Лефкада

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ме интересира кое место во Лефкада е добро за престој и кое место има добра плажа, да не мораш да поминваш 15-20 минути за да стигниш. Исто доколку знае некој би сакала да знам како се движат цените за јадење, пазарење итн..
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ај некој нека каже дали од Василики има превоз до убавите плажи и колку пари е????????
И ако некој бил во хотел аполо да каже впечатоци и каква е храната таму.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ај некој нека каже дали од Василики има превоз до убавите плажи и колку пари е????????
И ако некој бил во хотел аполо да каже впечатоци и каква е храната таму.
Од василики нема автобуси до убавите плажи има тура со брод за егремни и порто кацики и чини 15 евра. 2-3 саата се бањаш на една 2-3саата на другата плажа и те враќаат во Василики. Има и секој ден бродчиња до Агиофили плажата повратна карта е 6 евра а пешки се стига за пола саат. Хотел Аполо е тапа сместувањето, храната така-така. Доручек секој ден ист а вечерата избор од 2-3 јадења.
 
Член од
6 октомври 2011
Мислења
76
Поени од реакции
21
Ме интересира дали има некој престојувано во вила Афродити во Нидри. Дали има превоз до плажите од западната страна и како се движат цените за изнајмување на мотор.
П.С. и кој се поубај плажи во близина на Нидри
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Олимпија

Совет за каде да барам смештај?
Првичната варијанта во која требаше да одиме со кола од тука отпаѓа.
Најверојатно ќе морам преку агенција да одам така да совет каде во кое градче да барам смештај?

П.С. Многу е веројатно таму да изнајмиме кола/моторче.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Олимпија

Совет за каде да барам смештај?
Првичната варијанта во која требаше да одиме со кола од тука отпаѓа.
Најверојатно ќе морам преку агенција да одам така да совет каде во кое градче да барам смештај?

П.С. Многу е веројатно таму да изнајмиме кола/моторче.
Василики ти е добро место како база до Порто кацики се стига за 30 минути со кола, до Егремни за 20, Гиалос за 30 минути, Катизма и Каваликефта за 40 мин. Не ти препорачувам да ренташ мотор пошо е напорен патот и има бајаги угорници кои со кола едвај се поминуваат. Од Василики ти е блиску Агиофили до која се стига пешки за 30 мин. а со бродче за 10 мин. повратна карта е 6 евра. Ти препорачувам да ренташ кола во Алекс рент а кар на главна улица е ако ја земеш за поише денови имаш попуст и плус ако се ценкаш ќе те фати поефтино. Цена на лежалки по плажи е: Агиофили 7 евра, Кацики 8 евра, Егремни 6 евра без пијачки, а на Катизма со пијачка користиш лежалка. Паркинг се плаќа на Егремни, Кацики, Каваликефта, Катизма 3 евра за цел ден. Василики нема некој ноќен живот, мало местенце е со кафичи и кафани. Друго ако те интересира прашај :)
 
Цена за рентање кола? Онака грубо ме интересира да речеме за 5 - 7 дена.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Цена за рентање кола? Онака грубо ме интересира да речеме за 5 - 7 дена.
Малите колички (Фиат Панда, Хјундаи и10/Гец...) се околу 30-35 евра ден. со фул осигурување. Колку поише денови ја ренташ толку пониска цена ти дава. Конкретно рентавме 3 дена Фиат Панда ни ја даде по 26 евра поминавме околу 200 км со посета на 5 плажи. Стаивме бензин за 3 дена 25 евра.
Ти препорачувам да одиш и на крстарење со бродот на Македонија палас. Имаат ибава тура (Егремни 1 саат застанува, Порто Кацики 20 минути на сред море стои, Кефалонија 1 и пол саат за прошетка, Итака прошетка 30 мин. , посета на пештера Меганиси, бањање 20 мин. на сред море остров Оназис) се ова без ценкање ќе те чини 20 евра, ама ние се исценкавме за 12,5 евра од човек. Друго нешто ако те интересира прашај :) Кој период планираш да одиш и преку која агенција?
 
22 - 01 ќе мора да биде изгледа.
Тогаш има одмор момето, немаме избор пошто превоз има само тогаш, и сите се по 9 дена што ужасно ме нервира.
Немам уште одбрано агенција преку која ќе одам уште ги разгледувам понудите, совет за агенција (и вила)?. Барем да идеме на испробана варијанта.

Идеме со цел да ги прошетаме сите убави плажи и да одмориме, ноќен живот не ме занима толку ма да сигурно ќе искачаме во кафичите.
Така да ако има вакви други тури/крстарења што ги испробавте давај, ќе ги поминеме сите :)
 
mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Ние на Катизма 2пати бевме, паркинг ни еднаш не плативме. Не знам од каде тие 3евра :confused:
На Егремни и не мораш да плаќаш паркинг ако не доаѓаш поблиски до скалите. Ако планирате да останете цел ден оставете ја подолу, но ако останувате кратко, тогаш колку подалеку се паркираш, толку подобро. Луѓето се паркираат по улица, ненормална гужва знае да биде, можеш да заглавиш.
Препорака лична, најубаво тие плажи (Егремни и Катцики) да ги поминете со бродче. Со кола може да се исфрустрира човек, патот околу нив не е асфалтиран, а и тоа скалите :sleep:
 
Ние бевме преку Игуана - вила Катерина и презадоволни сме. Супер организација, сместувањето екстра само што не знам дали сеуште ја нудат таа вила. Мислам дека им е распродадена, ако можеш јави се прашај. Хигиената во вилата беше на високо ниво, секој трет ден ја чистеа собата. На убаво место се наоѓа - на 2 минути од центарот на Василики и 20 метри од плажа.
Ги нудат и вилите Илиас и Такис за нив не знам шо да ти кажам какви се, знам само дека се малку подалечку од центарот, а плажата пред нив е песочна и полна со сурфери.
Друго шо треба прашај :pipi:
--- надополнето: 7 јули 2013 во 02:29 ---
Ние на Катизма 2пати бевме, паркинг ни еднаш не плативме. Не знам од каде тие 3евра :confused:
На Егремни и не мораш да плаќаш паркинг ако не доаѓаш поблиски до скалите. Ако планирате да останете цел ден оставете ја подолу, но ако останувате кратко, тогаш колку подалеку се паркираш, толку подобро. Луѓето се паркираат по улица, ненормална гужва знае да биде, можеш да заглавиш.
Па ако паркираш поред пат и ризикуваш некој да ти ја изгребе колата или ти ја лупне нормално дека ќе кажеш паркингот не се плаќа. Сигурно не бев слепа коа убаво беа испишани таблите со цена за паркинг. Зошто да ме боли после глава, да пешачам поише отколку шо треба, да ја мислам колата коа можам да си платам паркинг и да не се замарам.
Препорака лична, најубаво тие плажи (Егремни и Катцики) да ги поминете со бродче. Со кола може да се исфрустрира човек, патот околу нив не е асфалтиран, а и тоа скалите :sleep:
Нема врска муабетов. Патот до Егремни и Кацики не е воопшто лош за возење со кола, а скалите по сите кажувања ги замислував хорор филм па коа стигнав до таму не видов нишо од тој филм. Ја не знам шо толку прашина се крева околу 350 скали до Егремни. Коа имаш 5-6 скали па одмаралиште, па пак 5-6 скали и така до последните 20 скали кои се дрвени ама не и страшни за симнување/качување. На Кацики скалите се супер, не гледам зошто некој би одел со бродче кое чини 15 евра од човек и се бањаш 3 саати на Егрмени па 3 саати на Кацики наместо да си отиде еден цел ден да си ужива на Кацики и еден цел ден на Егремни без некој да му кажува колку саати ќе се бања.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Пред 2 дена се вратив од Лефкада - Василики па да пишам некое инфо за оние кои сакаат да одат.
Бевме преку агенција Игуана, сместени во вила Катерина (која веќе не е на нивниот сајт затоа што била полна за цела сезона - така ни кажаа коа прашавме, но не е на одмет да се јавите и да препрашате). Вилата се наоѓа на 20 метри од плажа, веднаш до хотел Аполо. Сите соби имаат поглед на море. Собите имаат посебно кујна и купатило како и голема тераса. Хигиената во вилата беше супер. Секои три дена ти ја чистат собата. Просторот околу вилата, дворот секој ден се средува.
Василики е инаку мало рибарско селце, но има своја душа и шмек. Местото е мало и не го препорачувам за оние кои сакаат бурен ноќен живот, ама ако сакате да се одморите и да сте блиску до убавите плажи тогаш топло ви го препорачувам. Има доста кафичи ,таверни, супер маркети, рент а кар агенции, како и агенции за крстарење. Во Василики имате и доктор, аптеки, месарници.
Како најповолен супер маркет ви го препорачувам маркет Никос кој се наоѓа после аптеката и црквата.
Цените се следни:
вода пакет 6 Х 1,5 л = 1,6 евра, леб од 0,8 до 1,7 евра, јајца 6 = 1,3 евра, кроасани 0,5 евра, нутела 200 мл = 1,8 евра, сирење 7-8 евра кг, кашкавал 10 евра кг, домати 1,2 евра, краставици 0,2 евра парче, лубеница 0,4 евра четвртинка, диња 1 евро, фанта голема 1,5 евра, 6 лименки спрајт 2,4 евра, млеко 0,7 евра, 4 мали лименки амстел 2,4 евра, пиво Амстел радлер флаша 1,2 евра, 4 големи лименки ФИКС пиво (многу убаво пиво) 4,6 евра, сладолед од 1 евро нагоре.
Цените по кафичи се: нескафе 1,5 -2 евра, пиво големо 2-3 евра, коктели 5-8 евра.
Цената на Гиро пита се движи од 1,5 евра до 2,4 евра. Убаво гиро има во Јанис и чини 2,2 евра, исто толку му е и суфлакито.
Цената на литар бензин е 1,7 евра а бензинска имате на главната улица кај Еуро маркет и Алекс рент а кај.
Во Василики имате неколку рент а кар агенции, но ви препорачувам да погледнете кола/мотор во Алекс рент а кар - се наоѓа на главна улица на самиот агол во близина на Еуро маркет. Цената за рентање кола варира во зависност од сезоната и од број на денови за рентање. Колку повеќе денови ренташ кола, толку пониска цена ти нуди. Обавезно ценкајте се. Ние рентавме 3 дена Фиат Панда ни ја даде по 26 евра поминавме околу 200 км со посета на 5 плажи. Стаивме бензин за 3 дена 25 евра.
Цената на мотор 50 кубика е од 8 евра па нагоре. Не ви препорачувам да се мрцварите со мотор, затоа шо ветерот ќе ве убие пошо има бајаги угорници, удолници, кривини и патот искрено не е за со мотор. Освен ако не сте ептен авантуристи. Ко ќе пресметате дека за со кола ќе ги даете истите пари повеќе ви се исплати да рентате кола со уште некој пар ако одите двајца наместо да се малтретирате по горештините со мотор и да акате по пола саат плус отколку со кола.

