Летно сметање на времето (Daylight Saving)

Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Ја отварам оваа тема по повод новите регулации кои се спремаат во Европа, да видиме какво е мислењето во МК како идна членка на ЕУ. Имено како што знаете во многу земји во светот, се користи т.н летно сметање на времето, кое што почнува во последната недела во Март (или втората недела во Март) и завршува во последната недела во Октомври ( или првата недела од Ноември). Е сега се спрема нова регулатива, која јас мислев дека служи да се укине Летното сметање, но денеска прочитав во некој од нашите портали, дека не служела за укинување туку за присвојување, имено ако се укине летното сметање ќе се користи зимското или стандардното сметање на времето (ГМТ+1), но со присвојувањето на летното сметање на времето цела Европа ќе заврши во временската зона ГМТ+2, која се користи моментално во Грција и Бугарија. Нз од каде им е оваа идеја но се чини доста лоша, јас сум за укинување на летното сметање, но не и за целосно негово користење. Koj е вашиот став?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Предлогото во европа е да ова време што е сега остани да се користи и во зима, одностно да не ги враќаме часовниците во октомври. Но тоа не значи дека ќе се израмниме со бугарија и грција. Тие исто треба да останат на ова време. АКо предлогот се усвои во ЕУ ние по автоматизам ќе го прифатиме и се ќе си остани во европа како што е моментално а и во продолжение на исток затоа што русија веќе потврди дека не се враќа на зимско време.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Дека фаќа депресија кога се мења саатот - фаќа. Ама зимно време кога би се разденувало кај нас со летно сметање, во 7:30?
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Сум за летно сметање на времето, од причина што многу депресивно ми делува почнувањето на ноќта уште во 16 часот. Проблем ќе биде утрото, но барем изгрејсонцето ќе го гледаме почесто (освен загадените места, заради маглата).
Од економска гледна точка, повеќе ќе се штеди на струјата.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
За разденувањето правам муабет. Со зимно сметање на времето, декември таму се разденува околу 6:45. Се стемнува во 16. Ако го оставиме летно во 7 ке биде темничиште :)
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Природно ми делува да се користи Стандардното време, зимското, тоа со летното сметање е глупост воведена од Германците. Останува да видеме како остатокот од светот ќе изреагира, пред се САД, таму само во Аризона не се користи летно сметање.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Отсекогаш било глупост ова. Нека го укинат тоа, и нека си остане нормалното зимско сметање. А бидејки ние ја следиме ЕУ, тогаш и ние ќе смениме, поточно вратиме како што е природно, така што :bravobe:
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Нели ние бевме само со ова што сега го викаме зимско време?
Ништо страшно без мењање! Напротив, имаш поголем осет за годишните времиња, веќе кога природата ни дала таков луксуз.
ова со мењањето на времето, мене ми личеше на проба како кај кокошките несилки во фармите:(
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Нели ние бевме само со ова што сега го викаме зимско време?
Ништо страшно без мењање! Напротив, имаш поголем осет за годишните времиња, веќе кога природата ни дала таков луксуз.
ова со мењањето на времето, мене ми личеше на проба како кај кокошките несилки во фармите:(
102 год проба до сега, мала пробава...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ние би било добро и зоната да ја смениме. Грција на пример е зона од нас +1, а има западни делови од територијата кои се многу позападно од нашите, што би рекло подоцна се разденува, а е саат пред нас. И ако донесат одлука (овие шо ни кажуваат кога у вц да одиме) да не се менува, би имале порационална искористеност на светлите часови. На пример, летно време кога денот е долг, изгрејсонцето е пред 5 наутро. Тоа значи дека до почеток на работно време "се губат" 2-3 саати. Во зима, веројатно ноќе би оделе на работа, што е малку заебано психолошки, ама би имале светли саати после работа, што мене зимно време некако ми фалат.

102 год проба до сега, мала пробава...
Не е кај нас 102 години.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Добро еве кај нас,
Observed DST in 1941–1945 and since 1983 when it was part of the
Socialist Federal Republic of Yugoslavia.
35 год, не е малку...
За тебе
За мене останува проблем. Јас израснав во период без мењање време. Може тука лежи и одговорот зошто сум против разчично сметање на времето.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Во ред тоа, не реков не сум за да биди едно време туку дека според мене подобро е летново.
Е сега зошто, затоа што ако за некои е лошо да зимно време подоцна се разденува сепак за саат време се разденува но пак одручек според мене многу подобро е да подоцна се стемнува.
Немој да ми кажете дека подобро е да почниш денски а кога завршиш со работата дирек темница ви одговара... Не одат сите од 6-14 на работа, што правиме со тие од 8-16. Се враќаш од работа темница... саат саат многу е подобро да имаш бар саат време да завршиш нешто на дневна светлина од колку стануваш на сабајле - на работа на сијалица - се вракаш дома - сијалица...

За менување на зоната, не знам, можеби ... но сепак се сремиме кон европа зошто не би имале исто време со нив, ЕУ 80% е исто зона со нас, сите наши „нови печалбари“ се во таа ЕУ, со новиве средства за комуникација верувајте е полесно да бидиш исто време со твоите во ЕУ, исто да не забораваме дека комуникацијата на МК со север/запад е далеку поголема од колку со југ/исток, овде мислам на сите кои дневна база имаат што приватно што бизнис или слично контакт со србија и косово (албанија) од колку со грција / бугарија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom