Лектири

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
„Чекајќи го Годо“ ние никад не ја читавме. Гадовите! :(
ЕДИТ

НИ ОВАА НЕ НИ ЈА ДАДОА ГАДОВИТЕ.


Како бе Корчагин ваква сакатена програма маме и ебам.
Чекајќи го Годо-единствено дело кое го имам прочитано у моја 4годишна средношколска кариера....дефинитивно останав без зборови
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Факт е дека љубовта кон книгата се стекнува на час по македонски јазик уште во прво-второ одделение со помош на задолжителните лектири и книги за обработка.

Мислите ли дека сегашниве лектири се добро усогласени со возраста на учениците?
Најбанален пример е „Малиот принц“ која беше ставена за 3то или 4то одделение не се сеќавам, ништо не разбрав од книгата тогаш и се чудев зошто ја спомнуваат како добра книга возрасните, мене ми беше максимално глупава... :(
Хм... Да, значи како знаат да стават лектира во погрешно време, тоа е чудо едно...
Многу е добар примеров со „Малиот Принц“. Мислав дека бев 4то кога ни беше за лектира и ми беше изузетно одвратна и одбивна.
Не знам кај им бил на паметот кога ја правеле програмата за лектири.
Или можеби само прочитале наслов Малиот Принц, па си викаат - Ај изгледа нешто во книгава се спомињаат принцови, па уште и мали...таман за деца од 4то одделение. :tapp:
Се напнав еј!:nerv:

Кои лектири досега ви оставиле најголем впечаток и со задоволство сте ги читале и раскажувале, а кои ви биле досадни
Дефинитвно во основно најомилени ми беа: “Улави Години“ и “Марта“ (а имаше и други интересни, ама не ми текнува, одамна беше:)) А во средно добар впечаток ми оставија: “Хамлет“,“Клетници“,“Сид“,“Кандид“...хм... не ми текнува сега...ќе направам едит подоцна.
А најомразени дефинитвно ми беа: “Дон Кихот“,“Шагринска кожа“.

Ја препишувате ли раскажаната фабула од постари другари или пак самите си ја раскажувате книгата?
.По каков метод се обработуваат лектирите на часови кај вас?
Кај нас е класично, станува ученик и раскажува се што читал, некаде го читаат само раскажаниот текст од тетратка, некаде прават критички осврт на книгата. Што е најефикасно според вас?
Кај нас на час ги обработувавме, јас преферирав да ги читам самата, освен ако не ми беа премногу одбивни и досадни за читање.
Според мене најубаво е кога се прави критички осврт или можеби кога се дискутира за некоја тема од книгата. Највеќе тоа ми оставило впечаток. Дискусиите.

Сте ги купувале ли книгите, скапи се или прилагодени на денешниве стандарди?
Речиси сите сум ги купила. Едноставно сметам дека со тоа си ја збогатувам колекцијата книги дома т.е домашната библиотека, иако се малку солени, не ми пречи...
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Мене повеќето од лектирите ми биле глупави,затоа што не се усогласени со возраста...
Единствено онака што сум ги читала до крај,во еден ден биле:Мери Попинс,Двојната Лота,Крвава македонска свадба,Марта итн итн...
А најдосадна ми беше Чорбаџи Теодос.Книгава можда е добра и све тоа али е премногу досадна...
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Мене повеќето од лектирите ми биле глупави,затоа што не се усогласени со возраста...
Де, де. Можеби погрешно одбраната книга не е глупиот фактор во равенката? :)
За една курва у седмо што се фука со вагабонти, каде каде е усогласено со возраста, особено со својата политички деликатна и коректна порака. Не се фукај со вагабонти ако имаш деди ишјус.
 

zoko

tralalalla
Член од
12 јуни 2006
Мислења
80
Поени од реакции
0
„Чекајќи го Годо“ ние никад не ја читавме. Гадовите! :(
ЕДИТ

НИ ОВАА НЕ НИ ЈА ДАДОА ГАДОВИТЕ.


Како бе Корчагин ваква сакатена програма маме и ебам.
zavisi koj ti predava
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
ние иаме лектири и дела за обработка. од прва па до сеа (4та) имам прочитано негде 90% од книгите а лектирите скоро сите(не дека се фалам нешо) и ретко, многу ретко да некоја да ми остави посебен впечаток. во една обработка на лектира напишав “Ловец(Игра) во `ржта“ - дефинитивно најдобрата лектира што сум ја читал, и останувам на тоа мислење. би ја издвоил и “Авантурите на Артур Гордон Пим“, а ако ми текне некоја у меѓувеме ќе напрам едит
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
„Чекајќи го Годо“ ние никад не ја читавме. Гадовите! :(
Ние требаше да ја обработуваме ама ни ја заменија со „Црнила“ од Коле Чашуле зашто оваа втората влегувала во програмата за државна матура, а „Чекајќи го Годо“ не. :(
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ние требаше да ја обработуваме ама ни ја заменија со „Црнила“ од Коле Чашуле зашто оваа втората влегувала во програмата за државна матура, а „Чекајќи го Годо“ не. :(
Јас ги обработував и двете.:)

Искрено толку многу имав за читање во средно што веќе не знам дали можам да ги набројам сите дела. Во основно имав три различни наставнички кои бараа постојано нешто различно, повеќе внимание обрнуваа на граматиката отколку на делата. Ама во средно ни се случуваше да обработуваме и по 2 дела неделно (класна ми беше па класниот час го заменувавме со македонски). Искрено не решаваше ккога ќе имавме дело или лектира за обработка. Почнуваше со усно раскажување и ама баш секој успеваше да го праша. Потоа ликови, па тема, па скриена порака... Ама среќа за оние кои не читаа па знаеа до детал што се случило кога ќе почнеше да испрашува или ќе дадеше тест.

Проблемот е во наставната програма и се надевам дека повторно ќе ги усогласат лектирите. Постојат деца кои сакаат да читаат ама секогаш ќе постојат и оние што не сакаат. Проблемот на кој навистина треба да обрнат внимание е дали може да се најдат тие лектири и дела. Ние навистина имавме проблем во средно кога имаше само 4 примерока од таа книга. Кој стигнал да ја земе се снашол, другите баравме по комшии, по книжари, се зачленувавме во други библиотеки..
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Мене ми е сега криво што се правев курназ и не ги исчитав сите лектири и книги за обработка во средно,а и некогаш едноставно беа многу тешки за наоѓање...Како и да е професорката имаше некоја позивна предрасуда кон мене и мислеше дека сум ги прочитала. И сите мислеа.:) Начинот на обработка беше за жал класичен, прераскажување на делото, а мене повеќе ми се допаѓаше пристапот според кој ние се изјаснуваме за суштината, идеата и ликовите во делото...Тука се одеше по шема.Професорката поставува ,,демократско прашање‘‘ од типот: што мислите како требаше да постапи дотичниот лик во конкретната ситуација...и откако ние ќе го искажевме нашиот демократски став следуваше реплика дека не сме во право и во центарот на дискусијата беше професорката со нејзиниот став за тоа што е точно а што не е. Значи едноставно не постоеше простор за дискусија. Инаку и јас мислам дека во средно не трупаат со толку дела и лектири што едноставно не е возможно сите да ги исчиташ и неретко не се прилагодени според возраста. Уште не ми е јасно зошто најтешките дела ги обработувавме во прва година, а потоа следеа се полесни и полесни.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Имам закон професорка по Македонски јазик. Ги имам прочитано сите лектири, сите дела и еден куп книги што таа ни ги има препорачано.
Програмата за средно образование (не се сеќавам за основно) е толку многу скратена и безвезна:( Пред 10 години се читала Војна и мир, ние ја читавме Смртта на Иван Илич. Не, не дека не чини вторава, ама не се става на кантар, смешно е:)
Многу лектири ми оставиле огромен впечаток, сепак мислам дека Сто години осаменост од Маркес која ќе ја работиме како прва лектира второ полугодие е една од оние што најмногу допреа до мене.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Многу лектири ми оставиле огромен впечаток, сепак мислам дека Сто години осаменост од Маркес која ќе ја работиме како прва лектира второ полугодие е една од оние што најмногу допреа до мене.
Леле ја обожавав книгата.Оваа и мене ми беше омилена.:smir:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Чекајќи го Годо-единствено дело кое го имам прочитано у моја 4годишна средношколска кариера....дефинитивно останав без зборови
Ние треба да ја работиме во четврта ... али апсурд ... аххх ... :smiz:
И Демијан е прекрасна ... тоа е мојата единствена љубов!
А треба четврта да ја чекам за да ги работиме ... пффф.:aham:
 

Sasence

V.I.P-very important princess
Член од
21 ноември 2005
Мислења
154
Поени од реакции
1
во основно -Втора смена и Исти очи + Марта и Поезијата на Петре М Андреевски
во средно -Цар Едип,Страданието на младиот Вертер
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Факт е дека љубовта кон книгата се стекнува на час по македонски јазик уште во прво-второ одделение со помош на задолжителните лектири и книги за обработка.

Мислите ли дека сегашниве лектири се добро усогласени со возраста на учениците?
Најбанален пример е „Малиот принц“ која беше ставена за 3то или 4то одделение не се сеќавам, ништо не разбрав од книгата тогаш и се чудев зошто ја спомнуваат како добра книга возрасните, мене ми беше максимално глупава... :(
Не, не мислам. Учениците читаат голем број ешки книги кои прво, не можат да ги дочитаат, а второ и да ги дочитаат не можат да ги сфатат. То мора некако да се среди. Добар ти е примерот со „Малиот принц“.
И јас не ја сфаќав тогаш ко ми беше дадена за леткира, а после неколку години ко ја прочитав ми беше многу уба.

Кои лектири досега ви оставиле најголем впечаток и со задоволство сте ги читале и раскажувале, а кои ви биле досадни?
Од прво до осмо, ептен ми оставија впечаток: Пајажината на Клементина, Исти очи, Двојната лота, Втората смена, Големи и мали..Знам и други беа ама во моментот не ми текнуват.
Од средно, „Едип“, „Црнила“, „Чекајќи го Годо“, „Клетници“..и многу други.

Ја препишувате ли раскажаната фабула од постари другари или пак самите си ја раскажувате книгата?
:)
Секогаш, ама секогаш двете со брачеда ми ги раскажвавме сами лектирите, никогаш не сме препишвале. Во средно не ни бараја да ги раскажваме лектирите, ама јас си праев кратка содржина за да не се изгубам покасно.

По каков метод се обработуваат лектирите на часови кај вас?
Кај нас е класично, станува ученик и раскажува се што читал, некаде го читаат само раскажаниот текст од тетратка, некаде прават критички осврт на книгата. Што е најефикасно според вас?
Во основно стандардно..Читавме од то шо го имаме раскажано..Додека во средно, станвавме, секој ученик се јавуваше за едно делче, па откако ќе се раскажеше лектирата, правевме критички осврт, анализи на ликовите итн..

Сте ги купувале ли книгите, скапи се или прилагодени на денешниве стандарди?
Од прво до осмо го имав купено комплетот, ама ич не ми текнува колку одеа цените, знам не беа многу скапи. А од средно па наваму, од библиотека.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Не може да се очекува во секоја лектира уметнички вредности гледани од денешен аспект. Станува збор за класици, од историско значење за литературата како уметност. Токму, затоа се обработуваат хронолошки. И токму затоа треба да се читаат, затоа што се од суштинско значење за конкретниот литературен правец. Пред се‘, целта е изучување на литературата.

Програмата за средно образование (не се сеќавам за основно) е толку многу скратена и безвезна:(
Да, баш така. Го укинаа Гете со ,,Фауст‘‘, Селимовиќ со ,,Дервишот и смртта‘‘ . Скотови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom