Лефкада

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Па ако паркираш поред пат и ризикуваш некој да ти ја изгребе колата или ти ја лупне нормално дека ќе кажеш паркингот не се плаќа. Сигурно не бев слепа коа убаво беа испишани таблите со цена за паркинг. Зошто да ме боли после глава, да пешачам поише отколку шо треба, да ја мислам колата коа можам да си платам паркинг и да не се замарам.
Бевме паркирани доле пред кафичите и тоа рано наутро, додека сеуште нема гужва, можеш да се паркираш каде сакаш, нема ништо да и се случи на колата. На Егремни плативме, ако тоа се нарекува паркинг воопшто.

Дадов совет, низ Лефкада е убаво да се пропатува со кола, цел остров е убав, но патот баш пред плажите знае да биде гнавеж, ниту па скалите се нешто многу страшно, не мораш да ме тепаш мислам :D но треба да се изнесат сите информации, затоа што на некој може нема да му одговара.

Ние бевме сместени патем во Аг. Никитас, топло го препорачувам за убав релаксирачки одмор, поблиску е до Левкас, убава е плажата, и селото е баш кјут, грчки баш, традиционално.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667

Ај те молам ако не ти е тешко кажи преку која агенција се смести во Аг. Никитас? Планираме во септември да одиме и би сакале Аг. Никитас да го одбереме како база.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Малите колички (Фиат Панда, Хјундаи и10/Гец...) се околу 30-35 евра ден. со фул осигурување. Колку поише денови ја ренташ толку пониска цена ти дава. Конкретно рентавме 3 дена Фиат Панда ни ја даде по 26 евра поминавме околу 200 км со посета на 5 плажи. Стаивме бензин за 3 дена 25 евра.
Ти препорачувам да одиш и на крстарење со бродот на Македонија палас. Имаат ибава тура (Егремни 1 саат застанува, Порто Кацики 20 минути на сред море стои, Кефалонија 1 и пол саат за прошетка, Итака прошетка 30 мин. , посета на пештера Меганиси, бањање 20 мин. на сред море остров Оназис) се ова без ценкање ќе те чини 20 евра, ама ние се исценкавме за 12,5 евра од човек. Друго нешто
ако те интересира прашај :) Кој период планираш да одиш и преку која агенција?
Моме ти модератор ли си тука или adware агент не ми е јасно. Значи треба да се кажува како вистински стојат работите за да бидеме корисни еден на друг. Прво за Порто Кацики / Кози залив / - да стигнеш до него треба да се иде со кола која оставаш погоре на пеколот. Потоа кон 100 метри! се слегува по скали. Храна треба да си носите, сандвичари има само горе каде ставаш колите. Плажа е од ситен чакал. Заливот има западно изложба и сонцето има само во доцните попладне. Второ -за бродот Македонија палас и сличните нему - застануваат не повеке од 10-15 мин. Сами одлучете дали вреди. Острова на Онасис - Скорпиос, целиот е ограден со шамандури, стража, незнам што ке бараш там
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Моме ти модератор ли си тука или adware агент не ми е јасно. Значи треба да се кажува како вистински стојат работите за да бидеме корисни еден на друг. Прво за Порто Кацики / Кози залив / - да стигнеш до него треба да се иде со кола која оставаш погоре на пеколот. Потоа кон 100 метри! се слегува по скали. Храна треба да си носите, сандвичари има само горе каде ставаш колите. Плажа е од ситен чакал. Заливот има западно изложба и сонцето има само во доцните попладне. Второ -за бродот Македонија палас и сличните нему - застануваат не повеке од 10-15 мин. Сами одлучете дали вреди. Острова на Онасис - Скорпиос, целиот е ограден со шамандури, стража, незнам што ке бараш там
Немам потреба да лажам, кажувам јас како ја доживеав Лефкада за да знаат и другите. Ти изглеа не го разбираш добро македонскиот јазик па не можеш да прочиташ дека уствари истото шо ти си го пишал и јас сум го пишала во постот за кој си ме цитирал и во овој
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
15
Јас на 22ри месецов ќе одам во Нидри, Лефкада со девојка ми и уште двајца. Немаме одено до сега таму, па ме интересираше како оди за рентање кола/баги. Пошто колку што слушнав од луѓе кои оделе минатите години багите биле доста ефтини, по 5 евра на ден што е одлично. Исто така ми рекоа дека и без возачка ги возеле, т.е. еден од друштво имал возачка и на негово име земал три па ги возеле цело друштво. Има ли некој искуство со рентање, како идат цените, дали има ценкање и како е со полицијата таму? :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Ако за баги мислиш „квад“ или „атв“, тогаш те излажале. Вон сезона, во Василики беше 12 евра и се вози со возачка (Б категорија).
Нормално, ако успееш да убедиш некој да ти изрента кола, квад или мотор на негово име, а ти да го возиш без возачка - сам треба да си свесен за одговорноста која ја преземаш да возиш возило за кое не си ополномоштен да го возиш и да возиш без возачка. Ако те сопрат џандари, ќе го јадеш квалитетно :)

Накај плажите видовме неколку пати џандари, така да, имај го тоа во предвид.

За ценкање, обавезно со тие што рентаат. Прво прашуваш за еден ден, после се ценкаш за помала цена за повеќе дена (и 2 и 3 спаѓаат во повеќе дена) :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
15
На тоа мислев. Знам дека се вози со возачка и баш разгледував по интернет цени за рентање. Е сега информацииве што ги спомнав претходно ги добив од луѓе што биле пред 2-3 години, можда работите се смениле од тогаш. Затоа прашав дали некој има поскоро искуство со рентање и полиција. И свесен сум за одговорноста, само ме интересираше да знам :)

Фала на информацииве, ќе ги имам во предвид :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ке може некој да ми каже колку чини турата од агиос никитас до Итака и Кефалонија, и ако може подетално да ми ја опишете, каде поточно застанува на Кефалонија на кое место и колку време? И дали има бродчиња што одат само до Порто катсики и колку е повратна? Благодарам
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
10
А дали можеби некој има инфо за превоз од Скопје до Лефкада? Постои, непостои? И се така ред редум.. Не одам преку агенција, на своја рака ќе терам ама никако да откријам како е најисплатливо со превозот (кола нормално, ама тоа малку потешко сега хаха).
Фала ви однапред. :)
 
Нормално постои скоро сите агенции нудат превоз околу 50е е повратна
 
Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
дали некој ловел риба на лефкада кај агиос никитас, да пренеси искуства дали можи да се лови и дали има риба
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Некој да предложи сместување во Агиос Никитас?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
За смештај на лице место се наоѓа ли нешто во Василики, цена и слично, да споредам зашто по агенцииве е све скоро зафатено
 
Kajgana Shop

На врв Bottom