Летна олимпијада - Париз 2024

Член од
22 мај 2024
Мислења
34
Поени од реакции
41
Летните олимписки игри 2024 се претстојниот меѓународен мулти-спортски настан кој треба да се одржи од 26 јули до 11 август 2024 година во Франција, додека некои турнири како фудбалот почнуваат на 24 јули. Париз е главниот град домаќин, со настани што се одржуваат во 16 други градови распространети низ Митрополитот Франција, плус една локација на Тахити - остров во француската прекуморска земја и прекуокеански колектив на Француска Полинезија.

Церемонијата на отворање на игрите е предвидено да се одржи на 26 јули 2024 година во Париз, со почеток во 19:30 часот по локално, па и по наше време. Како што е наложено со Олимписката повелба, постапката ќе опфати уметничка програма која ќе ја прикаже културата на земјата и градот домаќин, парадата на спортистите и осветлувањето на олимпискиот котел. Игрите официјално ќе ги отвори претседателот на Франција, Емануел Макрон. Парадата на нациите, за време на која 10.500 спортисти учесници ќе маршираат категоризирани по делегација, ќе се одржи на Сена, а други церемонијални настани ќе се одржат во Jardins du Trocadéro. Жералд Дарманин, министерот за внатрешни работи, процени дека ќе бидат потребни 25.000 безбедносни агенти и дека околу 35.000 полицајци ќе бидат распоредени на церемонијата на отворање.
Мрт повторно ќе биде главен broadcaster во Македонија, ама сепак знаејќи не нас и нашиот буџет, сепак ќе треба да ги следиме на Eurosport.

Македонија засега има само 5 претставници, по еден во: Атлетика-Дарио Ивановски
Џудо-Еди Шерифовски
Стрелаштво-Анастасија Мојсовска
Таеквондо-Миљана Рељиќ
Борење-Владимир Егоров
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.693
Поени од реакции
3.842
Шести олимписки по ред Америка vs Кина.
2008 Кинезите како домаќини ги поквасија само , лани за едно злато повеќе САД.
Овие мислам Американците поубедливо ќе ги надјачаат , 40+ злата ко ништо.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.481
Поени од реакции
5.980
Најголем бед што ја нема Аргентина во кошарка, Бразил се протна некако,САД се нормално ултрафаворити, штета најзабавната репка на светот нема да игра на ОИ. Од останати Германија е во страшен подем а и Шпанија е тука некаде, Канада после бронзата на СП не е за потценување, Србија и Франција го заокружуваат кругот на борба за медали.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom