Бев лани преку Битола со сопствено возило, на граница во 3 часот наутро немаше кој да ме опцуе, си поминав за 2,5 минути!
Никако во Василики!!!
Василики на Дојран може вода да му донесе, чисто колку за опис. Во Василики се оди само за да се стигне до плажата Агиофили која мора да се посети!
Агиос Никитас е убаво место. Плажата е многу убава и рано на пладне почнува да ја фаќа делумно сенка и можеш да се скриеш. Одма преку рид е плажата Милос која исто така мора да се посети, плажата е дива, понесете вода и храна!!! Убво е и пешки но поубаво е со бродче од Агиос Никитас, 6 евра по човек повратна карта.
Гиро исклучиво да се јаде во "Yupo" во главниот град Лефкада.
1,5л газирана вода во маркет во главниот град купив за 24 денари. Маркетите во Агиос Никитас беа нешто поскапи...
Плажи кои мора да се посетат:
- На прво место би рекол Катизма!
Оооогромна плажа, прекрасна вода, да се посети 2 пати минимум од кои еден ден да си одберете да биде со бранови, вожња без пари у П.М.
Тука е "Copla beach bar" секој ден има техно, често и диџеи од Грција и странство, им и базент и е убаво местенце на најголемата жештина да избегаш малку од плажата!
- Егремни, не возете до таму, земете брод. Понесете храна и вода!!!
380 скали се премногу да ги качите назад нагоре!
- Нормално, Порто Каѕики.
30 денари пола литро вода, 2,2 евра Митос лименка пиво камен ладни, 2,2 евра Гиро, донесени на плажа по 110 скали надолу.
- Агиофили, до Василики, мора да се посети.
Понесете храна и вода, има мало кафуле на плажата.
Плажи кои јас не ги посетив а требаше:
- Мегали Петра, патот бил многу лош а плажата убава!
-Микрос Гиалос. Не знам зошто ми промакна од планирањето, ја фалат дека е убава но водата ладна поради подземни води.
Главниот град Лефкада е многу убав за шетање.
Плажите се растеретени од чадори, можете да носите свои реквизити, никој не ве замара да плаќате за лежалка и чадор
Што друго инфо ви треба прашајте