Гледам се објаснувате за Кипар, па ајде и јас да помогнам на сите што ќе одат со едно реално мислење.
Бевме сместени во Роуз Гарден, аранжманот ме кошташе 230 евра (авион со вклучени такси и 10 ноќевања) = смешно! Сумата е смешна, да бидеме реални за она што се добива. Базенот е топ.
Апартманите беа повеќе од солидни, на 2 нивоа, чисти, мењаваа пешкири и постелнини на 3 дена т.е 2 пати за целиот престој.
Најблиска продавница е на 5 минути пешки, цени поскапи од кај нас. 2.5литра кока кола/спрајт/миринда = 4.5лири т.е. околу 2 евра, што и не е многу. Вода 5литра = 2.5лири, кашкавал пола кило = 8лири... за оние што планираат да доручкуваат по дома.
1 евро ќе ви мењаат за 2.15 лири, 2.20 во Гирне максимум.
Најблиска плажа до апартманите е Сансет, е сега пешки е на 15ина минути, влез се плаќа 10лири (го сменија додека бевме ние таму). Е сега ние се исценкавме или барем мислевме дека се исценкавме да јадеме и пиеме таму и да не плаќаме влез.
Плажа нема, платформа е. Одиш по мостче и се спушташ у вода. Морето милина, топло и многу солено.
Цени во барот, 5 евра за хамбургер, стек, омлет... Хамбургер поевтин од 5 евра не најдовме, гиро у Гирне само начекавме = 8 лири. (4 евра)
Парите ни отидоа на превоз и на јадење, друго ништо.
Самиот остров нуди многу малце, зборам за Турскиов дел.
Од агенцијата бевме задоволни, дека смештајот и патот т.е. се што ветија - остварија.
Очекувавме повеќе од Кипар ко дестинација. Искрено луѓе пустелија е, нема што да се види.
Скапи ни беа турите од агенцијата, па земавме рент-а-кар. 3 дена = 75 евра.
Го прошетавме целиот остров, бевме и на Карпаз и во Фамагуста и на Голден бич, и на Алагади и во Никозија.
Да ги опишувам? Ај на кратко...
1. Голден бич, најубавата плажа нели што ја фалат најмногу. Џенем е, на околу 100 и нешто километри од Гирне, песочна нормална плажа. Таа е најубавата. Луѓе нема, пошо е џенем, нормално. 10 души бевме на километарски долга плажа. По патот натака ќе ги видите дивите магариња, нели тие ги фураат за симбол на островот.
2. Никозија, тиква. Трговски центар не најдовме. Ко нашава турска чаршија, али 10 пати помала
Не е интересно тоа за нас, имаме и ние нешто такво
Друго нешто во Никозија не најдовме... Трговски баравме, прашувавме, во турист инфо прашавме, не пратија на една улица кај што имало “марки“ (јаки продавници). Најк, адидас, котон, пума и конверс мислам.... толку.
Разочарани од Никозија, ептен.
Најголемо разочарување за мене се плажите... Немаат плажи. Хотелите само имаат плажи, а се плаќаат.
Иста плажа од една страна е Денизкизи, од друга страна е Голден Беј. На Денизкизи е 10лири, на Голден Беј е 5лири влез. Смешки у боја... А истата плажа е уствари. Таа е најок плажа од овие достапниве, со понормални цени. Не дадовме 15лири за на Ескејп. Не ни се даваа, пошо не можеше да биде кујзнае што. Боље дајте ги парите за на Акапулко, имате огромен тобоган и базени.
Бевме на Алагади, плажа на желките. Имвме среќа да видиме некои Енглези што беа од некое здружение, па ги откопуваа желчињата, па видовме некое желче
Мар-е-монте плажата, бесплатна плажа, ама каква... Гз преку глава, катастрофа у боја. Еднаш бевме и никад више.
Ако решите да одите, не се симнувајте горе на главниот пат, пошо ќе пешачите 2км надоле до плажата. Ценкајте се!
Бевме и у диско, у Ice. Бар мислам дека бевме у Ајс. Пиво 10 лири, вода мала 5 лири.
Пиво на плажа, ефес е околу 5 лири.
Оброк под 10 лири, нема.
У принцип имаме погрешна претстава за Кипар ние. У старт очекуваме повеќе. Може вода да и носи на грчка, со плажи, цени и све остало...
Искрено тие што беа у поскапи хотели, се зезнаа. За тие пари ќе отидеш на каде каде подобри туристички места.
Pohovan Trosed,
се надевам не беше у “големото друштво“ со копитата од Куманово, “докторе, докторе“ и со остала багра. Галамеа ко куртони до ниедно време у тревникот кај апартманиве, се дереа на плажа... брука. Јагнешко и смедеревка + дезодоранси работава... Да ти е срам што си македонец.
Пред да одам налетав на коментар од еден енглез дека ко да застанало времето кај нив у 1975... Не знам како било у 75та, али сигурно не се у 2012.
Саатот им е еден саат напред, ама која е годината проценете сами : )))
Се надевам ќе помогне коментаров на некој...
Секое добро и уживајте.