Што се однесува до плажите таа пред вила Катерина може да помине за првиот ден додека да го запознаете местото. Градската плажа која е оддалечена 5 минути од центарот - 10 минути од вила Катерина е песочна, но во попладневните часови дува бајаги ветер и има сурфери, а шо е најзезнато е шо се наоѓа веднаш до фрекфентен пат. Во близина на хотел Аполо има уште една плажа која е малку задскриена позади дрвца од маслинки, ама ќе ги забележите скалите до неа :)
Од местото Василики најблиска плажа ви е Агиофили до неа до одредено место се стига со кола, па имате после тоа уште 5 минути пешачење. Со пешачење од Василики се стигнува за 30-40 минути. Патот не е страшен за одење, но треба да знаете дека има доста пајаци по дрвата, и патот е земјен а на места и асфалтен. Исто така има и бродчиња кои ве носат до плажата Агиофили. Првото бродче тргнува во 11 часот, а последното за враќање е во 18:30 h.Цената за повратна карта за едно лице е 6 евра. На плажата можете да поставите свој чадор и лежалки или да платите 7 евра за комплет од две лежалки и чадор. Водата на Агиофили е кристално чиста, ако носите апарат за сликање под вода појдете накај карпичките во морето и сликнете ги прекрасните бели рипки.

Следна блиска плажа од Василики ви е Гиалос. Се наоѓа на 14 км од Василики, со кола се стига за 30 минути. Ако имате GPS внесете ги координативе N38.6675997/E20.5674799 и терајте. Патот до Гиалос е добар ама има доста кривини и на некои места е оштетен асфалтот т.е има дупки :)
Плажата е огромна, песочна, вреди да се посети има место за поставување на свои реквизити за на плажа колку ви душа сака. Водата е тиркизно плава и топличка. На плажава не видовме шанк или кафич, ама лежалки за изнајмување има. Паркинг има и не се плаќа.

Убава плажа е и Каваликефта, следниве координати N38.7543179/E20.5889149 внесете ги на GPS. Од Василики е оддалечена 21 км или 30 минути возење. Каваликефта се спојува со Каламици и Мегали Петра. Така да со една посета престојувате на 3 плажи :) Но треба да имате среќа, да нема бранови па да може да се бањате. Патот до овие три плажи е добар со многу кривини т.е змија пат :)
Паркинг има и се наплаќа 3 евра за цел ден, но и од страна покрај патот има место за да оставите кола.

На 26 км од Василики и 40 минути возење по солиден пат, без многу кривини се наоѓа Катизма е една од поурбанизираните плажи на западната страна. Координатите за GPS се N38.7776269/E20.6009472. Плажата има сопствен паркинг и се плаќа 3 евра за цел ден. Имате и прекрасен кафич Копла со базен и прекрасен поглед. Лежалките на плажата се плаќаат со порачана пијачка. Кафе на плажа е 3 евра, коктели 8 евра. Водата е тиркизно плава, доста топла а плажата е со ситни каменчиња. Зезнато беше шо имаше доста големи бранови кога бевме па така да не се пробањавме баш ко шо треба. Брановите буквално ги исфрлаа луѓето на обала како рипки на суво :pos:
P1040942.jpg

Егремни е следната посетена плажа. Од Василики е оддалечена 19 км или 30 минути возење по нормален пат, без некои поголеми кривини.GPS координатите за оваа убавица се N38.6372625/E20.5594421.Последниот дел од патот е неасфалтиран ама прооден. Паркинг има и се плаќа 3 евра цел ден. До плажата се стигнува по навидум 350 хорор скали, кои воопшто не се страшни ниту за симнување ниту за качување.
Плажата е со ситни каменчиња и песок. Водата е бистра и чиста. Лежалките на плажата се плаќаат 6 евра за комплет две лежалки со чадор. Кафич има на врвот пред да почнете да ги симнувате скалите и цените се пристојни.

Од Василики до прочуената плажа Порто Кацики ве делат 22 км или 30 минути возење со кола. Патот до плажата е супер без некои поголеми кривини, a GPS координатите се N38.6030952/E20.5496214. Имате паркинг кој ќе ве чини 3 евра за цел ден. Кај паркингот има и WC. Од паркингот кога се спуштате кон плажата има неколку кафичи и сендвичари. До плажата се стига по скали кои воопшто не се страшни за симнување/качување. Сонце на плажата се појавува околу 11 часот, затоа не брзајте први да стигнете пошто ќе смрзнете. Знае да има доста силен ветер, а и водата да е ладничка. Плажата е песочна и опремена со лежалки кои во комплет чинат 8 евра. Доколку не сакате да се качувате по скалите за да пиете некое кафе овде постојано поминуваат дечки кои вршат достава на храна и пијалоци по достапни цени. Треба да нарачате пијачка/храна за 5 евра и бесплатно ви носат до лежалка.

Од Василики до последните две плажи - Егремни и Порто Кацики има и тура со бродче која би ве чинела 15 евра од човек што според мене е неисплатливо. 3 часа се бањате на Егремни и 3 часа се бањате на Кацики. Подобро изнајмете си кола и одете си по еден ден на двеве плажи отколку да одите со бродче.
Исто така ви препорачувам да одите и на крстарење со бродот на Македонија палас. Имаат убава тура (Егремни 1 саат застанува, Порто Кацики 20 минути на сред море стои, Кефалонија 1 и пол саат за прошетка, Итака прошетка 30 мин. , посета на пештера Меганиси, бањање 20 мин. на сред море остров Оназис) се ова без ценкање ќе ве чини 20-25 евра, ама ние се исценкавме за 12,5 евра од човек.

Ако нешто друго ве интересира прашајте.
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ме интересира дали бараат меѓународна возачка дозвола и ако да, каде се вади и колку пари е?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ме интересира дали бараат меѓународна возачка дозвола и ако да, каде се вади и колку пари е?
Не бараат меѓународна, ама пожелно е да ја имаш. Во ПСС http://www.pss.com.mk/ е 800 денари, а во АМСМ 850. Се вади за 5 минути а трае 3 години ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom