафи.
многу е јасно дека целата арапска пролет беше испровоцирана и создадена од моќните држави кои ги напоменав .
народот во Либија допрва ке оди во пропаст , како што гледаме што се случува со Египет радикалниот ислам кои Мубарак многу добро го контролираше сега излезе од контрола и владее со државата ,па така се размислува да на плажите туристите (жени) да несмеат да носат бикини , во хотелите да несмеат да спијат во иста соба луѓе кои не се во брак и ке биде забранет секаков вид на алкохол .
па сеа нека се размисли каде ке стигнат сите овие земји во кои беше арапската пролет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom